3Герасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ХороскопДневен хороскоп за 6. мај 2022 годинаДневен хороскоп за петок, 6. мај 2022 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени. Кариера Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна. Здравје и совет Ви недостига трпение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин. Кариера Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Здравје и совет Редовно опуштајте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна. Кариера Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа. Здравје и совет Немате грижи. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател. Здравје и совет Останете будни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности. Кариера Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин. Здравје и совет Немир и незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите. Кариера Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања. Здравје и совет Некој нема да ви се допадне . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор. Кариера Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден. Здравје и совет Легнете да спиете на време. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате. Кариера Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој. Здравје и совет И натаму сте одлично. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив. Кариера Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост. Здравје и совет Вежбајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво. Кариера Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате. Здравје и совет Бидете што е можно поразумни. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете. Кариера Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате. Кариера веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот. Здравје и совет Штедете го грлото и гласните жици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин ВикВо рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура. Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Се огласија сирени во два полски града, затворени и аеродромитеПолска привремено затвори два аеродрома поради воени дејствија на руските воздухопловни сили во соседна Украина. Пријавени се експлозии во близина на полско-украинската граница. Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека активностите во воздушниот простор се поврзани со руските напади со беспилотни летала во Украина, пренесува LBC. Украински претставник потврди дека за време на денешниот руски напад со беспилотни летала, се слушнале експлозии на неколку километри од границата со Полска, која е членка на НАТО. Во Жешов и Лублин, во источниот дел на земјата, се огласија сирените за воздушна опасност, а граѓаните беа предупредени да побараат засолниште. Lublin 11:50 słychać syreny alarmowe Ludzie mają chill https://t.co/YLjOXJh7xw — Agatha💃🏼🐙 (@GabrielaCat1191) September 17, 2026 „Копнените системи за противвоздушна одбрана и системите за радарски надзор се во состојба на целосна готовност“, соопштија Полските вооружени сили. Од командата додадоа дека станува збор за превентивни мерки насочени кон обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што граничат со загрозените региони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГерасимовски: Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површиниИнспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. „Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните. Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter