Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
1Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил
ХороскопДневен хороскоп за 6. јуни 2023 годинаДневен хороскоп за вторник, 6. јуни 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте. Кариера Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија. Здравје Радувајте ѝ се на иднината. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите. Кариера Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат. Здравје Веќе не сакате да ве искористуваат. Лав 23.7-22.8. Љубов Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето. Кариера Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода. Здравје Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Кариера Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој. Здравје Слабост и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот. Кариера Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист. Здравје Вежбајте за да зајакнете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат. Кариера Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало. Здравје Движете се што повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност. Кариера Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа. Здравје Движете се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Кариера Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Здравје Јадете помалку и патувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Кариера Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Здравје Не останувајте сами дома, излезете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж. Кариера Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно. Здравје Останете свои. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни. Кариера Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате. Здравје Внимавајте на вируси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде. Кариера Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново. Здравје Верувајте во себеси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамилЛек против канцер или измама за илјадници евра? Додека семејствата на тешко болните се бореле за животот на своите најблиски, 47 годишник од Велес на десетици семејства им нудел спас преку наводна „кубанска вакцина“, која тврдел дека ја набавувал во Белград. Сторијата ја објави Слободен печат, а според информациите од жртвите, тој за една доза наплаќал по 3.200 евра и инститирал да ги дава во нивните домови. Канал 5 стапи во контакт со дел од семејствата кои ги пренесоа своите потресни сведоштва. Една од нив е Елена Ангелова, која живее во Ирска, чиј 48 годишен сопруг починал пред една недела од канцер. Сега починатиот примил 5 дози од наводната вакцина.. -Отидовме за една вакцина само, зошто немавме финансии за повеќе, а и за таа една вакцина, нашите дечиња ги дадоа нивните пари што си ги штедеа дадени од нивните баби и дедовци, ги донесоа сите пари еве мамо за да го спасиме тато. Баравме донација, јавна донација. Ни ја зема последната надеж и не раздели последните четири месеци кои можевме да ги поминеме заедно, им го одзема таткото на четири месеци, неговиот пат тргна надолу, секој ден беше се полошо и полошо.. Елена Ангелова – Сопруга на лице починато од канцер. Сличен случај е семесјтвото на Трајче Димитров од Кавадарци. Тој парите за вакцината за својата мајка ги дал на бензиска пумпа и добил уверување дека истата ја примале доктори и политичари. Успеал да го земе шприцот од велешанецот и заедно со целата документација го испратил во Белград. -Ја чував кај мене, некој месец, и потоа со другите документи што ги имав во мене, бидејќи се сомневав подолго време дека станува збор за кубанска болница во Белград, ги пратив сите анализи, сите документи од мојата мајка, добив документи дека мојата мајка не се лечела во таа болница, во никој систем во болницата таа таму не постои. - Трајче Димитриов – Син на лице заболено од канцер. Други пак на целата мака, велат не наседнале на т.н. вакцини. Се посомневале кога велешанецот бил упорен за пари и како што велат, излажал дека отпатувал во Белград. Канал 5 стапи во контакт и со 47 годишниот велешанец со иницијали М.А. кој ги аплицирал вакцините.. Тој не сакаше да говори многу, но уверува дека станувало збор за измама. Автентична е вакцината, не е точно дека е физиолошки раствор и тоа ќе се докаже. Направен е претрес кај мене, ништо не е најдено. Друго не можам да ви кажам, бидејќи се е во обвинителството. Полицијата направила претсрес во неговиот дом, по пријава на дел од жртвите.. Му го одзеле телефонот и е предаден на вештачње.. За случајот инфориран е јавен обвинтел, кој ги чека резултатите од полициската истрага. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа на Општина КавадарциЗначаен чекор кон зачувувањето на историјата и споменот за Димката Ангелов Габерот.Внуците на Димката Ангелов Габерот ја отстапуваат неговата родна куќа во село Ваташа, во непосредна близина на Спомен куќата на Страшо Пинџур, на Општина Кавадарци. Овој благороден гест претставува исклучително важен момент за историјата на село Ваташа и Кавадарци, но и чин на исправување на долгогодишната историска неправда кон Димката Ангелов Габерот, чиј лик и дело заслужуваат достојно место во нашата колективна меморија. Во наредниот период се предвидува соодветна реконструкција и уредување на објектот, со заложба родната куќа на Габерот да прерасне во спомен куќа, која ќе сведочи за неговиот живот, дело и придонес во македонската историја. Со оваа иницијатива, село Ваташа добива можност за уште едно значајно историско обележје, а идните генерации место каде што ќе можат да се запознаат со минатото и со луѓето кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода. Историјата не смее да биде заборавена, а делата на нашите херои заслужуваат вечна почит и достоинствено сеќавање, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаЦелосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во ИлинденОпштина Илинден целосно го реконструираше мултинаменското спортско игралиште во населба Илинден, при ПООУ „Гоце Делчев“, со што е создаден современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.Во рамки на реконструкцијата поставена е нова подлога од ПП плочки, наменета за играње кошарка и фудбал, четири нови метални кошаркарски обрачи со мрежи, како и нова пластифицирана и заштитна јутена мрежа од коноп. Дополнително, околу спортското игралиште е заменета заштитната ограда, со што е обезбедена поголема сигурност, подобра заштита на спортскиот простор и дополнително унапредување на неговата функционалност. Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека со целосната реконструкција, некогашниот спортски терен е трансформиран во модерен и уреден спортско-рекреативен простор, кој ќе им овозможи на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, како и на сите граѓани, квалитетни услови за спортување, физичка активност и активно поминување на слободното време. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во уредување и осовременување на јавните простори, со посебен акцент на создавање безбедна, современа и функционална средина за целата локална заедница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter