ХороскопДневен хороскоп за 6. јули 2024 година Дневен хороскоп за сабота, 6. јули 2024 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Овен 21.3-20.4. Љубов вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРусија го нападна Киев со балистички ракети по заминувањето на американските преговарачи (ВИДЕО)Русија ги продолжи воздушните напади врз украинскиот главен град Киев рано утрово, кратко откако американските мировни преговарачи заминаа.Русија ги продолжи воздушните напади врз украинскиот главен град Киев рано утрово, кратко откако американските мировни преговарачи заминаа, погодувајќи го градот со балистички ракети и ранувајќи шест лица, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. ❗️The moment Russian ballistic missiles struck Kyiv. Fires have broken out across multiple parts of the Ukrainian capital following the attack. People have been injured. Witkoff and Kushner have barely left Ukraine. The message from Moscow is pretty clear now. pic.twitter.com/mRbCaF9Jus — Maria Drutska 🇺🇦 (@maria_drutska) September 8, 2026 Неколку луѓе беа заробени во погодена станбена зграда, а пожари избувнаа низ Киев, изјави Кличко на апликацијата за пораки Телеграм, по она што тој го нарече руски напади со балистички ракети. Петкатна и трикатна зграда беа оштетени од паѓање остатоци, соопшти воената администрација на Киев одделно на Телеграм, повикувајќи ги луѓето да побараат засолниште. Kyiv. This is how russian ballistic missiles rained down on the capital today — a city of more than 3 million people. russia is a terrorist state. Enough pretending you don’t see it. pic.twitter.com/3kAFBrOUb9 — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 8, 2026 Додека во Киев се слушаа експлозии, соседна Полска, членка на НАТО и Европската Унија, започна воени воздушни операции за заштита на својот воздушен простор, соопштија нејзините вооружени сили на X. Тричасовни разговори Администрацијата на Трамп ги обнови своите напори за ставање крај на 4,5-годишната војна на Русија во Украина, но Русија ги продолжи нападите откако американските мировни пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф заминаа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата. Тие пристигнаа во Киев од разговорите во Москва, по што Кремљ соопшти дека не ја исклучува можноста за продолжување на трилатералните разговори. Во Русија, украинските беспилотни летала оштетија цивилна инфраструктура и повредија луѓе во градот Саратов на реката Волга, околу 730 км југоисточно од Москва, според регионалниот гувернер. Во областа се наоѓа голема рафинерија за нафта управувана од државната нафтена компанија Роснефт, како и голем број други индустриски и воени објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид ГетаПосетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“. Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници. На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување. Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12