3Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
ХороскопДневен хороскоп за 6. јули 2023 годинаДневен хороскоп за четврток, 6. јули 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за финансии објави Проспект за нова Граѓанска обврзницаМинистерството за финансии денеска објави Проспект за издавање нова емисија Граѓански обврзници. Станува збор за четврта емисија Граѓански обврзници коишто ќе бидат со рок на доспевање 2 години и каматна стапка од 4,6% годишно. Граѓаските обврзници може да се запишат во филијалите на деловните банки во земјава до 1 декември 2026 година и да учествуваат на аукцијата која е закажана за 3 декември 2026 година. Миниманиот износ што граѓаните може да го запишат е 10.000 денари, односно една граѓанска обврзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2029 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2028 и за втората година на 11 декември 2029 година. Министерството за финансии досега има издадено три емисии Граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост. Линк до објавениот Проспект: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/prospekt-aukcija-na-drzavni-xartii-od-vrednost-file-0ib9.pdfТагови: Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаЈанев на средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и IPASДенеска (18.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари средба со претставници на Амбасадата на Обединетото Кралство и на Меѓународната служба за полициска помош (IPAS) на Обединетото Кралство.На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната успешна соработка меѓу двете држави, како и подготвеност за нејзино продолжување и натамошно интензивирање во областа на безбедноста и полициското работење. Во таа насока, беше истакнато дека се одржани повеќе работни состаноци со претставници на релевантните организациски единици во рамки на Министерството, со цел унапредување на меѓусебната координација, идентификување на приоритетите и реализација на конкретни заеднички активности. Двете страни ја потврдија подготвеноста за продолжување и продлабочување на партнерската соработка, со посебен акцент на реализација на конкретни заеднички активности во областа на безбедноста и полициското работење.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавувањеНастанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС.По повод Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз децата, денеска во Собранието се одржа настанот насловен „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС. Целта на проектот е воспоставување одржлив и интегриран национален систем за заштита на децата и младите во дигиталната средина, преку унапредување на постојните механизми за помош, советување и пријавување штетни и незаконски содржини на интернет. Настанот го отвори пратеничката и претседателка на Клубот на жени пратенички во Собранието, Јованка Тренчевска, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста од подигнување на јавната свест за ова исклучително значајно прашање. Таа се осврна и на Предлог-законот за заштита на малолетните лица при користење дигитални услуги и социјални мрежи, кој во моментов е во собраниска процедура. Гонце Јаковлеска, претставничка на Цивика мобилитас, истакна дека нивниот фокус во овој период е премин од дијалог кон конкретни постигнувања. Таа нагласи дека веќе постојат истражувања и податоци кои ја потврдуваат сериозноста на проблемот и дека преку вакви иницијативи се очекува да се придонесе кон промени и воспоставување соодветни механизми за заштита. Претседателката на ИМПЕТУС, Лилјана Пецова Илиеска, ја истакна улогата на организацијата во поддршката на младите, особено како поврзувачка точка меѓу граѓаните и институциите. Таа посочи дека граѓаните можат да се обратат до ИМПЕТУС за проблемите со кои се соочуваат на дигиталните платформи и да добијат соодветна консултација и насоки за понатамошно постапување. Меѓу клучните предизвици што ги посочи беа сложеноста на механизмите за пријавување проблеми на дигиталните платформи, недоволната информираност за постојните механизми, како и поврзаноста меѓу заканите во дигиталниот простор и последиците во реалниот живот. Директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Жарко Змијанац, нагласи дека основната улога на организацијата е застапување на правата и потребите на децата, поради што е неопходно да се изнајдат функционални механизми и соодветни форми на заштита. Тој посочи дека, само 0,2 проценти од постојните случаи се пријавени на СОС-линијата, што укажува на сериозен проблем со недоволната доверба кај младите и нивната информираност за тоа каде и кому можат да се обратат. Како еден од приоритетите ја истакна потребата од унапредување на платформата „Ало Бушавко“ и линијата 116 - 111, со цел нивно зајакнување како доверливи контакт-точки преку кои децата и младите ќе можат да пријават различни форми на насилство и да добијат соодветна поддршка. Во продолжение следеше онлајн презентација на Клои Комсток од Меѓународната мрежа на линии за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца – INHOPE, на тема „Како функционираат линиите за пријавување и меѓународната соработка“. Презентацијата ги опфати функционирањето на овие механизми, нивната улога во откривањето и пријавувањето незаконски содржини, како и значењето на меѓународната соработка. Во рамки на понатамошната дискусија беа опфатени улогите и надлежностите на клучните институции во процесот „Од пријава до институционално постапување“, со посебен осврт на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и институциите надлежни за заштита на децата. Беше разгледана и судската перспектива во постапувањето по предмети поврзани со материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), при што беше истакнато значењето на навременото пријавување и зачувувањето на доказите. Како клучни заклучоци од настанот беа издвоени: Подготовка на нацрт-модел за воспоставување национална линија за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), кој ќе биде доставен до надлежните институции; Зајакнување на капацитетите на институциите и стручните служби преку специјализирани обуки; Унапредување на координацијата и соработката меѓу институциите и граѓанските организации; Подобрување на информираноста и довербата кај децата и младите во постојните механизми за пријавување и поддршка; Зајакнување на стручните служби во образованието во препознавањето и соодветното постапување во случаи на насилство и злоупотреба. Настанот ја потврди потребата од координиран пристап, функционални механизми за пријавување и институционална подготвеност, со цел секое дете да има пристап до навремена, доверлива и соодветна заштита, како во дигиталната, така и во реалната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook