Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ХороскопДневен хороскоп за 6. февруари 2025 годинаДневен хороскоп за четврток, 6. февруари 2025 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска ќе се чувствувате добро , без разлика дали сте дома во друштво на саканата личност или сте излезени. Кариера Новите работни задачи ќе бараат поголема креативност и смисол работите да се постават на нов начин или делумно да се изменат. Здравје и совет Продолжете понатаму . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои излегување на интересно место полно со уметнички вибрации и убави луѓе. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или презентации , денеска ќе постигнат убав успех. Другите ќе бидат во публика. Здравје и совет Ќе ја надминете малата меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Она што не ви се допаѓа кај вас самите , би сакале да го скриете под тепих. Не може така, саканата личност доволно добро ве познава. Кариера Направете се што можете за вашите професионални способности да дојдат до израз и не се плашете да го покажете вашето знаење. Здравје и совет Вежбајте повеќе. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тајните интриги особено ќе ве инспирираат. Ќе бидете подготвени да направите се за да освоите нечие срце. Пазете до каде може да одите. Кариера Уметниците денеска добро ќе функционираат , а сите други ќе бараат место каде би ја изразиле својата креативност. Здравје и совет Можни се интересни сништа. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен , отколку што сте мислеле. Ве очекува опуштеност и среќа во љубовта. Кариера Денеска ќе работите лесно и пријатно.Причината е најава за добар настан. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска би можеле да доживеете многу пријатно и неврзано дружење. Некои ќе си најдат љубов преку пријателите. Кариера Ќе ви ги признаат вашите заслуги во работата , но веднаш ќе побараат од вас поголема одговорност. Здравје и совет Добро ќе се држите. Лав 23.7-22.8. Љубов Додека вие се обидувате што повеќе да му се приближите, партнерот се обидува што повеќе да се повлече во себе и на тој начин да се оддалечи. Кариера Ситните незавршени работи ќе ви задаваат мала главоболка . Најдобро е да ги решите што побргу. Здравје и совет Душевен немир. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што можеби во моментов ви недостига во вашата врска , ќе го надоместите со добрата еротска игра. Кариера Малите интриги околу доминацијата на работното место ќе ги разоткриете со помош на вашата интуиција.Потпрете се на неа. Здравје и совет Зголемена општа сензуалност . Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе видите нешто што другите не го гледаат , но не се оптоварувајте со тоа. Денот е добар за љубов. Кариера Ако ја употребите својата интуиција на вистински начин , би можеле да постигнете многу повеќе од очекуваното. Здравје и совет Ќе сонувате интересни сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сите знаци покажуваат дека денеска ќе блескате. И на вас ќе ви биде чудно како привлекувате толкаво внимание. Кариера Денеска на работа можете слободно да се потпрете на сопствениот шарм. Сите работи на кои вие имате влијание , ќе бидат успешни. Здравје и совет Дотерајте се за да блеснете уште повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Кариера Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа на вас и вашите колеги.Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Здравје и совет Почитувајте го своето тело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Тешко дека ќе можете да се согласите со саканата личност за што било. наведнете си ја главата и слушајте што има да ви каже. Нема друг начин. Кариера Иако изгледа дека сте под нечија заштита , не е така.Забавни сте и способни ,а сега тоа се бара. Здравје и совет Одморете се од преголемите очекувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајтешка епидемија на ебола во историјата на Конго- починал секој втор заразен Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина 9.000, а 4.381 лица починаа како резултат на болеста. Според податоците објавени од Конгоанскиот институт за јавно здравје, вкупниот број на заразени достигна 9.066. Интервентните тимови на терен се обидуваат да го забават ширењето на инфекцијата во неколку активни жаришта, пишува Ројтерс. Тековната епидемија, предизвикана од сојот Бундибугио, беше прогласена во мај. Во меѓувреме, таа стана најголемата и најсмртоносна во историјата на Конго, надминувајќи ја онаа што траеше од 2018 до 2020 година. Во моментов нема одобрени вакцини или докажани третмани за овој сој на вирусот. Втора најлоша епидемија во светот Според податоците од Светската здравствена организација, ова е втората најлоша епидемија на ебола на глобално ниво. Единствената друга епидемија што беше посериозна беше во Западна Африка од 2014 до 2016 година, кога повеќе од 28.600 луѓе беа заразени во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, а повеќе од 11.000 починаа. Болеста се прошири надвор од границите на Конго. Уганда регистрираше 20 случаи и два смртни случаи претходно оваа година, но беше прогласена за слободна од ебола во август. Кенија, исто така, го потврди својот прв увезен случај минатата недела. Станува збор за кениски државјанин кој патувал од Конго преку Уганда и подоцна починал во Најроби.Тагови: ебола Конго Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЖесток судир на студентите со полицијата во Тирана: Се користат водени топови и тули (ВИДЕО)Студентските протести во Тирана ескалираа во судири со полицијата. Демонстрантите фрлаа тули и парчиња бетон врз зградата на Министерството за образование, на што полицијата одговори со солзавец и водни топови. Неколку лица беа приведени, јавува Ројтерс. 🚨🚨🚨 Clashes in Albania have hit a critical tipping point. Police have deployed massive violence against students in Tirana. Protesters declare they will no longer tolerate PM Rama’s silence and mockery, which has dragged on for over 4 months while ignoring their demands. 🦩 https://t.co/fRuA6rOnXi — Tirana Report (@Tirana_Report) October 13, 2026 Организаторите наведуваат дека студентите протестираат поради лошите услови на факултетите, високите школарини и недостатокот на финансиска поддршка. Проблем се и слабите перспективи за вработување по добивањето диплома. Некои од демонстрантите истакнуваат дека излегле на улиците поради општата нееднаквост во општеството и незадоволството од работата на Владата. 🇦🇱 Student protests in Tirana escalated into violence. Police arrested several protesters and used tear gas and water cannons to disperse the crowds. Students and opposition leaders accused police of using excessive force. https://t.co/wt3qqXcG5O — kos_data (@kos_data) October 13, 2026 „На Албанија ѝ е потребна револуција, промена и целосен колапс на системот бидејќи повеќе не функционира вака“, рече демонстрантката Лулјета Кола. Таа додаде дека во земјата има длабока социјална неправда и дека постои огромен јаз меѓу богатите и сиромашните. Albanian chad going 6v1 against the police during today’s protests in Tirana💪 https://t.co/tq605k4SWZ — Shefqet Fejzo🇦🇱 (@ShefqetFejzo11) October 13, 2026 Реакција на Владата Албанската вицепремиерка Албана Кочиу преку Фејсбук изјави дека насилството не е решение. „Насилството никогаш не било, ниту пак ќе биде решение. Фрлањето камења, нападите врз институциите и државната полиција и бесмисленото уништување на јавниот имот не се начинот на кој младите треба да се изразуваат“, напиша таа. Протестите во Албанија се совпаѓаат со слични активности на студенти и ученици низ цела Европа. На пример, во Франција, средношколците протестираат и блокираат училишта со недели. Тие бараат повеќе наставници и подобра инфраструктура и тврдат дека неуредните згради и преполните училници го загрозуваат квалитетот на наставата.Тагови: протести Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
СудбинаДрама во авион: Холивудска актерка ги нападнала стјуардесите и сакала да ја отвори вратата среде летАктерката Селма Блер предизвика сериозен инцидент на летот за Њујорк откако физички нападна членови на екипажот и се обиде да ја отвори вратата на авионот додека бил во воздух.Според американскиот портал TMZ, две стјуардеси пријавиле повреди за време на инцидентот, а една од нив е однесена во болница. Блер била уапсена по слетувањето, а потоа однесена во болница на евалуација. Според извештајот, актерката сè уште била под медицински надзор. Нејзиниот претставник изјавил дека актерката доживеала ненадејна здравствена криза што довела до нејзиното однесување. По слетувањето, таа веднаш добила медицинска помош и нејзината состојба е стабилна. Сè уште не е познато што ја предизвикало здравствената криза, ниту дали Блер ќе се соочи со кривични пријави за инцидентот. Ова не е прв пат актерката да има проблеми за време на летот. Во 2016 година, таа беше симната од авионот на носилка по инцидент за време на кој се однесувала вознемирено. Селма Блер е позната по своите улоги во филмовите „Cruel Intentions“, „Legally Blonde“, „The Sweetest Thing“ и „Hellboy“.Тагови: авион стјуардеси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter