ХороскопДневен хороскоп за 6. август 2024 година Дневен хороскоп за вторник, 6. август 2024 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако денеска се обидете да го збогатите својот љубовен живот , преку некоја своја креативна идеја , тоа нема многу да успее. Кариера Ќе уживате во бавното темпо на работа. Некои дури и ќе претераат во опуштање. Добро е да се работи без стрес , но треба добро да се сработи. Здравје Немојте толку да се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Додека вие се трудите да бидете љубезни и да го одржувате балансот и мирот во врската, од внатре ќе чувствувате сомнеж. Кариера Објективно , не сте лоши и другите ве поддржуваат во работата , но без особен апричина некој од колегите би можел да биде деструктивен. Здравје Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Конечно влегувате во поконструктивен љубовен период , кога критиките на ваша сметка се забораваат. Радувајте се. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓе и дружби , така што за работа нема многу да размислувате . Ќе работите автоматски. Здравје Ќе се снајдете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои можеби ќе почнат да размислуваат за личност што ја познаваат од работа. Нема да бидат сигурниз а што точно станува збор. Кариера Мислите за работа ќе доаѓаат сами по себе , но ќе бидат смирени , позитивни и амбициозни. Денот е добар за на мир да се направат нови планови. Здравје Барем на момент заборавете на се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку нешта може да ви попречат во овој момент на вашиот љубовен пат. Се се развива на добро , а вие сте задоволни. Кариера Денеска не ги слушајте пријателите ако ви дадат свое мислење за една ваша деловна идеја. Нема да ве разберат. Здравје Наспијте се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е можно убаво да се забавувате и да бидете гостин на атрактивна забава. Саканата личност ќе биде покрај вас. Кариера Оние кои сакаат спорт , ќе се најдат на напнат натпревар.Другите ќе уживаат , малку ќе работат , а малку ќе се забавуваат. Здравје Време е за повеќе вежбање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не очекувајте премногу од денешниот ден. Добар е за пребарување по спомени , но без конечни заклучоци. Кариера Ќе размислувате дали и колку ве сака шефот , какви ви се односите со соработниците и дали си ја сакате работата. Здравје Преспијте до утре , па донесете одлука. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете популарни и прифатени во секое друштво. Ако уште сте сами , излезете меѓу луѓе , па макар само на кафе. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако имате потреба денот да го поминете сами , направете го тоа. Ако сакате да се поверите на близок пријател , и тоа е добро. Но , не очекувајте љубовен жар. Кариера Може само да бидете среќни што денеска немате многу работа , зашто не сте во топ форма. Одработете го она што го морате и опуштете се со содржини што ги сакате. Здравје Не размислувајте премногу. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе почувствувате дека може да уживате во ссосема обични работи и дека покрај љубов не вио се потребни атракции. Кариера Потрудете се добро да ги организирате работните часови , за подготвени да го дочекате она што доаѓа и да имате нергија да го завршите. Здравје Останете смирени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе сакате да најдете решение по секоја цена , а токму таквиот приод нема да донесе резултати. Ви преостанува само да чекате. Кариера Веројатно ќе го почувствувате новиот бран енергија , поради што ќе изгледате поактивно и позитивно кон работата. Здравје Продолжете да работите. Рак 22.6-22.7. Љубов Мало вознемирување поврзано со вашето семејство накратко ќе ве потресе , но вашата врска и натаму е квалитетна. Кариера Одвнатре ќе бидете нетрпеливи за да ги докажете своите проценки , но сепак цел ден ќе мора да слушате други. Здравје Мал душевен немир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година. Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“. „Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите. За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот. На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика. 19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески. Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно. Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БДПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството. Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза. Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава. Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности. Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка. Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тониСо денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони. „Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и порибување во наредната година со нови 1.550.000 млади пастрмки“, изјави министерот Серафимовски. Тој појасни дека во годинашното порибување биле вклучени и 100.000 поголеми единки од минатогодишниот мрест, со просечна тежина од 16 грама, за надоместување на пропуштеното по паузата во вештачкиот мрест од 2019 до 2023 година, притоа посочи и дека кај летната форма на охридската пастрмка, по 23 години од последниот вештачки мрест, експериментално е добиен подмладок кој успешно се одгледува. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја засилува заштитата и на јагулата, која е критично загрозен вид. Нејзиното зачувување го поставуваме како институционален приоритет. Владата за првпат усвои Национален план за управување со јагула“, нагласи министерот Серафимовски. Тој најави дека Хидробиолошкиот институт ќе ги спроведува мерките за внесување млади јагули и безбеден транспорт на сребрените јагули кон морето, при што за пренос се предвидени 40 отсто од утврдената годишна квота за лов на традиционалната рибарска замка „Далјан“ на Црн Дрим кај Струга, за да им се овозможи да го продолжат патот кон Саргасовото Море, избегнувајќи го минувањето низ турбините на хидроцентралите. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, информираше дека надлежните инспектори од одделението за рибарство, во соработка со рибочуварската служба од охридскиот регион и со езерската гранична полиција, вршат редовни контроли на работата на концесионерите. „Нашите инспектори се вклучени и во процесот на сузбивање на нелегалниот риболов, односно во борбата со рибокрадците. Заклучно со денес, од почетокот на 2026 година, имаме спроведено вкупно 231 инспекциски надзор на Охридското Езеро и за сторени прекршоци имаме издадено 21 платен налог. Во наредниот период ќе продолжиме со борбата против рибокрадците со цел да обезбедиме заштита на биодиверзитетот и зачувување на рибниот фонд“, изјави директорот Ангеловски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook