Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
2Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 6. април 2021 година Дневен хороскоп за вторник, 6. април 2021 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Можен е повик од личност од вашето семејство , кој ќе ги засени убавите љубовни настани или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Кариера Ви се чини дека компанијата во која работите е премногу мала. Сакате нешто поголемо , но за тоа треба да имате повеќе одговорност. Здравје Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикне да ги оплемените со нова идеја за излегување , каде ќе ви биде добро. Кариера Доколку имате проблеми како да го извршите она што треба, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје Не грижете се , имате доволно слобода. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои моментално имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво од пријателите. Покрај нив ќе им се разјаснат работите. Кариера Би сакале да добиете одговори на некои теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се. Здравје Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрување во личните односи ќе бидат поврзани со излегување на интерсно место полно со весели луѓе. Кариера Многумина денеска ќе мора да бидат услужни кон своите соработници , но тоа нема да им падне тешко. Можна е мала здодевност на работното место. Здравје Трпение, спасение. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе го употребите целиот ваш шарм за да и покажете на личноста која ви се допаѓа , колку ја сакате. Ќе бидете успешни во комуникациите. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , иако моментално ви изгледа неповолно. На долг рок е добро. Здравје Издржете со волја и упорност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера веројатна е соработка со млади лица , кои ќе ги воведувате во работата . Има уште некои ситни работи кои треба да се довршат. Здравје Ништо не се мора по секоја цена. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат љубов , добро нека погледнат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Ќе најдете излез од финансиските проблеми и успешно ќе ги надминете неодамнешните проблеми. Многумина ќе добијат дополнителна мотивација за работа. Здравје Само продолжете со здравите навики. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе настојувате да се опуштите во пријатен круг на блиски луѓе и така ќе го надминете незадоволството со личните односи. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , и покрај тоа што нема да бидете затворени за соработка. Но , кога вие би се прашале , најмногу би сакале да работите сами. Здравје Бидете барем еднаш природни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија кои кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Веројатно е дека крајот на работната недела ќе го минете на некое кратко патување или ќе мора дополнително да се активирате во врска со работата. Здравје Полни сте со енергија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои ќе осмислат поетски зборови со кои ќе ја заведуваат личноста која им е драга. Другите ќе решаваат мали семејни проблеми. Кариера Ќе поработите на сопствната независност на работното место , а тоа ќе ви покаже дека може подобро и повеќе. Здравје Почнете да спортувате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Тајни , фантазии , сплетки- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од вообичаено. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Ќе ви ги признаат заслугите и тоа ќе ве израдува до таа мерка , што ќе се чувствувате лесни како пердув. Исто така лесно ќе ви оди и работата. Здравје Послужете се со својата интуиција . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку сте во непријателска или воинствена фаза со партнерот , денеска ќе пристапувате малку поопуштено , а ќе има и одредена блискост. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив се ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје Пад на имунитетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаинЗаплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44). Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана. Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter