Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 6.4.2019 годинаДневен хороскоп за сабота, 6 април 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замартајте со ситници. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter