ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 5. септември 2019 годинаДневен хороскоп за четврток, 5. септември , 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања. Кариера Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис. Здравје и совет Внимавајте на сопствената грубост. Вага 24.9.-23.10. Љубов Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава. Кариера Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов. Здравје и совет Можете да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот. Кариера Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна. Здравје и совет Ќе ги видите работите во целост. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно. Кариера Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Најдете златна средина. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините. Кариера Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред. Здравје и совет Помогнете им на послабите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни. Кариера Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе. Здравје и совет Излезете во природа на свеж воздух. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја. Кариера Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли. Здравје и совет Успех со алтернартивните терапии. Овен 21.3-20.4. Љубов Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате. Кариера Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка. Здравје и совет Вежбајте правилно дишење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате. Кариера Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро. Здравје и совет Кашлица. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе имате некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се. Кариера Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да се јавите , да се претставите. Здравје и совет Некои ќе имаат преодна настинка. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност. Кариера Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака. Здравје и совет Бидете трпеливи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте. Кариера Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна. Здравје и совет Бидете поконкретни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизКејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметникАмериканската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски. Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно. Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум. Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс. Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“. Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter