МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ХороскопДневен хороскоп за 5. октомври 2025 година Дневен хороскоп за недела, 5. октомври 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности. Кариера Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа. Здравје Уживајте во спортот или во уметноста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе. Кариера Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати. Здравје Денеска знаете што сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола. Кариера Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа. Здравје Ќе водите војна со апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво. Кариера Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи. Здравје Помогнете му на член од семејството. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете. Кариера Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно. Здравје Трпение, спасение. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја. Кариера Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри. Здравје Не истражувајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството. Кариера На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување . Здравје Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија. Кариера Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба. Здравје Не се напрегајте толку многу . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава. Кариера Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално. Здравје Може да ве прогласат за генијалец на денот. Рак 22.6-22.7. Љубов Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став. Кариера Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог. Здравје Слушајте го својот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво. Кариера Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро. Здравје Немојте да бидете практични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални. Кариера Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата. Здравје Силни сте и здрави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапкаСВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка. Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Забава „Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказнаСо две фестивалски вечери, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден од најзначајните настани во македонската забавна музика. Финалната вечер понуди 18 композиции, од кои шест беа избрани на првата фестивалска вечер, додека останатите 12 беа нови музички премиери. Во продолжението на натпреварувачката програма настапија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска, кои со своите композиции повторно застанаа пред публиката. Посебна димензија на втората вечер ѝ даде присуството на афирмирани македонски музичари, од кои дел по подолга пауза повторно се вратија на сцената на „Макфест“. Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков беа дел од музичката програма, носејќи различни интерпретации, стилови и генерациски искуства. Меѓу впечатливите моменти на вечерта беше и нејзиното отворање, со потсетување на еден од препознатливите макфестовски хитови - „Ти ме сакаш знам“, на Јован Јованов и Маја Саздановска. Водителите Димитар Атанасовски и Марјана Станојковска ја отпеаја песната, додека Атанасовски ја збогати изведбата со придружба на виолина, создавајќи убаво музичко потсетување на фестивалските хитови што продолжуваат да живеат низ годините. На сцената се случи и уште една интересна музичка средба - Јован Јованов и Тони Зен се претставија со новата композиција „Уште ми требаш“, со што ја продолжија приказната на некогашниот хит „Итно ми требаш“. Во текот на вечерта, на сцената се обрати и Слаткаристика, кој сподели дел од своето лично искуство со пелтечењето, охрабрувајќи ги сите што се соочуваат со овој предизвик да продолжат да сонуваат и да работат на остварување на своите цели. Тој упати и порака за поголемо разбирање и прифаќање, потсетувајќи дека лицата што пелтечат имаат многу што да кажат и заслужуваат да бидат слушнати. Во рамките на овогодишното издание беше доделено и признанието за најслушана песна во периодот меѓу двата фестивала, кое ѝ припадна на Лара Иванова за хитот „Доминантен“. За младата пејачка, ова признание има дополнителна симболика, бидејќи токму на макфестовската сцена во 2019 година го имаше својот прв фестивалски настап. Со наградата уште еднаш се потврди и присуството на македонската музика во секојдневното слушателско искуство. 41. издание на фестивалот започна со вечер посветена на новите музички имиња, на која 15 изведувачи и музички состави ги претставија своите авторски композиции. Настапија Анастасија Спасевска, Драгана Јовановска, Девана, Kaly и Гоки, Санела Шукриевска, Ненад Вржалски, „Три пати на ден“, Дорис Ди, „Арте-Факт“, Ана Цамбулева, Доно, Тамара Грујеска, Теа Златева, Марија Наумоска и Елена Наумова. Ревијалниот дел од првата вечер го одбележа Антониа Гиговска, која во поинакво, интимно музичко издание интерпретираше дел од своите песни и познати макфестовски хитови. Посебен емотивен момент беше и музичкиот омаж посветен на Владо Јаневски, со кој беше оддадена почит на авторот и изведувач чии песни се вградени во македонската забавна музика. Со ова издание, „Макфест“ уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ги поврзува афирмираните музичари со новите автори и изведувачи. Двете вечери понудија вкупно 27 нови композиции, што е значаен придонес кон домашната музичка продукција и можност за создавање нови песни што допрва ќе го бараат својот пат до слушателите. По 41 издание, вредноста на „Макфест“ не се мери само преку песните што низ годините станале евергрини, туку и преку континуитетот во создавањето нова музика и отворањето простор за генерации што доаѓаат. Тагови: Макфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во ГерманијаХаос на улиците во Франција. Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот. Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица. Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети. Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо. Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци . Немири и насилства имаше и на улиците во Германија. Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата. По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје. Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе. Тагови: протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter