Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
ХороскопДневен хороскоп за 5. октомври 2020 годинаДневен хороскоп за понеделник,5. октомври 2020 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Плимата на емоции што ве обзема, би можела да ве збуни. На некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Би можело да се случи оној чудесен ,,клик” , по што сите работи ќе си дојдат на свое место. Искористете го. Здравје и совет Не заборавајте на шефовите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Партнерот би можел денеска да биде малку повреден од некој ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос. Кариера Не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи. Здравје и совет Не се грижете за туѓи проблеми. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе има ловечки приказни за ваѓите љубовни успеси , со кои ќе се обидете да ја импресионирате другата страна. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале.Сега е на вас паметно да ја искористите. Здравје и совет Понекогаш треба и да се одморите . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Многу ќе се трудите да бидете љубезни и фини кон партнерот. На тој начин ќе ја средите малата напнатост во вашиот однос. Кариера Други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема , но вие она што го мислите кажете го дипломатски , а не директно. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата најсакана личност денеска би можела пријатно да ве изненади. Ќе биде подготвена да попушти во нешто околу што сте се расправале. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им биде вистински поттик , зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Бидете доследни . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе чувствувате дека денот би можел да биде добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу кандидати за љубов. Кариера Ќе посакате барем мала промена на работното место. Кога веќе ја нема , самите измислете ја, па дури и да е ситница. Здравје и совет Бидете нежни. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко дека денеска би можеле да се ставите во положбата на другата страна.Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Можеби на некого ќе му подвикнете да се опамети , иако тоа би можело да се примени и на вас. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Бик 21.4- 20.5. Љубов Еден семеен проблем ќе биде се поголем, па затоа е потребно решавање.Тоа ќе ви одземе повеќе од слободното време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе заминат на пократок годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ја одработуваат работата. Здравје и совет Водете здрав живот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можно е дека ќе следува покана за посета од вашето семејство , каде што ќе заминете со својата сакана личност. Кариера Притисокот од претпоставените не се намалува , а вие сте веќе уморни од тоа. Издржете уште малку , подоцна ќе ги сумирате резултатите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Рак 22.6-22.7. Љубов Домашната среќа ќе ви биде најважна. Оние во врска уживаат дома , а осамените нема премногу даас е ангажираат во зеведувањето. Кариера Веројатно сте на патување , кое ве радува. Ги завршувате работите со мал напор , а во исто време и се забавувате. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Личност со која деловно соработувате би можела дас е заинтересира за вас , но вие засега ќе бидете на дистанца. Кариера Доколку пред вас поставуваат се поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Доколку сте во врска , вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува. Доколку уште сте сами, излегувајте и ќе бидете забележани. Кариера Денеска е ден во кој одлично ќе се развиваат сите работи поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе се одвиваат самите од себе. Здравје и совет Влијаете врз настаните , искористете го тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook