Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 5. март 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 5. март 2026 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје и совет Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје и совет Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје и совет Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје и совет Занимавајте се со спорт. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје и совет Наспијте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје и совет Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје и совет Телеснио сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10 Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје и совет Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје и совет Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје и совет Потпрете се на вашата смисла за хумор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје и совет Полни сте со енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБугаринот Николај стана светски шампион- изел 76 лути пиперчиња (ВИДЕО)Бугаринот Николај „ Papaworm“ Филипов е новиот светски шампион во јадење лути пиперки!Тој ја освои титулата „Лига на огнот“ по директен дуел со трикратниот светски шампион и носител на Гинисов рекорд, Стивен „Фајери Ред“ Керган. Тие ја измерија својата сила во 14 рунди Историското финале се одржа на 3 октомври на сцената на фестивалот „Софија Чили Фест 2026“, пред голема публика. Филипов со победата го освои шампионскиот појас „Лига на огнот“ и го задржа во Бугарија. Неговиот успех е кулминација на долгогодишно натпреварување, подготовки и настапи на меѓународни натпревари. Дуелот се претвори во вистински тест на издржливост за двајцата натпреварувачи. Филипов и Керган ја измерија својата сила во 14 рунди, кои траеја вкупно еден час и 38 минути, објавува Moreto.net. На натпреварувањето се користеа специјално подготвени пиперчиња, чија лутина надмина 1,5 милиони единици Сковил, додека во две рунди натпреварувачите консумираа сосови со повеќе од шест милиони единици Сковил. „Беше тешка борба“ Секој од финалистите изеде повеќе од 76 пиперки, што е рекорд во историјата на светските финалиња. Победникот беше решен во првата рунда на брзина. „Немам зборови да опишам колку сум среќен. Беше тешка борба и до последниот момент дадов сè од себе, бидејќи знаев каква можност е ова - за мене, но и за Бугарија“, рече Филипов веднаш по победата. Тој му честиташе на својот противник за борбата и спортскиот дух, и им се заблагодари на своето семејство, тимот „Чили Хилс“, „Лигата на огнот“, како и на сите фанови кои го поддржуваа на лице место и онлајн. Американецот Стивен „Фајери Ред“ Керган пристигна во Бугарија како актуелен трикратен светски шампион во „Лигата на огнот“. Само неколку дена пред финалето, тој постави и светски рекорд во Гинис, бидејќи изеде 50 пиперки „Гост Пепер“ за помалку од пет минути.Тагови: пиперчиња Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе огласи ЕУ по сомнителниот случај на чума во Русија: Будно ја следиме состојбата Брисел и Вашингтон „внимателно“ ја следат ситуацијата во Сибир, каде што се сомнева дека се појавила чума по смртта на лабораториски работник.Европската комисија „многу внимателно“ ја следи наводната појава на пневмонична чума во Сибир, Русија, и е подготвена да координира одговор меѓу земјите-членки доколку е потребно, објавува „Еуроњуз“. Ситуацијата излезе на виделина откако работник во Иркутскиот истражувачки институт за борба против чума почина на 2 октомври откако наводно скршил епрувета што го содржела патогенот на чума. Причината за смртта е наведена како „пневмонија со непозната етиологија“. Инцидентот доведе до воведување превентивни мерки во регионот. Околу 200 лица кои биле во контакт со лабораторискиот работник се ставени под строг медицински надзор. Руските власти сè уште не потврдиле појава на чума, но извештаите предизвикаа загриженост низ целиот свет. „Свесни сме за извештаите за инцидент во лабораторија во Русија, за кој се вели дека е поврзан со предизвикувачкиот агенс на чумата“, изјави портпаролот на Европската комисија во понеделник. „Јавното здравје е секогаш приоритет за нас, поради што сме во контакт со нашите експерти во Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Многу внимателно следиме што се случува“, додаде портпаролот. Пневмонската чума е брзо прогресивна белодробна инфекција предизвикана од бактеријата Yersinia pestis, која се пренесува преку респираторни капки за време на близок контакт. Има висока стапка на смртност, но може успешно да се лекува со современи антибиотици. „По Ковид, многу сме подобро подготвени за пандемии“, рече портпаролот, истакнувајќи дека земјите имаат залихи на антибиотици. Европската комисија добива информации за ситуацијата преку Светската здравствена организација (СЗО), која собира податоци од руските власти. Директните контакти на Москва со европските партнери се значително ограничени од почетокот на војната во Украина. Засега, Европската комисија не планира да свика посебен состанок или да воведе итни мерки. Реакцијата на Брисел е слична на онаа на Вашингтон. Американскиот Стејт департмент соопшти дека „внимателно“ ја следи ситуацијата и ја повика Москва да „обезбеди точни информации брзо и отворено“. Европската комисија, исто така, ја нагласи потребата од „навремено и транспарентно известување“. Чума не е регистрирана во Европа повеќе од 50 години.Тагови: русија чума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЖивотОктоберфест урива рекорди- го посетиле 7,4 луѓе, испиле 6,7 милиони литри пивоНајголемиот фестивал на пиво во светот го заврши овогодинешното издание со бројки какви што никогаш порано не биле видени. Околу 7,4 милиони луѓе го посетија Октоберфест во Минхен за само 16 дена, поставувајќи нов историски рекорд, објави Бизнис. Претходниот рекорд го држеше изданието од 2023 година со 7,2 милиони гости, додека минатата година околу 6,5 милиони луѓе поминаа низ познатите минхенски порти. Ова значи дека Октоберфест привлече приближно 900.000 посетители повеќе за само една година. Високата посетеност беше придружена и со огромна потрошувачка. За време на фестивалот беа потрошени околу 6,7 милиони „масовни“ кригли пиво, секоја содржеше по еден литар. Потрошувачката на пиво со тоа се зголеми за 2,7 проценти во споредба со минатата година, кога беа потрошени околу 6,5 милиони литри. Во исто време, продажбата на безалкохолни пијалоци се зголеми за десет проценти. Милиони гости пристигнуваа во Минхен Овогодинешниот Октоберфест траеше од 19 септември до 4 октомври, а особено големо зголемување на посетеноста беше забележано во текот на работните денови. Според податоците од градот Минхен, бројот на гости од понеделник до четврток во текот на првата недела се зголемил за 18,5 проценти, а во втората недела за дури 28,9 проценти. Организаторите дел од успехот го припишуваат на доброто време, но и на кампањата што ги охрабруваше посетителите да доаѓаат на фестивалот во текот на работните денови со цел да ги олеснат традиционално најпрометните викенди. Меѓу странските гости, особено се издвоија Американците, Италијанците и Австријците. И покрај рекордниот број луѓе, организаторите велат дека благодарение на новиот безбедносен концепт и управувањето со движењето на посетителите, немало неконтролирано пренатрупаност на фестивалската област. Се обиделе да однесат 105.000 кригли Зад рекордната посетеност, имало некои прилично необични бројки. Посетителите се обиделе да однесат дури 105.000 од познатите кригли за пиво од литар од Октоберфест, кои персоналот ги собрал пред да завршат надвор од просторот на фестивалот. Службата за изгубени предмети не останала без работа ниту. Пронајдени се околу 4.000 предмети, вклучувајќи повеќе од 1.000 парчиња облека, речиси 700 паричници и околу 450 лични документи. За 16 дена, потрошени се приближно 2,65 милиони киловат-часови електрична енергија, додека милионите гости оставиле околу 92 тони отпад. Продажбата на храна, исто така, се зголеми. Угостителите во големите фестивалски шатори пријавија раст од два до три проценти, а традиционалното печено пилешко повторно беше меѓу најбараните јадења. Директорот на Октоберфест, Кристијан Шарф, процени дека фестивалот е на списокот на многу луѓе со работи што сакаат да ги доживеат барем еднаш во животот. Судејќи според бројките од оваа година, интересот за традицијата е ненамален - 191-от Октоберфест стана најпосетениот во речиси двовековната историја на настанот. Следниот Октоберфест ќе се одржи од 18 септември до 3 октомври 2027 година. Тагови: Октоберфест пиво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook