Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ХороскопДневен хороскоп за 5. јуни 2023 годинаДневен хороскоп за понеделник, 5. јуни 2023 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно. Здравје Чувствителност на нервиот систем. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја. Кариера На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното. Здравје Разјаснете го она што можете. Лав 23.7-22.8. Љубов Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост. Кариера Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа. Здравје Не претерувајте со грижите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми. Кариера Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира. Здравје Оние кои можат нека отпатуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете. Кариера Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен. Здравје Не си ја трошете силата попусто. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер. Кариера Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел. Здравје Не жалете по небитни работи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации. Кариера Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина. Здравје Не им верувајте на слаткоречиви . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж. Кариера Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна. Здравје Спуштете се на земја. Риби 20.2.- 20.3. Љубов На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали. Кариера Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот. Здравје Настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа. Кариера Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна. Здравје Треба да се биде реален. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел. Кариера Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста. Здравје Излезете на сонце .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПромовирана платформата „ЕКОСКОПЈЕ“: Граѓаните полесно ќе може да пријавуваат еколошки проблемиДиви депонии, расфрлан отпад и полни контејнери – проблеми кои скопјани отсега ќе можат да ги пријават со само еден клик. Младите ја создадоа „ЕкоСкопје“, дигитална платформа преку која пријавите треба директно да стигнуваат до надлежните служби. Како функционира платформата и како граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, дури и анонимно, објаснува 18-годишниот Андреј Божиновски, кој стои зад нејзината техничка реализација. „Пред се да се поттикне пријавување на овие проблеми и да не се оди на оној класичен начин преку социјални медиуми кадешто ќе биде ајде да напишеме одреден пост за полни контенјери или слично...На самата апликација вие веднаш ќе може да си пријавите и веднаш знаете дека ќе стигне до правилното место без да треба препраќа, без да треба да се оловлекува таа постапка, надлежните служби одма ќе имаат увид и ќе постапат. Пријавувањето може да биде анонимно, може да биде и со профили“,-– Андреј Божиновски. Освен пријавување на еколошките проблеми, платформата ќе овозможи и следење на тоа колку брзо надлежните служби реагираат. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочува дека на овој начин граѓаните ќе имаат подобар увид во постапувањето на институциите, а ќе се зголеми и транспарентноста на Град Скопје. „Тука ќе се види брзата реакција на Градот Скопје и на службите. Ако се работи за депонија покомплицирана работа ќе треба неколку денови да се сработи истата, но кога се работи за одредени ситни пропустиц тогаш ќе можеме веднаш да постапиме со службите и да дадеме конкретен резултат.Ова ја зголеми транспарентноста на Скопје, ние влеговме како град во процес на целосна дигитализација .. Нешто што целосно недостасуваше во минатото“-Орце Ѓорѓиевски. Дополнително, во однос на комуналната хигиена, Ѓорѓиевски тврди дека со ставањето во функција на новите камиони, службите поефикасно се справуваат со проблемите на терен. Посочи дека за 11 месеци се набавени 3.300 нови контејнери, а за следната година најави набавка на уште 20 камиони за одржување на комуналната хигиена. Исто така „ЕкоСкопје“ нема да служи само за пријавување отпад и диви депонии. Преку платформата граѓаните ќе можат да го следат и квалитетот на воздухот во главниот град, со податоци од официјалните и приватните мерни станици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителниБрзата помош доби 100 нови возила, интервентните возила се со подобар квалитет во делот на ЕКГ, респираторна поддршка, дефибрилатор, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Во моментот на целата територија има 100 возила, но 40 од нив не се во употреба. Освен новите возила, ќе има нови вработувања а најдефицитарни се возачите на брзата помош. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека и во наредената година ќе има нови 50 возила на брзата помош и изградаба на новиот клинички центар. Како новини во брзата помош е најавено брзата помош да биде одвоена како посебна институција од здравствениот дом со цел да има подобра ефикаснот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаОдложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведокОдложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата. Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври. Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна. Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци. – Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“. На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври. Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook