Дневен хороскоп за 5. јануари 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 5. јануари 2025 година

Дневен хороскоп за недела, 5. јануари 2025 година. 

Дневен хороскоп за 5. јануари 2025 година

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност.

Кариера

Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство.

Здравје и совет

Игнорирајте ја нервозата.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери.

Кариера

И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот.

Здравје и совет

Бидете професионални.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате.

Кариера

Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата.

Кариера

Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате.

Здравје и совет

Едноставно издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите.

Кариера

Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас.

Здравје и совет

Носете заклучоци во тишина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството.

Кариера

Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание.

Здравје и совет

Помагајте им на другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство.

Кариера

Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации.

Здравје и совет

Подобро е да верувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет.

Кариера

Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце.

Кариера

Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред.

Кариера

Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично.

Здравје и совет

Покажете ја својата ведра страна.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате.

Кариера

Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите.

Здравје и совет

Вие знате како да постапите со секого.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства.

Кариера

Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лозарите соочени со временски неприлики и ниски цени бараат поддршка од државата

Проблематичен е откупот на грозјето годинава. Лозарите соочени со временски неприлики, суша и ниски цени бараат поддршка до државата. 

Лозарите соочени со временски неприлики и ниски цени бараат поддршка од државата

Откупот на винското грозје особено на проблематипниот вранец кој не го сакаат винариите во следниот период ќе се интензивира уверува министерот за земјоделство Серафимовски по координативната средба која ја имал со винариите.

Преку пари од развојна банка на располање им се даваат околу 8,7 милиони евра на винариите под поволни услови наменснки за откуп на проблематичниот вранец за кој нема интерес бидејќи винариите имаат големи залихи непродадено црно вино од лани по своите подруми.

Но лозарите укажуваат дека технолошката зрелост на вранецот изминува, време за тактизирање нема и дека мора под итно драстично да се зголеми динамиката на откуп за да не остане необрано она грозје што остана по невремето и по сушното лето.

Лани дел од винариите по тактизирањето и неоткупувањет на вранец добија по 12 денари од килограм владина поддршка што ги налути лозарите кои едвај го продадоа грозјето а винариите уште им скратија на цена искористувајќи го законот кој дозволува 8% помала сума да се пресмета за исплата веднаш по откупот.

За годинава се најавени откупни цени од 21,8 денари за Вранецот и 20 денари за смедеревката кои иако се најниски во однос на цените во регионот и опкружувањето често од лозарите се посочува дека на терен и тие не се почитуваат.

Вкупниот род годинава се проценува дека ќе биде околу 90 милиони килограми што е за околу 15% помалку од лани пред се заради сушата но и неповолните временски услови кои пред берба зафатија делови од тиквешијата.

Останува во лозарството да се планираат долгорочни мерки кои ќе помогнат за пласман на виното но и за изградба на дестилерија која може многу да помогне во години како оваа кога светските пазари бараат повеќе бело вино оставајќи го црното со намален пласман кое доколку имамме дестилирија би се преработело во алкохол кој нема проблем со пласманот со што ќе нема проблеми и со откупот од лозарите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран одговори на вчерашните американски напади: Гаѓавме три танкери во Ормутскиот теснец

Иран вчера навечер објави дека ги таргетирал бродовите поврзани со Соединетите Американски Држави по американските воени напади врз три од нивните танкери за нафта во Заливот, напади што самиот Пентагон ги опиша како одмаздничка мерка.

Иран одговори на вчерашните американски напади: Гаѓавме три танкери во Ормутскиот теснец

Поморските сили на Револуционерната гарда „таргетирале три танкери за нафта што минувале низ Ормутскиот теснец без овластување и три американски бродови во други области“, соопшти иранската идеолошка воена сила.

Тие ги предупредија другите бродови да не се обидуваат да се движат по рути што Техеран не ги одобрил.

Детали за американскиот напад

Американската воена команда претходно во текот на денот објави дека ги таргетирала танкерите за нафта поврзани со Револуционерната гарда. Таа рече дека два од нив биле „трајно онеспособени“, а третиот бил „целосно уништен“, тврдејќи дека бродовите биле дел од „тајна мрежа“ што ја финансирала Револуционерната гарда и нејзините сојузници со износи измерени во „милијарди долари“.

Американската војска изнесе детали дека еден од бродовите бил во близина на островот Харг, каде што се наоѓа главниот ирански нафтен терминал во Заливот, другиот бил подалеку на југ, во близина на Ормутскиот теснец и градот Џаск, а третиот бил во Оманскиот Залив.

Во соопштението објавено од официјалната новинска агенција ИРНА, Револуционерната гарда го потврди американскиот напад врз „три танкери за нафта во сопственост на Исламската Република Иран во Ормутскиот теснец, предизвикувајќи штета“, опишувајќи го како „чин на очај во услови на затворање“ на таа стратешка трговска рута.

Дипломатски ќорсокак и меѓусебни закани

Оваа нова размена на напади доаѓа во услови на дипломатски застој околу конфликтот на Блискиот Исток, додека Вашингтон ја повторува својата намера да го зголеми економскиот притисок врз Техеран.

Иран продолжува да го блокира Ормутскиот теснец, а САД наметнуваат блокада на иранските пристаништа, при што ниту една страна не изгледа подготвена да попушти.

Доколку продолжат непријателствата, нападите „врз американските воени бродови во регионот ќе бидат пожестоки од порано и би можеле да се прошират“, се закани Хатам ал-Анбија, Заедничката централна воена команда на Иран.

Вашингтон ги изврши новите напади откако американски носач на авиони и разорувач „избегнаа повеќе неиспровоцирани ирански напади“, соопшти американската војска, додавајќи дека никој од нејзиниот персонал не е повреден.

Сведоштва од теренот

Според дописникот на иранската државна телевизија од местото на настанот, немало жртви во нападот врз танкерот за нафта во близина на островот Харг. Друг новинар на истиот канал од Јаска, известувајќи за нападите врз два танкери за нафта „во близина на градот“, изјави дека едниот бил „празен“, додека другиот „носел нафта“. Според него, екипажите биле префрлени на копното.

По август обележан со значително намалување на нападите, судирите повторно избувнаа на 30-ти истиот месец на иницијатива на американската војска, која изјави дека сака да спречи испукување ракети опремени со поморски мини во Ормутскиот теснец. Иран возврати со напаѓање на своите соседи во Заливот, како што правеше од почетокот на конфликтот предизвикан од американско-израелската офанзива против него кон крајот на февруари.

Изјавите на Трамп и новите санкции

Претседателот Трамп во петокот изјави дека САД спроведуваат „целни напади“ во Иран, нагласувајќи дека земјата „не е во војна во моментов“. За да го зголеми економскиот притисок, Вашингтон објави нови санкции против Техеран, кој е под санкции со децении.

„Ако пукате во два од нашите брода, ќе наплатиме уште поголема економска цена: ќе уништиме три од вашите“, рече командантот на ЦЕНТКОМ, Бред Купер, по нападите во саботата.

Конфликтот се шири низ регионот

Конфликтот, кој одзеде илјадници животи и предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, се прошири низ регионот и се одвива на повеќе фронтови. Во Јемен, каде што непријателствата меѓу владините сили и проиранските бунтовници Хути се мирни со години благодарение на прекинот на огнот, обновените борби убија речиси 200 луѓе од четвртокот.

Во Либан, кој беше вовлечен во војната во март од Хезболах, друг сојузник на Техеран, израелските напади во петокот загинаа четири лица, вклучувајќи и една млада жена, според ажурирање од Министерството за здравство на Либан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сака да ја попречи и акцијата за сузбивање на корупцијата, измислувајќи клевети, лаги и невистини

Во нивниот светоглед е неприфатливо законот да важи за сите подеднакво и затоа тие не можат или не сакаат да ја разберат неселективноста во борбата против корупцијата. 

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сака да ја попречи и акцијата за сузбивање на корупцијата, измислувајќи клевети, лаги и невистини

И еве неколку факти:

Митото со кое е фатен осомничениот нема апсолутно никаква врска со Игор Јанушев, ниту, пак, Јанушев на каков било начин бил вмешан во овој случај.

Овој случај на спречена корупција немаше да биде успешно разрешен доколку немаше јасна и недвосмислена волја кај носителите на функции да ѝ се застане на патот на корупцијата.

За да се спречи оваа корупција, лицето од кое се барало мито морало да го пријави случајот и да прифати да дејствува со обележани пари. Носителите на функции не се повлекоа, не калкулираа, туку охрабрија овој случај да добие епилог.

Има разлика. Во времето на СДС корупција имаше од чистачка до министер, од Рашковски, до Венко Филипче и Заев. Сега борбата против корупцијата не познава припадност и не прифаќа калкулации.

Апелираме и до малиот дел од медиумите, кои се инструирани од опозицијата, да не прифаќаат да бидат манипулирани и да не изнесуваат клеветнички, невистинити и дезинформирачки содржини, туку да се држат до проверените и официјалните информации, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер