Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
1Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче
3Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ХороскопДневен хороскоп за 5. јануари 2021. година Дневен хороскоп за вторник, 5. јануари 2021. година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Излезете во природа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нацииЖезус и Кристијано ги смируваат страстите? Притисокот од јавноста вроди со плод – Кристијано Роналдо се враќа во тимот на Португалија за Лигата на нации. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Кристијано Роналдо е вклучен во проширениот список на португалскиот селектор Жорже Жезус за претстојните натпревари во Лигата на нации против Данска и Велс, пренесува угледниот португалски весник „А Бола“. Вклучувањето на капитенот на Португалија во прелиминарниот список не значи дека тој сигурно ќе биде дел од тимот за претстојниот собир, но претставува важен чекор кон неговото враќање во националниот состав. Претходно, Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако претходно се загреваше на средбата против Норвешка, но не настапи. Поради тој потег, следеше дисциплинска санкција, при што Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија му изрече суспензија во траење од 30 дена. Сепак, казната истекува пред почетокот на следниот собир на националниот тим, па постои можност искусниот напаѓач повторно да биде дел од екипата. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Поради ова, значителен број играчи од првичниот список ќе отпаднат од конечните планови на селекторот. Португалија веќе обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на нации, откако оствари четири победи на четири натпревари. Уште еден бод би бил доволен за и математички да се потврди првото место во групата. Враќањето на Роналдо, на тој начин, останува една од главните теми пред следните репрезентативни предизвици, но конечната одлука за неговото место во тимот ќе биде позната дури откако селекторот ќе го објави конечниот список.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на ФилипчеКај Филипче и СДС работи ефектот на илузорната вистина. Тие се длабоко уверени дека ако една лага ја повторат 1000 пати, таа некако ќе стане вистина.Таков е и случајот со нивните илузорни вистини за Вучиќ и за српскиот свет. Кај нив едноставно речено, работи Фројд. До пред неколку години, кога беа власт Заев и Филипче го величаа Вучиќ и му се поклонуваа на граница кога им донираше вакцини затоа што овие двајцава сакаа нашите да ги украдат. До пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија кажеа некаков лош збор за него. А во меѓувреме, за лица блиски до него како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на Зоран Заев на власт во Македонија, беа вдомени како советници во неговата влада. И наместо да слават за победа на избори на друга партија во друга држава, нека си го средат својот двор. Ако се подготвени за избори, нека ги побараат. А не да бегаат од нив како ѓавол од темјан. Почитувани граѓани, Промените во Европа почнаа пред 4 години токму од Македонија. Со заминувањето на Заев и Филипче од власта, а потоа и со заминувањето на Димитар Ковачевски во Македонија, конечно, дојдоа промените. Граѓаните конечно добија надеж, почит и верба за подобро утре. Затоа на прашањето кое го поставува Филипче, а тоа е: кој е следен? Имаме многу лесен одговор. Филипче, ти си следен! Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКралот Чарлс ќе ги посети поранешните британски колонии: Сакаа отштета поради ропствотоКралот Чарлс оваа недела заминува на турнеја низ Карибите, во време кога во регионот се засилуваат повиците Велика Британија да плати репарации за својата улога во трговијата со робови, објави денеска Ројтерс.Кралот и неговата сопруга Камила најпрво ќе ги посетат Бахамите и Гвајана, а потоа ќе отпатуваат во Антигва и Барбуда за состанокот на шефовите на влади на земјите од Комонвелтот (CHOGM), кој се одржува на секои две години. Турнејата ќе трае од 27 октомври до 4 ноември. На претходниот состанок на лидерите на Комонвелтот во 2022 година, Чарлс изрази длабоко жалење во врска со ропството – тема што сигурно повторно ќе биде покрената. Комонвелтот претставува група од 56 земји, од кои повеќето се поранешни британски колонии. Минатиот месец, „CARICOM“ – заедница од 23 карипски нации, вклучувајќи ги Бахамите, Барбадос и Јамајка – објави дека прашањето за репарациите ќе биде дел од дневниот ред на „CHOGM“. „Карипскиот регион постојано нагласува дека прашањето за репарациите, во својата суштина, е прашање на правда“, изјави генералниот секретар на „CARICOM“, Карла Барнет, во говор минатиот месец. Кралот нема да упати формално извинување „Станува збор за признавање, одговорност и трансформација – градење праведна и еднаква иднина за потомците на оние кои, како сопственост на колонијалните господари, претрпеле незамисливи страдања, како и губење на животот и слободата“, рече таа. Иако од Бакингемската палата изјавија дека кралот нема да ја избегнува темата за вмешаноста на Британија во трансатлантската трговија со робови за време на неговата турнеја, тој сепак нема формално да се извини за тоа, како што некои бараат. Ова е во согласност со политиката на британската влада, која исто така ја отфрла можноста за какви било финансиски репарации. „Овде е важно да се истакне долгогодишната работа на Неговото Височество во насока на признавање на грешките од минатото и обидите да се пронајдат креативни начини за исправување на нееднаквостите што сè уште постојат“, изјави портпарол на палатата. „Извинувањето не би било на одмет“ Ширли Бочвеј, генерален секретар на Комонвелтот на нациите – организација која опфаќа околу 2,7 милијарди луѓе – минатата недела изјави дека дошло време да се разговара за репарации, било да се тие финансиски или од друг вид, како што е враќањето на историски или културни предмети. Што се однесува до извинувањето од кралот, кој сè уште е шеф на државата во голем број карипски земји, вклучувајќи ги Бахамите и Антигва и Барбуда, Бочвеј за „Скај њуз“ изјави дека „тоа не би било на одмет“. Како што пренесува „Ројтерс“, во периодот од 15-тиот до 19-тиот век, европски трговци киднапирале и продале најмалку 12,5 милиони Африканци како робови. Притоа, Велика Британија била одговорна за транспортот на приближно 3,2 милиони луѓе, што ја прави втора најактивна европска земја во тој поглед, веднаш по Португалија. Извор: Индекс.хрТагови: британски колонии Кралот Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter