ХороскопДневен хороскоп за 5 декември 2020 годинаДневен хороскоп за сабота, 5.декември 2020 година.Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи: „Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“ I just had a good phone conversation with Dr Ilija Srdanović. I congratulated him on the Student List’s election victory in Serbia. The priority now is to establish Parliament and the new government without delay, through a peaceful transition and in full respect of the election results. Serbia’s place is in the European Union. We stand ready to support its European path, with a clear focus on the reforms the Serbian people have called for: the rule of law, the fight against corruption and media freedom. — António Costa (@eucopresident) October 27, 2026 На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ЗабаваХоландија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот. Не успеаја да постигнат договор Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така. „Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL. Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза. Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август. AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика. Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета. „Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“ Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој. Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој. Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс. Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори. „Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак. Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија. Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12