ХороскопДневен хороскоп за 5. декември 2019 годинаДневен хороскоп за четврток, 5. декември 2019 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
СветНови американски напади врз ИранАмериканската војска објави дека утрово започнала нов бран напади врз Иран.Нападите започнале во среда во 6 часот наутро по источно време. „Целта на нападот е дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користат за напад врз трговски бродови во Ормускиот теснец“, објави Централната команда на САД на платформата „X“. At 6 a.m. ET today, U.S. Central Command forces began launching a wave of strikes against Iran. The strikes are designed to further degrade military capabilities Iranian forces have used to attack commercial shipping in the Strait of Hormuz. — U.S. Central Command (@CENTCOM) July 15, 2026 За потсетување, американската војска утрово објави дека започнала нов бран напади врз Иран. Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нападите биле насочени кон десетици воени цели во близина на Ормускиот теснец и иранските крајбрежни области, објаснувајќи дека целта е дополнително да се ослабат воените капацитети што Иран ги користи за напад врз трговски бродови. Иранската државна новинска агенција Фарс, повикувајќи се на војската, објави дека 13 американски ракети погодиле касарна на копнените сили во градот Бампур во јужен Иран во текот на ноќта. Според извештајот, седум ирански воени лица биле убиени, а неколку други биле повредени. Иранската војска соопшти дека ќе одговори „решително“ на нападот. Портпаролот на иранската влада изјави дека повеќе од 30 лица се убиени во американските напади во текот на изминатите неколку дена. Американската војска го напаѓа Иран четири ноќи по ред и шест од последните осум ноќи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Црна хроникаДве кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријаваПолициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти ОбвинителствотоПо повеќе од две години истрага, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи го расчистија убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година. Уапсени се сопружници од Скопје, при што 65-годишен маж е осомничен за убиство, а неговата 59-годишна сопруга за помагање при извршување на кривичното дело. Според обвинителството, злосторството се случило на 21 март 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда. Осомничената претходно договорила средба со трповски и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија го нападнал трповски со нож, нанесувајќи му девет убодни рани во градите и телото, од кои починал. Автомобилот заедно со телото потоа го одвезле на паркингот кај поликлиниката железара. Обвинителството и за двајцата сопружници бара притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИстекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36