УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
1УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
ХороскопДневен хороскоп за 5. август 2022 годинаДневен хороскоп за петок, 5. август 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Богатството на еротиката и сензуланоста денеска ќе бидат главното обележје на вашиот личен живот. Уживајте. Кариера Можно е договарање на нов договор. Се ќе изгледа прилично амбициозно , а вие би сакале да се приземјите. Здравје и совет Ќе знаете да ги надминете проблемите . Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата врска одличмно се развива. Оние кои уште се сами , ќе ги комбинираат неврзаните приказни и еротското заведување. Кариера Ќе настојувате мелку да се оддалечите од работата , доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска многу зрело ќе размислувате за личниот живот и ќе барате аргументи за и против. Тоа ќе ве зајакне. Кариера Ќе се зголемат вашите деловни амбиции , но нема да бидат целосно реални. важно е да утврдите што е навистина можно , а што не. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој најверојатно работите ќе ви бегаат од раце , кога станува збор за љубовта. Но , ќе помине. Кариера Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во еден дел од работите. Послужете се со факти. Здравје и совет Не ги земајте работите здраво за готово. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера во двојка , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да помогнат едни на други. Здравје и совет Немојте да се опијаните. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно е дека ќе бидете доста посветени на партнерот и ќе се прилагодувате на неговите потреби. Кариера Денеска добро ќе напредуваат оние кои работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони за да се препуштите на се и сешто , а некои целосно ќе ги спуштат критериумните за љубов. Осамените би биле во друштво на личности по системот ,,дај што билo”. Кариера Дарежливоста на спонзорите , кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања , ќе биде нешто на што ќе се израдувате , но тоа создава и обврски. Здравје и совет Прво промислете , па делувајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со шеги , смеа , мали провокации и слично вие ќе ги спасувате малите недоразбирања во врската. Кариера Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате. Здравје и совет Крајот делото го краси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе добиете поетска инспирација и ќе изразите љубов на необичен начин . Сепак , тоа на крај ќе биде добро прифатено. Кариера Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овојпат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата. Здравје и совет Одете порано на спиење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата мила личност ќе го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе вратите со иста мерка. Кариера Следува одлична соработка со личности кои се духовити , забавни , млади и креативни. Исто важи и за работата. Здравје и совет Можна е преодна настинка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Нема тајни меѓу вас и саканата личност , а тоа е нешто што ве радува. Ќе бидете искрени и подготвени за дружења. Кариера вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите , па ќе знаете дека барем сте се обиделе да делувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро. Здравје и совет Медитирајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се покажат , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи. Здравје и совет Никаде не треба да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали. Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград. Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“. Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона. УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат. Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28. За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своитеПоминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени.Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда. Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството. Диктира задачи на обвинители и судии преку телефон, од собраниска говорница, преку телевизија. Дискредитира и навредува обвинители јавно. Поставува свои советници за судии, сопруга на ексградоначалник на ВМРО во Судскиот совет, обвинителка поврзана со Сашо Мијалков. И каков е резултатот? Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот. Сега и „Газда Деко“ е пред слобода. Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО. Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа. Ниту се повлече, ниту понесе одговорност, ниту обезбеди правда. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата. Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем. Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност. Нема одговорност за петте тони дрога пренесени преку граница. Нема одговорност за криминалните тендери вредни 200 милиони евра. Нема одговорност за водата во Гостивар, за загадените реки. Нема одговорност за тепањето млади во Ново Село. Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните и неправда за жртвите. СДСМ стои со семејствата на загинатите и со повредените во трагедијата во Кочани. Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за секој што дозволил, овозможил или прикривал незаконско работење во „Пулс“. Никој не смее да биде заштитен поради партиска книшка, функција или блискост со криминалната банда на власт. Правдата за Кочани не смее да се разводни. Правдата за Кочани не смее да се одложува. Правдата за Кочани не смее да истече. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуси испукаа сигнални ракети кон дански воен хеликоптер: „Сериозен инцидент“Руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер во меѓународни води.Инцидентот, кој се случи јужно од данскиот град Гедсер, беше потврден од Данската команда за одбрана, како што објави локалниот медиум TV2 на 15 септември, пренесува NV. Сигналната ракета поминала многу блиску до хеликоптерот Настанот се случил на 14 септември во меѓународен воздушен простор. Хеликоптер „AS-550 Fennec“ на Кралските дански воздухопловни сили бил на рутинска мисија за воздушно извидување и фотографирање на руски воен брод што пловел во меѓународни води. Рускиот брод потоа испукал две пиротехнички сигнални ракети директно кон леталото. Според данските воени власти, еден од проектилите поминал многу блиску до хеликоптерот. Меѓу екипажот немало повредени, а хеликоптерот не претрпел никакви оштетувања. „Сериозен инцидент“ Данскиот министер за одбрана Јепе Брус ја осуди провокацијата и најави дека Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор на официјална дипломатска средба. „Ова е сериозен инцидент и Данска го сфаќа крајно сериозно“, изјави Брус. „Колку што знам, ова е првпат да се соочиме со инцидент од ваква природа. Тоа јасно покажува дека Русите се подготвени да преземаат сè поголеми ризици. Ова е сериозен настан и токму затоа го повикуваме рускиот амбасадор“, додаде тој. Овој инцидент се случува кратко откако Емил Грешолм, шеф на контраразузнавањето во Данската служба за безбедност и разузнавање (PET), на 3 септември објави дека данските агенти откриле конкретни планови на руското разузнавање. Според него, Русите подготвувале саботажа на капацитетите на данската воена индустрија. Извор: Б92Тагови: ракети хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter