Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
2Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 5. април 2021 годинаДневен хороскоп за понеделник, 5. април 2021 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе успеете да се опуштите од малите љубовни грижи. Денешниот ден ќе ја врати ведрината во вашите интимни односи. Кариера Денеска една млада личност од работа би можела да ви ги довери своите стравови и сомневања. Здравје Наполнете ги батериите со лесна гимнастика. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно е дружење со по малку мистични луѓе на необично место. Кариера Оние чија работа е поврзана со настапи или со публика , денеска ќе имаат шанса за да ги покажат своите таленти. Здравје Вежбајте правилно дишење. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно ќе бидете растргнати меѓу саканата личност и еден член на своето семејство . Кариера Денеска ќе се обидете да се оддалечите од деловните теми , колку е можно повеќе. Некои ќе заминат во теретана , а некои на пливање. Здравје Време е за релаксирање. Рак 22.6-22.7. Љубов Цел ден со леснотија ќе воспоставувате контакти со луѓето , па секако излезете на кафе и прошетајте се. Тоа ќе ви го освежи денот. Кариера Знаете дека добро ви оди и немате потреба премногу да размислувате за работата. Здравје Поминете го денот во друштво. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде на завидно ниво. затоа малку ќе ве збуни чувствителноста на партнерот. Кариера Можете да преминете преку се што ќе ве снајде. Затоа не правете проблеми таму каде што всушност и ги нема. Здравје Имајте доверба во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вешите лични односи денеска ќе бидат во чувствителна фаза кога треба да покажете толеранција, внимание и сочуство. Кариера Опуштањето пред крајот на работната недела навистина ве радува Сосема ќе заборавите на работата. Здравје Почнете да спортувате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во вториот дел од денот ќе сфатите дека не е потребно да инсистирате на своите барања. Ќе бидете во рамнотежа , а врската ќе се подобри. Кариера Не ви е сосема јасно што се очекува од вас , па ќе размислувате за тоа и за своите цели. Здравје Пијте повеќе течности. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска конечно ќе дојде до подобрување на приватните односи , а тоа ќе ви разбуди надеж дека може да биде уште подобро. Кариера Работата никако не ви се вклопува во денешниот ден кога сакате да се посветите на себе, на она што го сакате или на некои внатрешни превирања. Здравје Не се споредувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се развива на многу убав начин . Тоа ќе ве мотивира на уште повеќе активности. Кариера Се чини дека се се равива и подобро од очекувањата. Малку повеќе ангажман денеска ќе биде поврзан со колегите. Здравје Внимавајте на настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Уживањата во друштвото на саканата личност ќе ги споите со гурманско уживање. На дневен ред е скара. Кариера Пред вас се многу нови амбициозни планови кои ве радуваат. размислувате што уште можете да постигнете. Здравје Искористете го денот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можеби ќе се измачувате од своите црни мисли , но ако и се препуштите на ведрината на саканата личност, се ќе биде во ред. Кариера Пред вас доаѓа нова работна недела,откако оваа ја завршивте со половичен резултат. За следната знаете дека ќе има предизвици. Подгответе се и вежбајте дипломатија. Здравје Побарајте хумористични содржини. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Загриженоста поради состојбата на еден пријател ќе биде главна тема за разговор со саканата личност. Кариера Верувате дека следните работни денови ќе може да се потпрете на своите колеги. Делумно сте во право. Здравје Вежбајте јога.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаинЗаплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44). Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана. Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59