ХороскопДневен хороскоп за 5. април 2020 година Дневен хороскоп за недела, 5. април 2020 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Кариера Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни. Здравје и совет Многу работи ќе ви изгледаат здодевни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите. Кариера Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така. Здравје и совет Не се расправајте , туку соработувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Кариера Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје и совет Бидете поодговорни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво. Кариера Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо. Здравје и совет Се чувствувате се подобро. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје и совет Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент. Девица 23.8.-23.9. Љубов Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Кариера Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете. Здравје и совет Емотивно незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги. Кариера Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје и совет Не анализирајте ги своите заслуги. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Кариера Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје и совет Мали проблеми со циркулацијата. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни. Кариера Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега. Кариера Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е. Здравје и совет Може да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро. \Кариера Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Здравје и совет Не ја трошете одеднаш целата енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате. Кариера Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите. Здравје и совет Дотерајте се и излезете некаде.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБизнисмен ја изненади ќерката на Здравко Чолиќ- на полноќ добила подарок од 7.000 евра (ФОТО)Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, го прослави својот роденден во Виена со постаро момче бизнисмен кое ја изненади со скап подарок.Уна го живее својот идиличен живот, а нејзиното момче реши да ја изненади за нејзиниот роденден. Имено, ќерката на Здравко Чолиќ објави серија фотографии од Виена, на кои покажа како уживала во краткото патување за роденден со својот емотивен партнер. Постариот бизнисмен ја изненадил својата подобра половина, во нивната хотелска соба прво пристигнал огромен букет црвени рози, додека Уна избрала часовник „Картие“ вреден околу 7.000 евра. Двајцата уживале и во вечери во луксузни ресторани, обиколка на градот, а Уна ја упатила својата желба за роденден точно на полноќ, додека тој ја изненадил со мало колаче со свеќа, за прославата да може да започне токму тогаш. Кој е дечкото на Уна Чолиќ? Како што се испостави, нејзиниот избраник води профитабилен бизнис, а има и ресторани што ги издава под наем. - Момчето на Уна е препродавач на автомобили и автоделови и е многу успешен во тоа. Тој поседува и продавници во Белград кои ги издава под кирија и заработува многу пари од нив - изјави извор близок до двојката. Да ве потсетиме дека, според медиумите, ќерката на Чолиќ наводно е подготвена за брак и планира наскоро да се сврши. - Уна Чолиќ и нејзиното момче уживаат во љубовта веќе неколку години, тие се неразделни, а Здравко Чолиќ му го даде благословот на својот зет и го пречека во семејството со раширени раце. Тие сериозно размислуваат за следниот чекор, па затоа свршувачката е поблиску од кога било - изјави неодамна извор.Тагови: бизнисмен здравко чолиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДронови погодија брод во близина на Бугарија- издадено е предупредувањеОсумнаесет членови на екипажот на контејнерскиот брод „Контшип Џет“ беа спасени откако три морнарички дронови го погодија бродот во Црното Море, околу 16 наутички милји од бугарскиот брег.Како што објави „Новините“, повеќе од 20 контејнери со опасни материјали паднаа во морето. Според бугарските власти, бродот претрпел три дупнати дупки и сè уште плови, но силно се навалува. Потеклото на дроновите не е утврдено. Контејнерите што пловат во морето вклучуваат литиум-јонски батерии, киселини, запаливи течности и други опасни материјали, поради што властите ги предупредија морнарите за ризикот за пловидбата. Првичната морска инспекција кај ’ртот Калијакра не покажа видливи знаци на загадување, но ќе бидат земени примероци од вода за лабораториска анализа. Во одделен инцидент, остатоци за кои се верува дека му припаѓаат на рускиот дрон „Геран“ беа пронајдени на брегот во близина на Царево. Министерството за одбрана на Бугарија соопшти дека остатоците се собрани и транспортирани во поморска база. Тагови: Бугарија дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЗагина 24- годишна атлетичарка во страшната железничка несреќа во Шпанија Шпанската атлетика е обвиткана во жалост по смртта на Хулиета Галего, 24-годишна скокачка во далечина за мадридскиот клуб АД Спринт, која вчера загина во железничка несреќа во Урда, покраина Толедо,објавија шпанските медиуми. Атлетичарката е една од 69-те жртви на ужасниот судир меѓу два воза. Галего го прослави својот 24-ти роденден на 9 октомври и оваа година живееше во Германија. Редовно се натпреваруваше на шпанските клупски првенства, каде што се истакна во дресот на АД Спринт. Нејзиниот личен рекорд во скок во далечина беше 5,90 метри. Веста за нејзината смрт ја потресе атлетската заедница на Шпанија, а претседателот на Кралската шпанска атлетска федерација, Раул Чападо, се збогува со младата атлетичарка во емотивна порака. - Постојат удари што го погодуваат самото срце на атлетското семејство. Денес, спортот тагува за загубата на Хулиета, живот полн со ветувања кој беше неправедно прекинат - рече Чападо. Тој нагласи дека шпанската атлетика ја дели болката со семејството, пријателите и клубот на младата атлетичарка, нагласувајќи дека не се сами во овие тешки моменти. - Шпанската атлетика го зачувува духот на Хулиета и ја дели огромната тага на нејзиното семејство, пријателите и клубот на кој таа му припаѓаше целиот свој живот. Тие не се сами во оваа празнина - изјави претседателот на федерацијата и им упати сочувство на семејствата и пријателите на сите загинати во несреќата.Тагови: атлетичарка Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11