ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 4. септември 2019 годинаДневен хороскоп за среда, 4. септември 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно. Кариера Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство. Здравје и совет Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат. Вага 24.9.-23.10. Љубов Продолжувате да споделувате среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет. Кариера Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците. Здравје и совет Уживајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската. Кариера Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот. Здравје и совет Одете во природа. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе. Кариера Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица. Кариера Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи. Здравје и совет Одете до крај и не запирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат. Кариера Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време. Здравје и совет Имате право на краток одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно. Здравје и совет Потребно ви е вежбање во теретана. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести. Кариера Ќе се обидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува. Кариера Претстои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели. Кариера Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата. Здравје и совет Посилни сте од многумина. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот. Кариера Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни. Здравје и совет Добро ќе си поминувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат. Кариера На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметникАмериканската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски. Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно. Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум. Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс. Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“. Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook