ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2025 годинаДневен хороскоп за вторник, 4. ноември 2025 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи. Кариера На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај. Здравје и совет Потсетете се на сопствените приоритети. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено. Кариера Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор. Здравје и совет Ќе бидете креативни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите. Кариера Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата. Здравје и совет Внимавајте на здравјето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири. Кариера Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате. Здравје и совет Сигурен пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега. Кариера Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука. Здравје и совет Сакате да престанете со нездрав живот . Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања. Кариера Иако ги иамте сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник. Здравје и совет Делувајте паметно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема. Кариера Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност. Здравје и совет Контролирајте го своето однесување. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна. Кариера Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна. Кариера Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Лав 23.7-22.8. Љубов Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Кариера Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Здравје и совет Не се откажувајте од своите идеали. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос. Кариера Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. Кариера Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето. Здравје и совет Бидете подготвени за акција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСопругата на Мадуро бара да биде пуштена од затвор, пред почетокот на судењето на екс претседателот Селија Флорес, сопругата на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, треба да се појави пред американски суд за да побара да биде ослободена од притвор од здравствени причини .Селија Флорес, сопругата на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, треба да се појави пред американски суд за да побара да биде ослободена од притвор од здравствени причини додека чека судење за трговија со дрога закажано за следната година. На рочиштето, кое е закажано да започне во 10:30 часот по локално време во федералниот суд на Менхетен, нејзините адвокати ќе побараат од американскиот окружен судија Алвин Хелерштајн да ѝ одобри кауција за да може да се подложи на кардиолошка процедура и да се опорави во поудобни услови. Адвокатите предложија Флорес да биде преместена во приватен дом во областа на Њујорк, со приватно обезбедување 24 часа на ден, велејќи дека таа не претставува опасност за заедницата. Трошоците, велат тие, ќе бидат покриени од венецуелската влада, на која САД ѝ дозволија да ја финансира правната одбрана на Флорес и Мадуро. Во меѓувреме, американски функционер за Ројтерс изјави дека Мадуро и Флорес би можеле да се соочат со нови кривични обвиненија за наводна тортура врз Американци притворени во Венецуела. Обвиненијата би можеле да бидат објавени уште во четврток. Флорес (69) и Мадуро (63) беа заробени во нивниот дом во Каракас на 3 јануари во рација на американската војска и префрлени во Њујорк. Американските обвинители ги обвинуваат за злоупотреба на своите позиции за да им овозможат на шверцерите со дрога да шверцуваат кокаин. Рацијата стави крај на 13-годишното владеење на Мадуро во богатата со нафта Венецуела. Венецуела оттогаш ја зголеми соработката со Вашингтон под водство на поранешната потпретседателка на Мадуро, Делси Родригез. Мадуро и Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога. Тие се задржани во Метрополитен притворен центар во Бруклин од нивното апсење, а нивното судење е закажано за 1 јуни 2027 година. Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен се спротивставува на ослободувањето на Флорес. Обвинителите велат дека таа добила соодветна медицинска нега додека била во притвор и дека доколку биде ослободена, таа би претставувала „екстремно висок ризик од бегство и опасност за јавноста“, вклучително и можноста за заплашување на сведоци. Обвинителите, исто така, рекоа дека други судии претходно пресудиле дека практиката на дозволување на некои обвинети да плаќаат за сопствен надзор додека се надвор од затвор е неправедна, бидејќи помалку богатите обвинети не можат да си го дозволат тоа. Одлуката на судијата Хелерштајн за кауција нема да влијае на судењето или на евентуалната казна. Доколку биде осудена, Флорес се соочува со задолжителна минимална казна од 40 години затвор. Флорес претходно беше државен обвинител на Венецуела и го водеше Националното собрание на земјата пред да стане прва дама. Американските обвинители тврдат дека таа зела стотици илјади долари мито од голем трговец со дрога. Тагови: Николас Мадуро сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАлександар Чеферин одлучи дали повторно ќе се кандидира за претседател на УЕФААктуелниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, прифатил да се кандидира за нов мандат на чело на европскиот фудбал, објави денес УЕФА.Во соопштението се наведува дека на состанок во Берлин, Чеферин им рекол на претседателите и генералните секретари на сите 55 национални асоцијации, кои се членки на УЕФА, дека ќе се кандидира за уште еден, последен мандат и ќе продолжи да ја води организацијата по 2027 година. - Во текот на изминатите месеци, тие едногласно го замолија да ја преиспита својата претходна одлука да не се кандидира повторно. Чеферин се согласи со ова и ја потврди својата намера да се кандидира за нов мандат на 51-от редовен конгрес на УЕФА во Астана (Казахстан), на 22 април 2027 година. Неговата одлука, исто така, следеше по бројните изрази на поддршка и охрабрување од други актери во европскиот фудбал - беше објавено на официјалната веб-страница на УЕФА. - Би сакал да им се заблагодарам на националните асоцијации за нивната доверба. Во последните години се соочивме со исклучителни предизвици и ги надминавме како тим. Сè уште има многу важна работа пред нас, поради што го прифатив нивното барање. Мојата амбиција останува непроменета: да го зачувам единството на европскиот фудбал, да ја зајакнеме нашата игра и да ја оставиме УЕФА подготвена за идните генерации. Исто така, сум длабоко благодарен на моето семејство. Оваа одлука исто така бара многу од нив, а не можев да ја донесам без нивното разбирање и поддршка - рече Чеферин, објави УЕФА. Во соопштението се вели дека состанокот во Берлин бил посветен и на идното управување и управување со Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА). - УЕФА и сите национални асоцијации (со исклучок на Азербејџан) се согласија за јасна насока за реформа на ФИФА. Националните асоцијации повторија дека ја изгубиле довербата во сегашното раководство на ФИФА. Само институционалната реформа нема да биде доволна. На ФИФА ѝ е потребно ново раководство: почитувана, обединувачка фигура, длабоко вкоренета во фудбалот, со визија и лидерско искуство, способност да стекнува доверба во различни региони и недвосмислена посветеност на развој, реформи, интегритет и независност - соопшти УЕФА. Дискусиите за реформите и идното раководство на ФИФА ќе продолжат меѓу националните асоцијации, како и со партнери од фудбалските организации ширум светот, се додава во соопштението. Во соопштението се вели дека следниот состанок на 55-те национални асоцијации ќе се одржи пред 17 ноември оваа година. Тагови: УЕФА ЧЕФЕРИН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМислела дека ќе улови змија од 1 метар- погледнала во бунарот и се шокирала (ВИДЕО)Австралија е позната по големиот број отровни животни, а меѓу оние што предизвикуваат најголем страв секако се змиите.Еден вид, источната кафеава змија (Pseudonaia textilis), е широко распространета низ поголемиот дел од источна Австралија и според официјалните податоци, е одговорна за повеќе смртни случаи од кој било друг вид во земјата. Повик од фармата Колку ризична може да биде „блиска средба“ со такво суштество, дури и за професионалци, покажа Самер, ловец на змии од Сончевиот брег, која претходно објави видео од една од своите интервенции на социјалните мрежи. Таа добила повик од фарма, каде што сопствениците забележале змија во бунар за која процениле дека е долга околу 100 сантиметри. Сепак, штом пристигнала на местото на настанот, Самер сфатила дека ситуацијата е посериозна отколку што очекувала. Змијата била значително поголема од првично проценетата и таа брзо утврдила дека станува збор за источна кафеава змија. Морало брзо да се најде начин за безбедно извлекување на опасното суштество од бунарот. Важно било не само да се заштитат луѓето во близина, туку и самото животно. Змијата веќе почнала да ја губи телесната температура поради студот во бунарот, а дополнително била исцрпена од постојаните обиди да излезе на површина, објавува Dnevno.hr. Привлекла внимание на интернет Самер успеала релативно брзо да ја фати со мрежа, но потоа следел потешкиот дел од интервенцијата. Змијата морала да се префрли од мрежата во специјална торба за транспорт. Внимателно ја зграбила за опашката, за да одржи доволно растојание од главата, и внимателно ја ставила во торбата. За време на постапката, забележала дека веќе доста се оладила, па се обидела да ја вознемирува што е можно помалку. Откако ја ставила змијата во торбата и ја обезбедила за транспорт, интервенцијата била успешно завршена. Сумер го снимила и последниот дел од целата операција - враќање во природата. Видеото привлече внимание на мрежите, а во исто време покажува колку може да биде стресна работата на професионалните ловци на змии и колку претпазливост бара, дури и кога станува збор за луѓе кои се навикнати на „блиски средби“ со опасни животни.Тагови: бунар змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40