Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
1Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
ХороскопДневен хороскоп за 4. март 2023 годинаДневен хороскоп за сабота, 4. март 2023 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност. Кариера Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники. Здравје и совет Намалете ги слатките во исхраната. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами. Кариера Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа. Здравје и совет Преодна кашлица. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе. Кариера Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот. Здравје и совет Уживајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка. Кариера Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се. Здравје и совет Потребен ви е нов режим на здрави навики. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото. Кариера Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел. Здравје и совет Ова е ден за вашата сестраност. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба. Кариера Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други. Здравје и совет Време е да пораснете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво. Кариера Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи. Здравје и совет Продолжете понатаму. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра. Кариера Денеска подфобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја. Кариера Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот. Здравје и совет Бидете отворени за секоја ситуација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија. Кариера Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време. Здравје и совет Не се залетувајте по нереални ситуации. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно. Здравје и совет Внимателно со медикаментите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Други спортовиСветско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!Тринаесетгодишниот Матис Линдстрем ја освои титулата во Шведска во скијачки скокови во сениорска конкуренција, остварувајќи убедлива победа на натпреварот во Ерншелдсвик. Младиот Швеѓанец изведе скокови од 95 и 90 метри на скокалницата К-90, освојувајќи вкупно 223 поени. Второпласираниот Оскар Франсен собра 172,4 поени, што значи дека Линдстрем победи со предност од дури 50,6 поени. Третото место му припадна на Оливер Јидел, додека четврти беше Елвин Сванборг. Поискусните натпреварувачи Себастијан Девал и Маркус Фламстрем ги зазедоа последните две места во конкуренција од шестмина скокачи. Линдстрем го заврши првенството со три победи, бидејќи беше најдобар и во јуниорските категории на нормалната и средната скокалница. Младиот скокач го сврте вниманието кон себе во февруари, кога триумфираше на „Осло Винтергејмс“ (Oslo Wintergames), победувајќи 23 норвешки натпреварувачи на возраст од 12 до 15 години. Неговите резултати се особено значајни за шведските скијачки скокови, спорт кој се соочува со недостиг на натпреварувачи. На тој начин, Линдстрем се издвојува како еден од оние што би можеле да ја носат иднината на овој спорт во Шведска. Дополнителен поттик за развојот на скијачките скокови во таа земја би можело да биде Светското првенство во нордиски скијачки дисциплини, кое ќе се одржи во Фалун во 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГрадоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработкаПродолжувајќи ја агендата на теренски посети низ сите делови на општината, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и раководниот општински тим одржаа работна средба со жителите на месната заедница Припор. Овој отворен дијалог послужи како одлична прилика да се направи сублимат на досегашните капитални проекти, но и заеднички да се мапираат следните чекори. Присутните граѓани го изразија своето задоволство од сработеното во изминатиот период. Посебна благодарност беше упатена за изградбата на новата спортска сала во склоп на подрачното училиште „Круме Кепески“, како и за почетокот на градежните работи за изведба на фекалната канализација на улицата „Христо Татарчев 14“. Исто така, позитивно беше оценето и редовното одржување на хигиената низ населбата. Во вториот дел од дискусијата, жителите ги акцентираа своите тековни потреби, при што побараа Општина Кисела Вода да посредува и да интервенира кај неколку надворешни институции. Конкретно, беше побарана интервенција до АД „Македонски пошти“ за итно обезбедување на поштар кој е дефицитарен во МЗ Припор, како и интервенција до ЈП „Водовод и канализација“ за редовно читање на водомерите во шахтите. Жителите упатија и барање за поредовно собирање на сметот од страна на ЈП „Комунална хигиена“, претпријатие кое е под надлежност на Град Скопје. Што се однесува до инфраструктурните и комуналните барања насочени кон локалната самоуправа, граѓаните побараа реконструкција на оградата на спортското игралиште во месноста Теферич, реконструкција на улицата „Христо Татарчев“ - крак 22, како и реконструкција на атмосферската канализација на кракот 14 од истата улица. Дополнително, беше изнесено барање за изградба на фекална канализација на улицата „Христо Татарчев 14/146“, како и кроење и кастрење на гранките на улицата „Христо Татарчев 22“ и кај семафорите на спојот со улицата „Народни Херои“. Стручните служби на Општина Кисела Вода ги забележаа сите поднесени барања и иницијативи, со цел истите во најкус можен рок да бидат разгледани и соодветно решение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн ја освои „Златната топка“? Баерн не ја објави случајно оваа слика!!Европскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен на социјалните мрежи објави дека Хари Кејн ќе ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот.Баерн Минхен на социјалните мрежи објави дека нивниот центарфор неверојатниот голгетер Хари Кејн е добитник на овогодишната „Златна топка“ – наградата за најдобар фудбалер во светот. „Шоуто наскоро започнува“, порачаа Баварците, придружувајќи ја објавата со фотографија од 33 годишниот англиски напаѓач, кој е облечен во костум на свечената церемонија на доделување на наградата. На овој начин, Германците ги поттикнаа гласините дека ова е навистина годината во која Кејн ќе биде крунисан за најдобар фудбалер во светот. Голема, свечена церемонија ќе се одржи во понеделник, на 26 октомври – во познатиот лондонски театар „Лондон Паладиум“, а не, како што е вообичаено, во Париз. Низ јавноста кружат неофицијални информации дека Кејн ќе ја добие оваа најпрестижна награда, и тоа во конкуренција на силни ривали. Во текот на својата кариера, Кејн присуствуваше на свечена вечера во Париз, а во 2024 година ја доби наградата „Герд Милер“, наменета за најдобриот стрелец. Англичанецот тогаш стана и добитник на европската „Златна копачка“, а се чини дека овој месец би можел да ѝ придодаде на таа награда уште една, највредната од сите – „Златната топка“ (Ballon d'Or) на „Франс фудбал“. Се разбира, тоа би било сосема оправдано, бидејќи минатата сезона тој постигна 72 гола за својот клуб и за националниот тим, ја одбрани титулата во Бундеслигата и ја предводеше Англија до полуфиналето, при што во Америка постигна шест гола. Баерн можеби сакаше да каже нешто друго Изминативе денови, англиските медиуми ексклузивно објавија дека Хари Кејн ќе го продолжи договорот со Баерн, што значи дека тој ќе продолжи да настапува на минхенската „Алијанц арена“ и по 30 јуни 2027 година, кога истекува неговиот сегашен договор.Тагови: Златна топка Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter