Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
1Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ХороскопДневен хороскоп за 4. јуни 2020 годинаДневен хороскоп за четврток, 4.јуни 2020 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството. Кариера Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание. Здравје и совет Помагајте им на другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство. Кариера Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации. Здравје и совет Подобро е да верувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет. Кариера Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата. Здравје и совет Не споредувајте се со другите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце. Кариера Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. Здравје и совет Најдете златна средина. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично. Здравје и совет Покажете ја својата ведра страна. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате. Кариера Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите. Здравје и совет Вие знате како да постапите со секого. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства. Кариера Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки. Здравје и совет Бидете тактични. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност. Кариера Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство. Здравје и совет Игнорирајте ја нервозата. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери. Кариера И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот. Здравје и совет Бидете професионални. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате. Кариера Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата. Кариера Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате. Здравје и совет Едноставно издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите. Кариера Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас. Здравје и совет Носете заклучоци во тишина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинатиШпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници. Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект. Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани. Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година. Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00