Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 4.5. 2019 година Дневен хороскоп за сабота, 4. мај 2019 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија. Кариера Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови. Здравје и совет Поработете на себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено . Здравје и совет Во добра форма сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место. Здравје и совет Пад на имунитетот. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете пореални. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа. Здравје и совет Никогаш не е готово. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Не се откажувајте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови. Здравје и совет Прошетајте на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни. Кариера Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака. Здравје и совет Опуштете се во слободното време. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови. Кариера Веројатно че добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот. Кариера Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Наспијте се. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро. Кариера Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка. Здравје и совет Дишите со полни гради.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook