3Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата
ХороскопДневен хороскоп за 4.4.2019 годинаДневен хороскоп за чертврток , 4 април 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени. Кариера За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат. Здравје и совет Поработете на својата дисциплина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого. Кариера Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво. Кариера Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив. Здравје и совет Не возете ако сте возбудени. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос. Кариера извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно. Здравје и совет Зголемен апетит. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно. Кариера Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите. Здравје и совет Не ги надминувајте своите можности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик. Кариера Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени. Здравје и совет Јадете повеќе овошје. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно. Кариера Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите. Здравје и совет Бидете подискретни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Кариера Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат. Здравје и совет Ќе имате голем апетит. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов. Кариера Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите. Здравје и совет Во добра форма сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство. Кариера Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални. Здравје и совет Скромноста сепак е доблест. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте. Кариера Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место. Здравје и совет Прифатете го неизбежното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта. Кариера Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. Здравје и совет Посилни сте од другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураИзложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули анВо рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години. Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева. Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти. Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк. Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСуспендирани 448 турски фудбалски функционериТурската фудбалска федерација привремено суспендираше 448 сегашни и поранешни клупски функционери, вклучувајќи ги претседателот на „Трабзонспор“, Ертугрул Доган, и потпретседателот на „Бешикташ“, Хакан Далтабан. Овој потег е преземен како дел од истрагата за спортско обложување во турскиот фудбал. Од Федерацијата официјално соопштија дека сите суспендирани функционери се обложувале во текот на изминатите пет години додека извршувале функции во клубови од првата и втората лига во земјата. Сите тие се пријавени до дисциплинската комисија на Федерацијата. Турските медиуми известуваат дека, од 448-те суспендирани функционери, 171 биле или моментално се поврзани со клубови од највисокиот ранг на турскиот фудбал. Турската фудбалска федерација го засили надзорот врз спортското обложување откако минатата година земјата беше потресена од голем скандал поврзан со обложување. Како дел од таа истрага, Федерацијата суспендираше 149 судии и 1.024 фудбалери на различни временски периоди. Во посебна истрага спроведена претходно оваа недела, еден функционер и шест члена на главната судиска комисија беа приведени под обвинение за мешање во судиските процедури.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЕфес се огласи-Мајк Џејмс ја повреди Ахиловата тетиваТурскиот кошаркарски великан Анадолу Ефес се огласи – црните претчувства се потврдија турскиот евролигаш ја објави и потврди повредата на Ахиловата тетива на Мајк ЏејмсПоразот на Ефес од Црвена Ѕвезда во Белград во рамките на Евролигата падна во втор план за Анадолу Ефес во моментот кога Мајк Џејмс, на носилки, го напушти теренот во „Белградска арена“. Американскиот бек ја повреди Ахиловата тетива за време на дуелот со Црвена ѕвезда, а првичниот впечаток дека станува збор за сериозен проблем набрзо беше потврден и од самиот клуб. По натпреварот, Ефес соопшти дека Џејмс ќе мора да направи дополнителни прегледи за да се утврди сериозноста на повредата и да се одредат понатамошните чекори. „Следат детални прегледи за Мајк Џејмс поради повреда на Ахиловата тетива, по што ќе се утврди прецизен план за лекување и закрепнување“, се наведува во соопштението на турскиот клуб. Ефес беше поразен од Црвена ѕвезда во „Белградска арена“ со резултат 77:72 во натпреварот од 3. коло на Евролигата, но исходот на мечот беше засетен од загрижувачка сцена. За тимот од Истанбул е особено важно што се повреди играчот кој е најдобар стрелец во историјата на Евролигата. Засега нема официјални информации за сериозноста на повредата, ниту за тоа колку долго Џејмс би можел да отсуствува. Повеќе детали се очекуваат по дополнителните медицински прегледи.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00