Дневен хороскоп за 31. октомври 2020 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 31. октомври 2020 година

Дневен хороскоп за сабота, 31. октомври 2020 година. 

Дневен хороскоп за 31. октомври 2020 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Доаѓате до заклучок за важна одлука или фаза што ќе влијае на статусот на вашата врска. Се е под контрола , но не се залетувајте.

Кариера

Ќе имате силна желба и потреба да ги презентирате своите способности , но нема да добиете можност за тоа. Почекајте малку.

Здравје

Посветете се на себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Оние кои се можеби цел на додворувачи, денеска ќе бидат под нивно влијание. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Добродушност , наивност и попустливост ќе бидат обележје на вашето однесување кон другите на работа.

Здравје

Може да покажете мал отпор.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци.

Кариера

Иние пред кои ќе се најде некаков договор , добро нека го проанализираат секој детал , па ќе видат дека не е целосен. Треба да се доработи , дополни.

Здравје

Почекајте подобро време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весели дружби и забави ќе се мешаат со интуицијата , што ќе ви овозможи лесно да читате меѓу редови.

Кариера

Ќе работите вредно и посветено , а во работата ќе внесете и доза креативност. Тоа ќе биде добар обид.

Здравје

Ви претстои интересен сон.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Подобрување на личните односи ќе бидат поврзани со можност за излегување на итересни места полни со весели луѓе.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се се подобри.

Здравје

Дишете со полни гради.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се трудат да бидат толку љубезни што ќе ја нервираат другата страна. Ако се не е идеално , прилагодете се и бидете природни.

Кариера

Ќе чувствувате како стрелката на часовникот да се приближува кон крајната линија зад која почнувате нешто сосема ново.

Здравје

Трпение , спасение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе размислуваат за измени во односите со саканата личност , но подобро ништо да не решаваат или да носат заклучоци.

Кариера

Многумина ќе треба да бидат на услуга на своите соработници , но нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работата.

Здравје

Земајте витамини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Радоста ќе се меша со нови знаци , кои ќе ви даваат нови инфомации и ќе ве наведуваат на нови љубовни активности.

Кариера

Важно е денеска да го слушате својот внатрешен глас , зашто тој ќе ви биде најдобар патоказ за успех.

Здравје

Не зборувајте напразно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве натера да ги подобрите со идеја за излегување , каде убаво ќе си поминете.

Кариера

Тешко е нешто да ве загрози или да ве одврати од она што го работите . Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје

Одлично се чувствувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои по длабоките анализи ќе почнат да зрачат со самодоверба , па така ќе им пристапуваат на лицата од спротивниот пол .

Кариера

Финансии и комуникации ќе бидат главно обележје на денот , а во овие активности ќе бидете сериозни и успешни.

Здравје

Можете малку да се опуштите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе измешате сензуалност со идеализам , а некои ќе бараат и неможни работи. Сепак , ќе се чувствувате добро.

Кариера

Се повеќе се стремите кон повисоки цели , но за тоа се потребни и знаења. Затоа ќе ве препрашуваат и тестираат.

Здравје

Не се предавајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете расположени да покажете повисоко ниво на чувствителност отколку вообичаеното. Тоа ќе му се допадне на партнерот.

Кариера

Ќе ве побараат за соработник или ќе прашуваат за ваше мислење или совет . Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје

Одвојте го деловното од приватното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија заплени два тона кокаин на јахта, позврзана со балканска нарко- мафија (ВИДЕО)

Шпанската даночна агенција и француската царина запленија дрога во Атлантскиот Океан и уапсија четири члена на екипажот на јахта, како и водачот на група со седиште во Жирона.

Шпанија заплени два тона кокаин на јахта, позврзана со балканска нарко- мафија (ВИДЕО)

Пресретнувањето на едрилица што превезувала повеќе од два тона кокаин во Атлантскиот Океан доведе до демонтирање на логистичка мрежа за трговија со дрога.

Заедничка воено-царинска операција покрај брегот на Галиција во Шпанија заврши со апсење на членови на екипажот на отворено море, како и водачот на мрежата во Жирона, во една од најголемите заплени на поморските патишта што ги користат нарко-картелите, објави „Еуроњуз“.

Операцијата „Дончела“, спроведена од Шпанската служба за царински надзор заедно со француските царински власти, резултираше со пет апсења и запленување на повеќе од 2.000 килограми кокаин, на околу 600 километри од брегот на Галиција.

Истрагата беше започната во Жирона во февруари, со цел да се испита сомнителна јахта.

Бродови за источноевропски и балкански мафии

Истрагата се фокусираше на 14-метарска јахта, која пловеше под полско знаме, но дел од документацијата покрена сомнежи, а се покажа дека нејзиниот сопственик имал претходна пресуда за кражба.

Собраните докази потврдија дека мрежата снабдувала криминални организации од Источна Европа и Балканот со чамци за рекреација регистрирани под странски знамиња.

По собирањето информации во Полска преку Центарот за разузнавање за борба против тероризмот и организираниот криминал, полициските службеници ја лоцираа јахтата во Роузес, Жирона, и ја држеа под надзор до 11 јули, кога исплови со исклучен систем за следење за да се избегне надзор.

Уапсени пет осомничени

Со помош на американската Администрација за борба против дрога (DEA), Националната агенција за криминал на Велика Британија и Поморскиот центар за анализа и операции за борба против наркотици на Португалија, шпански патролен брод ги следеше и ги лоцираше шверцерите на околу 600 километри од брегот на Галиција.

По операцијата за качување во раните утрински часови на 14 септември, полицајците пронајдоа 70 бали што содржеа вкупно 2.100 килограми кокаин, складирани низ целата палуба.

Операцијата доведе до апсење на четири члена на екипажот - државјани на Аргентина, Уругвај, Колумбија и Албанија, а осомничениот Албанец наводно бил одговорен за надгледување на испораките до клиентите на Балканот.

Додека „Петрел И“ ја влечел јахтата кон Виго, полицијата во Жирона го уапсила водачот на групата, чилеански државјанин кој бил задолжен за пронаоѓање на бродот. Истрагата е во тек, додека полицајците работат на апсење на човек во Барселона за кој се верува дека бил одговорен за надзор и логистика на групата.

Обвинетите ќе бидат изведени пред Националниот суд под сомнение за припадност на организирана криминална група, како и за шверц и трговија со дрога, додека властите се обидуваат да го спречат атлантскиот пат за шверц на кокаин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе: Треба да ја добијам Златната топка зашто го исполнувам главниот услов

Времето за доделување на Златната топка за минатата сезона е близу, а секој од двајцата фаворити за наградата, Килијан Мбапе и Ламин Јамал, им кажува на медиумите зошто треба да ја освои титулата најдобар фудбалер во светот за 2025/26 година. 

Мбапе: Треба да ја добијам Златната топка зашто го исполнувам главниот услов

Сега Мбапе во интервју за RFI изјави: „Чувствувам дека ова е добра година за мене. Би бил разочаран ако не ја освојам Златната топка. Кога натпреварувачот не победува, тој е разочаран, а јас сум натпреварувач.“

„Ги исполнувам клучните критериуми за Златната топка“

Тој објасни зошто треба да ја освои Златната топка: „Мојата индивидуална година беше одлична. Бев најдобар стрелец на сите големи натпреварувања, што е клучен критериум за Златната топка. Знам дека направив сè како што треба за да ја освојам и смирен сум додека ги чекам резултатите од изборот.“

Мбапе, син на Алжирец и Камерунец, им се обрати на африканските гласачи на изборите: „Никогаш не сум изгубил контакт со моите африкански корени. Роден сум во Европа, но ја сакам Африка и моето африканско потекло. Секој пат кога одам во Африка ја чувствувам љубовта на луѓето таму. Отсекогаш сум се чувствувал сакан на африканскиот континент. Се надевам дека ќе ја освојам Златната топка и ќе ја посветам на Африка.“

Мбапе тврди дека ова е индивидуална награда. За разлика од Јамал, тој не освои ништо како тим.

Јамал беше далеку поуспешен од Мбапе како тим минатата сезона. Тој ја освои Ла Лига со Барселона, титулата светски шампион со Шпанија, додека Мбапе не успеа со Реал и Франција. Французинот затоа беше подобар индивидуално бидејќи ја заврши сезоната како најдобар стрелец во Ла Лига (25 гола), Лигата на шампионите (15 гола) и Светското првенство (10 гола).

Сепак, Јамал сигурно има што да покаже на тоа поле бидејќи беше најдобар асистент во Ла Лига (12), во која постигна 16 гола, а беше прогласен и за најдобар играч на шпанското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека Израел ќе го уништи остатокот од градот Газа и насилно ќе евакуира околу еден милион жители доколку Хамас, со поддршка на Иран или Турција, киднапира еден израелски заложник.

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи такви закани за да ги одврати своите противници од напад.

Кац: Нема повлекување додека Хамас не се разоружа

Кац зборуваше и за израелска контрола на територијата во Појасот Газа. Тој рече дека израелските одбранбени сили нема да се повлечат од 63 отсто од територијата што моментално ја контролираат.

Тој рече дека Израел нема да се врати на претходното ниво на контрола на 53, 30 или 15 отсто од територијата додека Хамас не биде целосно разоружан. Американскиот пратеник Џаред Кушнер постојано зборуваше јавно за можноста по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември, Израел да преземе чекори кон делумно повлекување од Газа.

Таквиот процес би вклучувал делумно разоружување на Хамас. Кац, меѓутоа, сега јасно стави до знаење дека израелското повлекување е условено со целосно разоружување на Хамас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер