2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ХороскопДневен хороскоп за 31. мај 2024 годинаДневен хороскоп за петок, 31. мај 2024 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Барањата за внимание од еден член ан вашето семејство , накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Рак 22.6-22.7. Љубов Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи , денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател. Кариера вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве натераат да решавате една загатка , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Тргнете се настрана и средете си ги мислите. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи , а најверојатно со ручек или вечера за двајца. Кариера Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена , а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта. Кариера Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него. Здравје и совет Нервоза и замор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал шок. Кариера вашите надредени би можеле пред вас да претставатеден предлог што е малку чуден . Првин размислете , а потоа расправајте за него . Здравје и совет Победувате со издржливоста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами , би можеле одлично да се забавувате. Кариера Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината. Здравје и совет Не морате се да откриете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале , а кое ќе ви донесе радост. Здравје и совет Не треба да жалите по она што поминало. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност. Кариера Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата , но нема да носите заклучоци. Здравје и совет Бидете пример за помладите од вас. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол , а особено со некој кој не е од вашата околина. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не зсе знае кој денеска ќе биде потажен- вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи , туку за утеха и толеранција. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција , што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување. Здравје и совет Потребна ви е релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Емотивност , нежност , чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите- Сето тоа ќе го доживеете денеска. Кариера Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Веќе ништо не може да ве изненади. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ги иамте сите адути вос воите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце. Кариера Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање. Здравје и совет И натаму чувствувате замор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗбратимените општини го негуваат зелениот белег во КарпошПо повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина. Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини. Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка. Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Здравје116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип. Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот. Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи. Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години. Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.Тагови: грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕКВо врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:ЗА ПРОМЕНИ ВНАТРЕ НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ! Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка: Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат Извештаите на Европската Комисија за дневно политички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам. Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси. Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку. Крајно загрижувачки се податоците за драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството, нотирани во Извештајот. Владата од собрани 100 денари ДДВ, во законски предвидениот рок врши поврат на само 14,3 денари со што и согласно ЕУ стандардите е извршна власт со најлош економски учинок. Поздравуваме што и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сеуште го подржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за планот за раст каде очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа. Извештајот за напредокот кон ЕУ не упатува на следните заклучоци: Европската иднина на Македонија не смее и понатаму да биде жртва на тесно партиски интереси; Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора; Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ; Веднаш да се направат неопходните измени на Изборното законодавство и да се воведе една изборна единица и отворени листи што е најважен предуслов за демократизација на политичката понуда, вистинско зајакнување на пратеничките мандати и отчетноста кон избирачите; Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица; Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook