Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 31. мај 2022 годинаДневен хороскоп за вторник, 31. мај 2022 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава. Кариера Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално. Здравје Може да ве прогласат за генијалец на денот. Рак 22.6-22.7. Љубов Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став. Кариера Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог. Здравје Слушајте го својот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво. Кариера Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро. Здравје Немојте да бидете практични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални. Кариера Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата. Здравје Силни сте и здрави. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности. Кариера Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа. Здравје Уживајте во спортот или во уметноста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе. Кариера Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати. Здравје Денеска знаете што сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола. Кариера Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа. Здравје Ќе водите војна со апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво. Кариера Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи. Здравје Помогнете му на член од семејството. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете. Кариера Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно. Здравје Трпение, спасение. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја. Кариера Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри. Здравје Не истражувајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството. Кариера На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување . Здравје Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија. Кариера Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба. Здравје Не се напрегајте толку многу .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТолпа до смрт претепа странец во Јужна Африка (ВИДЕО)Странски државјанин бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан.Странец бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан, град на источниот брег на Јужна Африка, откако бил нападнат од група од околу 50 луѓе, соопшти полицијата. Тензиите и антиимигрантските протести продолжуваат да се разгоруваат во најразвиената економија во Африка. Според полициските информации, неидентификуваниот маж, за кој се верува дека е на возраст меѓу 35 и 45 години, прво му се приближиле двајца мажи по патот, по што бил нападнат од поголема група луѓе. Мажот бил прогласен за мртов на местото на настанот. Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно Полицијата започна истрага за убиството, а мотивот за нападот сè уште не е утврден. Убиството се случило по бранот антиимигрантски протести што ја зафатија Јужна Африка оваа година, од кои некои станаа насилни. Порано овој месец, продавници и автомобили беа запалени во Дурбан и Совето, во близина на Јоханесбург. Портпаролот на покраинската полиција, Роберт Нетшиунда, изјави за Би-Би-Си дека полицијата не може да шпекулира за мотивот за убиството во Дурбан и дека ќе сподели повеќе информации штом ќе бидат потврдени. Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно, признавајќи ја потребата од реформирање на имиграцискиот систем. Владата тврди дека десетици илјади странски државјани се депортирани или вратени во нивните земји откако започна засилена акција против нелегалната миграција на почетокот на оваа година. Веќе се пријавени напади врз луѓе од други африкански земји. Една од групите зад протестите, „Марш и Марш“, првично постави рок до 30 јуни за сите недокументирани мигранти да ја напуштат Јужна Африка. Пред тој рок, беа одржани неколку протести, а беа регистрирани и напади врз луѓе од други африкански земји. Како резултат на тоа, неколку земји, вклучувајќи ги Зимбабве, Нигерија и Гана, презедоа чекори за враќање на своите државјани, плашејќи се од понатамошно насилство. Нигерија ги обвини јужноафриканските власти дека се одговорни за смртта на двајца нејзини државјани тој месец. Гана, исто така, ја потврди смртта на својот државјанин, Баширу Исак, татко на три деца, кој беше застрелан за време на анти-странските протести во Кејптаун. Неговата смрт предизвика дипломатски спор со Јужна Африка, чии власти тврдеа дека обемот на насилството е преувеличен. Јасинта Нгобесе-Зума, една од лидерките на движењето „Марш и марш“, ги отфрли обвинувањата дека е ксенофобична. „Не можеме да живееме со овие луѓе со години, а потоа, кога велиме дека сè е премногу и дека е доста, добиваме одговор дека сме ксенофобични“, изјави таа за програмата „Фокус на Африка“ на Би-Би-Си. Јужна Африка останува една од главните дестинации во Африка за мигрантите Јужна Африка се соочува со ксенофобични напади речиси две децении. За време на раширеното насилство врз странските државјани во 2008 година, повеќе од 60 лица беа убиени, а десетици илјади мораа да ги напуштат своите домови. Најновите немири се случуваат во услови на широко распространета сиромаштија, големи социјални нееднаквости и невработеност, што влијае на околу една третина од работоспособното население. Мигрантите често се обвинуваат дека им одземаат работни места на домашното население, придонесуваат за криминал и ставаат дополнителен товар на јавните услуги. И покрај економските тешкотии, Република Јужна Африка е сè уште една од главните дестинации на африканскиот континент за мигрантите кои бараат работа, безбедност и подобри животни можности.Тагови: Јужна Африка странец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проектиНавистина е задоволство, еве денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме.Денеска бевме во посета на една преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овдека коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија коишто доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква. Во таа насока и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатака оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал. Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти. Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница. Благодарам уште еднаш и заокружете го бројот 1 во недела, изјави Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целостПочитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма.Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма, односно во мојата програма на ВМРО-ДПМНЕ и јас како градоначалник коишто ќе ги реализираме во целост. Во делот на инфраструктурата заедно со мене е министерот за транспорт, ќе го замолам во однос на проектите да се обрати, рече Стојанче Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook