Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
2Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
ХороскопДневен хороскоп за 31. мај 2021 годинаДневен хороскоп за понеделник, 31. мај 2021 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замартајте со ситници. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите му веруваат на ПутинОколу седум од 10 Руси му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин и ја оценуваат позитивно неговата работа, покажаа две анкети на руските истражувачки центри ВЦИОМ и ФОМ.Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9 проценти не го одобруваат. Слични резултати покажа и анкетата на ФОМ. Околу 70 проценти од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин, додека 17 проценти не му веруваат. Ист процент, 70 проценти, веруваат дека Путин добро се однесува како претседател, додека 14 проценти имаат спротивно мислење. Разлики се забележани во оценката на работата на владата. Според ВЦИОМ, 45,2 проценти од испитаниците ја одобруваат нејзината работа, додека 24,2 проценти не ја одобруваат. ФОМ забележа дека 45 проценти од Русите веруваат дека владата добро си ја врши работата, додека 34 проценти ја оценуваат нејзината работа негативно. Кога станува збор за рускиот премиер Михаил Мишустин, 55,3 проценти од испитаниците во анкетата на ВЦИОМ изразиле доверба во него, додека 49 проценти од граѓаните ја оцениле неговата работа позитивно, според ФОМ. И двете анкети покажаа дека Единствена Русија би била убедливо најпопуларната партија доколку изборите за Државната дума се одржат следната недела. Според ВЦИОМ, 39,2 проценти од испитаниците би гласале за неа, а според ФОМ, 32 проценти. Анкетата на ВЦИОМ е спроведена од 17 до 23 август меѓу 1.600 возрасни испитаници, со маргина на грешка од 2,5 проценти. Анкетата на ФОМ е спроведена од 21 до 23 август меѓу 1.500 испитаници, со маргина на грешка до 3,6 проценти. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПочина норвешкиот крал Харалд ПеттиКралот на Норвешка, Харалд Пети, почина на 89-годишна возраст, една недела откако беше примен во болница на лекување поради ретка крвна состојба, потврди претседателската палатата.По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарен и реформски монарх кој ја модернизираше круната и служеше како обединувачка фигура во најтешките моменти за Норвешка. Кралските набљудувачи велат дека бил приземјен, почитуван и омилен, честопати опишуван како „дедо на нацијата“ и „народен крал“, титула која му се припишуваше и на неговиот татко, кралот Олав Пети. Тој ќе биде наследен од неговиот син Хокон, кој има 53 години. Според норвешкиот уставен систем, промената на монархот настапува веднаш и нема класична церемонија на крунисување.Тагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40