Дневен хороскоп за 31. август 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 31. август 2023 година

Дневен хороскоп за четврток, 31. август 2023 година. 

Дневен хороскоп за 31. август 2023 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денот ќе ви донесе богат социјален живот , како и многу поттици за нови познанства , ако сте уште сами.

Кариера

Некои денеска ќе бидат во центарот на вниманието или булвално на сцена каде ќе го објаснуваат својот деловен план.

Здравје и совет

Изразувајте се слободно.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Малата збрканост на чувствата ќе биде поврзана со вашата или желбата на партнерот за донинација во врската.

Кариера

Ништо не сакате да му препуштите на случајот , но тоа ви ја одзема спонтаноста од која се раѓаат свежи идеи.Најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Проверете си ја крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себа.Проценките нема да ви бидат реални.

Кариера

Ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Здравје и совет

Јадете помалку, движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се двоумите колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка.Сетете се на вашите цели и кон што тежнеете.

Кариера

Би можело да ви биде сеедно како се одвиваат работите . Спречете ги последиците од таквата рамнодушност.

Здравје и совет

Не претерувајте со јадењето слатки.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се чувствувате по малку задремано и нема да сакате да правите ништо особено во љубовните акции.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат многу разновидни теми , кои не трпат одложување.Вие ќе морате да почнете да го решавате сето тоа.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистинска рамнотежа меѓу чувствата и интелектот , па ќе се усогласите по сите прашања.Ќе бидете задоволни и емотивно сити.

Кариера

Треба малку повеќе да работите, иако сеуште не сте се прилагодиле , па сте затоа незадоволни.Стиснете заби , организирајте се и работете.

Здравје и совет

Подобро да верувате отколку да се сомневате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во љубовиот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови , па се ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали.

Кариера

Освен што одлично делувате во практичниот дел , денеска на работа ќе покажете и голема креативност.

Здравје и совет

Ви се подобрува формата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Со задоволство ќе прифатите покана за излегување на кафе , каде би поминале пријатно време во неврзан разговор.

Кариера

Деловната комуникација ќе се одвива квалитетно, но вие самите нема да бидете задоволни од својот настап.Очекувате повеќе од себе.

Здравје и совет

Размислувајте додека се шетате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена , но срцето и натаму ќе ви остане празно.Сепак , и зборувањето е нешто.

Кариера

Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови.Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден кога станува збор за љубовни прашања . отворени се многу можности , а некои се поврзани со патувања.

Кариера

Издржете ги малите напори и завршете ги заостанатите задачи.За сега не треба ништо да менувате , освен вашиот пристап. Треба да бидете поупорни.

Здравје и совет

Наспијте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе покажете дека имате нежна и интуитивна страна.

Кариера

Одлично ќе поврзувате различни видови работа.И во практичниот и во теоретскиот дел ќе функционирате беспрекорно.

Здравје и совет

Останете какви што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност , ново познанство или за пријателите.

Кариера

Верувате во подобро утре .Имате право.И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Здравје и совет

Динамични сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)

Борбите на познати личности од социјалните мрежи станаа популарна форма на забава, особено во Чешка и Словачка. 

Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)

Еден од најпознатите организатори на вакви настани е чешката промоција Clash, која организира натпревари на инфлуенсери, ријалити ѕвезди и други јавни личности според правилата на ММА или слични боречки вештини, пишува Sportal.rs.

Меѓу основачите на организацијата е и Томаш Лин Ле Си, поранешен борец на организацијата Oktagon, кој е и едно од најпрепознатливите лица на Clash.

Бакнеж наместо борба

Следниот настан, Clash 17, ќе се одржи на 24 октомври во чешкиот град Усти над Лабем. Меѓу најавените натпревари е и оној помеѓу инфлуенсерката Тереза ​​Осладилова и Анџела Мангомба, попозната како Анџи.

Нивната конфронтација на прес-конференцијата предизвика бројни реакции. Наместо вербални провокации или физичка конфронтација, двете натпреварувачки се бакнаа пред камерите и собраните гледачи. Видеото потоа се прошири на социјалните мрежи.

Чешките медиуми објавуваат дека Осладиловска и Мангомбе се зближиле за време на снимањето на реалното шоу „Шлајска куќа“, во кое и двете учествувале. Така, нивната врска привлече дополнително внимание пред нивната пресметка.

Која е Тереза ​​Осладиловска?

Тереза ​​Осладиловска е чешка инфлуенсерка, модел и креаторка на еротска содржина, позната на социјалните мрежи под прекарот Осладинда. Таа доби поширока популарност со учеството во чешката верзија на реалното шоу „Гола привлечност“, во кое натпреварувачите избираат потенцијални партнери врз основа на нивниот гол изглед.

Таа се појави двапати во тоа шоу. Првиот пат беше меѓу кандидатите што другите учесници можеа да ги изберат, додека во вториот настап самата избра потенцијален партнер. Пред телевизиската кариера, работеше како медицинска сестра, а извесно време водеше и салон за убавина. Подоцна, таа почна да објавува еротска содржина на платформата OnlyFans.

Популарноста стекната на телевизија ѝ овозможи да се занимава со боречки вештини. Во февруари оваа година, таа го имаше своето деби на „Клеш 15“ и ја победи Доминика Хоракова со технички нокаут во втората рунда. Во интервју за чешкиот iDNES, таа откри дека немала искуство во боречките вештини пред да се приклучи на Clash.

Во меѓувреме, Осладилова почнала редовно да тренира, а зборувала и за можноста за учество во натпревари за фитнес во бикини. Борбата против Мангомба ќе биде нејзин втор настап во организацијата Clash.

Која е Анџи Мангомбе?

Анџели Мангомбе, попозната како Анџи, е чешка инфлуенсерка, претприемачка и ријалити ѕвезда родена во 1996 година. Таа станала позната на јавноста по учеството во емисиите Like House и Výměna štážek, чешката верзија на ријалити форматот Wife Swap.

Таа е вклучена во социјалните мрежи, претприемништвото и музиката, а во минатото работела и во индустријата за возрасни. Меѓу другото, настапувала како стриптизета и учествувала во еротски емисии преку интернет камери. Исто така, започнала бизнис поврзан со продажба на перики.

За разлика од Осладилова, Мангомбе има поголемо искуство во боречките вештини. Таа за прв пат се појави во организацијата „Клеш“ во 2022 година, а досега одигра пет натпревари. Имаше две победи, два порази и едно реми. Во последното појавување, во февруари оваа година, загуби од Доминика Елишерова со нокаут во првата рунда.

Анџи призна дека ѝ се допаѓа нејзината идна противничка

Интересно е што нивната врска не застана само на бакнеж за време на прес-конференцијата. Во септември, Мангомбе призна за „Чех Експрес“ дека ѝ се допаѓа Осладилова и дека може да замисли романтична врска со неа.

Таа објасни дека се запознале за време на снимањето на реалното шоу „Шлајска куќа“, каде што се предомислила за својата идна противничка. Мангомбе потоа неодамна ја раскина свршувачката со својот партнер Алберт Блажек и изјави дека не ја исклучува можноста за врска со жена.

Сепак, не е потврдено дека двајцата инфлуенсери се во врска. Нивниот дуел останува закажан за 24 октомври, кога треба да се сретнат во кафезот на „Клеш 17“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесни преговори за состав на владата на Шведска- сега во прв план се центристите

Претседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен вели дека побарал од лидерката на Централната партија Елизабет Танд Рингквист да го разгледа формирањето на новата влада, давајќи ѝ рок од една недела да разговара со другите партии.

Неизвесни преговори за состав на владата на Шведска- сега во прв план се центристите

Минатомесечните избори и дадоа на левиот центар тесно мнозинство во парламентот, но иако сите четири опозициски партии ја поддржуваат лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон за премиер, тие не се согласуваат околу тоа кој треба да учествува во новата влада.

Тан Рингквист сега ќе ја испита можноста за формирање центристичка алтернатива, рече Норлен на прес-конференцијата, додавајќи дека се уште не е јасно кој би станал премиер доколку успеат преговорите.

Неизвесност во преговорите

„Различни опции за формирање влада исто така се разгледуваат, иако колку што можам да кажам, ниту една од нив сè уште не покажува јасен напредок“, рече Норлен.

Танд Рингквист, чија партија го освои петтото место на изборите, рече дека ќе ги покани сите лидери на политичките партии на разговорите. Мојата намера е да придонесам за решавање на прашањето за формирање влада, а не да станам премиер“, напиша таа во објавата на социјалната мрежа Икс.

Во четвртокот, како што се очекуваше, пратениците го отфрлија предлогот на Андерсон за формирање малцинска влада. Тоа беше првото од четирите парламентарни гласа пред да мора да се распишат нови избори. Последен пат во Шведска имаше предвремени избори во 1958 година.

Танд Рингквист претходно ја покрена можноста за формирање „центристичка“ влада која ќе ги исклучи и Левичарската партија и екстремно десничарските шведски демократи.

Норлен рече дека Танд Рингквист мора да му поднесе извештај најдоцна до 26 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)

Вознемирувачки снимки од насилство на улиците на градовите низ целата земја доаѓаат деновиве од Франција, каде што се судираат демонстрантите и полицијата.

Несреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)

Во морето снимки од насилство и грабежи на продавници за луксузна стока, оваа од Париз, каде што две туристки се најдоа среде улична војна, привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Имено, двете патувале во „градот на светлината“ во потрага по романса и веројатно желба да ги видат симболите на француската престолнина, како што се Ајфеловата кула и Триумфалната капија, а наместо тоа морале да си го спасат животот.

Водени топови, солзавец, маскирани бандити ги опкружиле додека се движеле низ улиците на Париз туркајќи ги своите куфери. Според сите извештаи, овие две туристки избрале погрешно време да го посетат „градот на светлината“.

Патем, Париз се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации во светот. Помеѓу 47 и 49 милиони туристи, домашни и од целиот свет, го посетуваат овој град секоја година.

Бројот на жртви од немирите во неделата навечер кон понеделник беше голем. Според најновите бројки од француското Министерство за внатрешни работи, 2.397 лица биле уапсени, а 997 полицајци и жандармериски службеници биле повредени, од кои седум потешко, за време на националните протести поради високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер