ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 31. август 2019 годинаДневен хороскоп за сабота, 31. август 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговорите течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви изгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конечно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Автомобилизам„Bentley Torcal“ го помина тестот од еден милион километри„Bentley“ го подложи својот прв електричен теренец, „Torcal“, на ригорозна програма за тестирање во должина од над еден милион километри, со цел да се осигура целосна доверливост на возилото пред тоа да стигне до купувачите. Програмата вклучуваше возење во екстремни услови – од температури од -38°C во Шведска, па сè до горештини кои надминуваат 40°C во пустински предели – како и искачувања на Pikes Peak, при што беа достигнати надморски височини од над 4.200 метри. Првата верзија што ќе се појави на пазарот, Torcal First Edition, ќе располага со 876 коњски сили и 1.350 Nm вртежен момент. Ова ниво на перформанси е резултат на опсежен процес на тестирање и валидација. Со овој извештај за тестирањето, Bentley се надоврзува на претходните најави во врска со името на моделот, неговото производство во фабриката во Crewe, како и дизајнот на ентериерот. Три специјализирани тима — задолжени за електричната архитектура, интеграцијата на софтверот и тестирањето — работеа паралелно на развојот. Од Bentley истакнуваат дека оваа структура била клучна за создавање функционален електронски екосистем. Инженерите имале пристап до повеќе од 90 проценти од деловите уште во фазата на валидација на физичкиот дизајн. Ова им овозможило да ги скенираат реалните компоненти со ласер и да ги споредат со CAD податоците, без да чекаат да биде готов целосниот прототип, пренесува Index. На тој начин, тие го забрзале процесот на добивање повратни информации за дизајнот, пред финализирањето на алатите за производство. Батеријата „Торкал“ (Torkal) тежи приближно 625 килограми и има густина на енергија што надминува 180 Wh/kg. На тој начин, Bentley го усогласи досегот на возилото со вкупната маса на SUV-моделот, која изнесува околу 2.795 килограми. Батерискиот пакет функционира на архитектура од 800 волти и има бруто-капацитет од 113,3 kWh, од кои 109,0 kWh се достапни за користење. Моќноста на полнење преку брзи DC-полначи достигнува 400 kW. Производителот наведува дека, во оптимални услови, полнењето од 10 до 80 проценти трае 16 минути. Со овие спецификации, „Торкал“ се натпреварува со други водечки електрични возила опремени со системи од 800 волти. Безбедноста на батеријата е обезбедена преку композитен штит од удари, а самата единица е дизајнирана да биде отпорна на пожар во траење од два часа. Во случај на термички инцидент, батеријата е конструирана така што го спречува ширењето на пламенот и појавата на експлозија во текот на тој временски период. За време на тестирањето на долниот дел од возилото, челичен проектил со тежина од 111 грама и дијаметар од 30 милиметри бил испукан кон куќиштето на батеријата со брзина поголема од 160 km/h. Програмата за валидација на батеријата опфати и тестови за корозија во услови на прскање со солен раствор, како и проценки на издржливоста во различни средини. Од Bentley наведуваат дека овие мерки гарантираат оти батерискиот пакет е во согласност со глобалните безбедносни стандарди, токму во моментот кога првичните модели од серијата „First Edition“ влегуваат во фазата на нарачување и распределба до купувачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Пред „пензија“ на јахта се соблече најатрактивната светска тенисеркаИако сезонава имаше само неколку настапи, 36 годишната тенисерка Виталија Дјаченко е на прагот на повлекување од професионалниот спорт. Од многумина сметана за најатрактивната тенисерка во светот, таа својот последен натпревар го одигра уште во мај оваа година. На нејзиниот профил на ВТА (WTA) таа е заведена како неактивна, иако евиденцијата на ИТФ (ITF) покажува нејзини настапи во текот на 2026 година. Останува нејасно дали таа има намера да продолжи со натпреварувањето, но очигледно е дека крајот е близу. Интересно е што во последниве години Дјаченко привлече поголемо внимание со своите гламурозни фотографии на социјалните мрежи, додека нејзините спортски резултати се послаби отколку во нејзините најдобри години. Нејзиниот најдобар пласман беше 71-то место на ВТА-листата во 2014 година, а во 2018 година стигна до третото коло на Вимблдон. На тој турнир, во првото коло, таа ја победи големата Марија Шарапова. Нејзините најнови објави само потврдуваат зошто таа го има статусот на една од најзачудувачки убавите тенисерки на Турнејата. Таа ја покажа својата беспрекорна фигура додека летуваше во Бодрум. Тагови: тенисерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37