3Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 31.3.2019 годинаДневен хороскоп за недела 31 март 2019 година.Овен 21.3-20.4. Љубов Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини. Кариера Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат. Кариера Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став. Здравје и совет Сега живеете уредно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Здравје и совет Ќе знаете да се справите со проблемите. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех. Кариера Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Кариера Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Мала меланхолија. Вага 24.9.-23.10. Љубов За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро. Кариера Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат. Здравје и совет Не освојувајте по секоја цена. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје и совет Не можете вие да одработите за другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” . Кариера Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Здравје и совет Прво промислете , а потоа делувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија. Здравје и совет Освежете се на чист воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи. Здравје и совет Релаксирајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Здравје и совет Можна е мала настинка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
ЖивотКолку пати дневно треба да се шета кучето? Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленикОсобините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно. За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија. Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот. Колку прошетка е доволно во текот на денот? На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра. Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор. Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот. Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош. Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата. Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот. Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook