ХороскопДневен хороскоп за 30. септември 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 30. септември 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook