3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопДневен хороскоп за 30. септември 2019 година Дневен хороскоп за понеделник , 30. септември 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата најсакана личност би можела денеска пријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале. Кариера Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да нема препреки.Бидете паметни. Здравје и совет Мала нерамнотежа со крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите. Кариера Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас. Здравје и совет Можете и со мали чекори да стигнете до целта. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга. Кариера Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни. Кариера Некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат. Здравје и совет Нема нешто што не можете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите. Кариера Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте. Кариера Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех. Здравје и совет Покажете се пред светот. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите. Кариера Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро. Кариера Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено. Здравје и совет Анализирајте ја својата потсвест. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. За некои тоа ќе биде само минлив флерт. Кариера Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно. Здравје и совет Не ги заборавајте шефовите. Рак 22.6-22.7. Љубов Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. На некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни. Здравје и совет Малкумина сега се посилни од вас. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешно ќе го надополнувате со секс. Кариера Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации. Здравје и совет Верувајте на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца. Кариера Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај некои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори. Здравје и совет Бидете доследни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37