3„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
ХороскопДневен хороскоп за 30. март 2021 годинаДневен хороскоп за вторник, 30. март 2021 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Сексапилната водителка повторно освојува-Се појави во спортска опрема, а потоа ги истакна своите облини.Сексапилната водителка повторно во центарот на вниманието.Најубавата спортска новинарка во Италија, Дилета Леота, викендот го минува во природа, а својата мала авантура ја овековечи со фотографии. Како и многупати претходно, нејзините облини беа во преден план... Позната по своите прекрасни облини, но и по тоа што сака да го истакне своето витко тело, атрактивната Дилета уште еднаш им приреди вистинска глетка на своите бројни обожаватели. Сепак, овој пат таа одлучи да ја промени локацијата за фотографирање, па фановите уживаа во неверојатни кадри од природата и нејзината убавина. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНа аукција се нудат речиси 300 лични предмети на Брижит БардоНа аукција се нудат речиси 300 лични предмети на славната актерка Брижит Бардо, вклучувајќи и необични предмети од нејзиниот дом. Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите донесени од нејзините два дома. Речиси 300 лични предмети на култната француска актерка и активистка Брижит Бардо се ставени на аукција во аукциската куќа „Друо“ во Париз. Приходот од продажбата ќе биде наменет како за нејзината фондација за заштита на животните, така и за нејзиниот единствен син. Бројни обожаватели на француската филмска икона се собраа во центарот на Париз за да ги разгледаат предметите, кои се донесени од нејзините два дома во Сен Тропе и од нејзиниот стан во Париз. Делови од нејзиниот дом се верно рекреирани во рамките на изложбениот простор. Аукцијата ја организира аукциската куќа „Милон“, а колекцијата опфаќа предмети од различни периоди на нејзиниот приватен и секојдневен живот. Меѓу предметите што се нудат на продажба се вклучени дијамантски прстени, религиозни скулптури, класични гитари и механичката машина за пишување на која таа ги пишувала своите писма и својата автобиографија. На аукцијата се нудат и поневообичаени предмети, како што се нејзиниот примерок од „Кама Сутра“, садови за готвење од марката „Ле Крузе“ (Le Creuset), кујнски прибор и запалки. „Секој предмет на продажбата носи трага од некоја средба, ангажман, момент на среќа или одредена фаза од нејзиниот живот. Тие ја раскажуваат приказната за една жена, а истовремено создаваат легенда“, изјави нејзиниот долгогодишен секретар, Франк Гију. Le dernier mari de Brigitte Bardot s'oppose à la vente aux enchères d'objets intimes de l'actrice https://t.co/6B3kVPHn6C — BFM (@BFMTV) September 21, 2026 Посебно внимание привлекуваат нејзиниот велосипед „Пежо“ и два пара кожни балетанки од брендот „Репето“ (Repetto). Бардо, која била школувана балерина, значително придонела за глобалната популарност на овој бренд. Таа своевремено побарала од производителот да создаде модел на балетанки што би можеле да се носат секојдневно – односно, и надвор од балетската сцена. На аукцијата се нуди и голем број нејзини портрети, вклучително и некои со еротска содржина. Иако почетните цени за повеќето предмети се под 100 евра, аукционерот Сесил Дипуи очекува дека големиот интерес од страна на обожавателите и љубителите на животни би можел значително да ги зголеми конечните цени. Брижит Бардо е запаметена како една од највлијателните жени на 20-тиот век. Откако во 1950-тите години стана глобална икона на модерната женственост и на сексуалната револуција, таа се повлече од актерството и се посвети на застапувањето на правата на животните. Нејзиниот подоцнежен живот беше одбележан и со бројни контроверзии, вклучително и неколку судски пресуди поради јавни изјави за кои беше оценето дека поттикнуваат расна омраза.Тагови: Брижит Бардо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо текот на минатата недела се отстранети 650 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии. Воедно, беа подигнати и транспортирани 2700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16