ХороскопДневен хороскоп за 30. март 2020 годинаДневен хороскоп за понеделник , 30. март 2020 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи. Кариера Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава. Здравје и совет Може да ги предлагате своите идеи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вапите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи. Кариера Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално. Здравје и совет Издржете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете. Кариера Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно. Здравје и совет Нека ве води вашето знаење. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака. Кариера Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата. Здравје и совет Не правете ништо на своја рака. Лав 23.7-22.8. Љубов Знаетед ека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни. Кариера Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро. Здравје и совет Вие сте комплетна личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате. Кариера Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори. Здравје и совет Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами. Кариера Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок. Здравје и совет Продолжете понатаму. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои минуваат низ искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас. Кариера Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате. Кариера Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето. Кариера Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции. Здравје и совет Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот. Кариера Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно. Здравје и совет Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Посветеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила. Кариера Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина. Здравје и совет Не влегувајте во расправии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРасте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно Бројот на жртви од судирот меѓу два брзи воза во близина на Урда, во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на настанот.Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата во Шпанија, објави весникот „Ел Диарио“. Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во среда, кога софтверски проблем предизвикал системот за контрола на сообраќајот на LZB да престане да работи. И покрај ова, контролниот центар му наредил на машиновозачот на возот „Ренфе АВЕ“ да продолжи со нормална брзина, што, според медиумските извештаи, било спротивно на протоколите за безбедност на железницата, кои во такви околности бараат возење со брзина прилагодена на видливоста, не повеќе од 40 километри на час. Слични инструкции му биле дадени и на машиновозачот на возот „Ирјо“, но таа подоцна, во 8:48 часот, го информирала контролниот центар дека нејзиниот воз сè уште е запрен на пругата и не успеал да продолжи да се движи. Според достапните информации, во тој момент не е забележан друг воз што се движи со голема брзина кон запрениот воз Ирјо. Истрагата треба да утврди зошто патувањето продолжило под нормални услови и покрај тоа што безбедносниот систем не функционирал, како и зошто возот Ирјо не се движел од местото каде што бил запрен. Кога системот LZB не работи, управувањето со сообраќајот се префрла на класична сигнализација покрај пругата, додека системот за автоматско сопирање ASFA обезбедува дополнителна заштита. Во такви околности, според железничките правила наведени во извештајот, машиновозачот мора да ја прилагоди брзината за да може да го запре возот ако види пречка. Истрагата за причините за несреќата е во тек.Тагови: жртви Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ.Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски. Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните. Заедно за Брвеница и за граѓаните! Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЧетиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)Брат и сестра, на возраст од четири и две години, починале од вдишување чад додека спиеле, пишува „Романски обсерватор“.Електричен апарат, оставен вклучен за да ја загрее собата, наводно го запалил душекот на креветот, кој потоа почнал да тлее, објави Обсерватор. Мајката на децата исто така била во куќата, но во друга соба, и ја открила трагедијата предоцна. Она што е особено шокантно е што жената претходно била жртва на семејно насилство и самата се грижела за децата. Трагедијата се случила синоќа во градот Талмациу, во округот Сибиу. Околу 19:30 часот, службата за итни случаи 112 добила повик дека една соба во куќата е исполнета со чад. Двегодишно девојче и четиригодишно момче спиеле во собата Во собата работел електричен грејач. Од сè уште непознати причини, неколку парчиња ткаенина паднале врз жешкиот апарат, се запалиле и зафатиле дел од душекот на креветот. „Децата си играа и врескаа, викаа. После тоа, кога влегов во куќата, јадев и погледнав низ прозорецот, видов дека пристигнала спасувачката екипа на SMURD“, рекоа мештаните. Спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот ги пронајдоа децата во несвест, со симптоми на вдишување чад. „Ги слушнав пред малку, си играа во дворот.“ „Ќорбан, неколку чаршафи, не знам, можеби се запали од електричен грејач“, рекоа мештаните. „Децата беа пронајдени во кардиореспираторен застој поради вдишување чад. Мерките за реанимација беа применети околу еден час“, рече Елена Ангелика Бутанеску, лекар специјалист во Општата болница во Сибиу. За жал, децата не реагираа, па лекарите беа принудени да ги прогласат за мртви. „За жал, вечерва се случи трагедија во градот Талмаци. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за сите оние кои користат различни извори на греење во текот на студените месеци“, рече градоначалникот на Талмаци, Јоан Оанца. Децата биле одгледувани само од нивната мајка Децата живееле со нивната мајка во изнајмената куќа каде што се случила трагедијата. Жената претходно била жртва на семејно насилство и била вклучена во програма за заштита до јуни. После тоа, таа била оставена сама и продолжила да се грижи за децата. Кога душекот почнал да тлее, мајката била во куќата, но во друга соба. Според извештајот, таа сфатила што се случува предоцна. „Секако дека биле под надзор. Таа била со нив цело време. Кога излегла низ портата, ги држела за раце за да не им пречат“, рекле мештаните. „Причината за пожарот се утврдува“, изјави Андреа Стефан, портпаролка на Инспекторатот за вонредни состојби на округот Сибиу. „Полицијата презема соодветни мерки за да ги утврди околностите под кои се случил овој настан“, изјави Влад Теодосиу, портпарол на полицијата на округот Сибиу. Телата на децата се преземени од страна на службата за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција. Полицијата отвори кривична постапка под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.Тагови: брат сестра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook