2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
ХороскопДневен хороскоп за 30. мај 2024 година Дневен хороскоп за четврток, 30. мај 2024 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете. Кариера Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Зајакнете си ја мускулатурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни. Кариера Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат. Здравје и совет Мали нервози. Лав 23.7-22.8. Љубов За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен. Кариера денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста. Здравје и совет Не ја критикувајте саканата личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни. Кариера Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Во работењето е среќата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали. Кариера Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Здравје и совет Добро размислете пред да делувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Би можело да сдојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм. Кариера Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни. Здравје и совет Ви се зголемува апетитот, не претерувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте. Здравје и совет Нема веќе пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат. Кариера Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава. Здравје и совет Слушајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате. Кариера Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден. Здравје и совет Нервоза. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат. Кариера Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските. Здравје и совет Согледајте ја целината. Бик 21.4- 20.5. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи . Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗбратимените општини го негуваат зелениот белег во КарпошПо повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина. Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини. Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка. Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Здравје116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип. Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот. Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи. Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години. Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.Тагови: грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕКВо врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:ЗА ПРОМЕНИ ВНАТРЕ НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ! Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка: Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат Извештаите на Европската Комисија за дневно политички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам. Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси. Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку. Крајно загрижувачки се податоците за драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството, нотирани во Извештајот. Владата од собрани 100 денари ДДВ, во законски предвидениот рок врши поврат на само 14,3 денари со што и согласно ЕУ стандардите е извршна власт со најлош економски учинок. Поздравуваме што и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сеуште го подржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за планот за раст каде очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа. Извештајот за напредокот кон ЕУ не упатува на следните заклучоци: Европската иднина на Македонија не смее и понатаму да биде жртва на тесно партиски интереси; Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора; Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ; Веднаш да се направат неопходните измени на Изборното законодавство и да се воведе една изборна единица и отворени листи што е најважен предуслов за демократизација на политичката понуда, вистинско зајакнување на пратеничките мандати и отчетноста кон избирачите; Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица; Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter