ХороскопДневен хороскоп за 30. мај 2021 годинаДневен хороскоп за недела, 30. мај 2021 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Забавата за која се подготвувате ќе биде добра, а луѓето ќе ви бидат наклонети. Самците ќе бидат среќни во друштво , доколку не зборуваат премногу , зашто нема да ги разберат. Кариера На дневен ред дојдоа заостанатите обврски. Тоа ве нервира и ви создава збрка , но мора да се одработи. Здравје и совет Клопчето треба да се одмота до крај. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние во врска најдобро ќе се чувствуваат дома , во друштво на саканата личност. Оние кои бараат сродна душа, ќе бидат оригинални во додворувањето. Кариера Вашата интелигенција ќе се покаже како многу креативна и продорна во исто време. Ќе имате одлични идеи. Здравје и совет Свртете се кон иднината. Лав 23.7-22.8. Љубов Тоа што моментално постои празнина или диостанца во вашите лични односи , денеска ќе се заборави со раскажувањата на еден колега. Кариера Одличен е денот за специфични комуникации , кои бараат чувство за нијанси и посебен талент. Здравје и совет Презентирајте ги своите идеи. Добри се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата страст ќе биде поизразена од обично , а вие ќе бидете привлечни за секоја личност од спротивниот пол. На вас останува само да се опуштите. Кариера Ќе анализирате можности за едно кредитирање или спонзорирање. До решение ќе дојдете со помош на својата интуиција Здравје и совет Можни се деликатни уметнички сништа или инспирација. Вага 24.9.-23.10 Љубов Емотивност, нежност, чувство за препознавање на суптилните односи во врската – сето тоа ќе може денеска да го доживеете. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве поттикнат да решите еден проблем , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете заиграни , креативни и подготвени за секаков вид забава. Многумина ова чувство ќе го пренесат и на работа , каде има некој на кого му се допаѓаат. Кариера Вработените во уметничките дејности ќе созададат посебни дела. И другите ќе бидат креативни и поинакви од сите други. Здравје и совет Покажете ги своите таленти. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Партнерот малку ќе ве замори со своите барања. Некои ќе се свртат кон сонување со отворени очи или ќе активираат една платоинска љубов. Кариера Вашите деловни партнери и вашите претпоставени денска тешко ќе наоѓаат заеднички јазик. Вие ќе бидете мост што ќе ги поврзува. Здравје и совет Најдете компромис. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете максимално фокусирани на саканата личност , зашто ситуацијата или партнерот лично тоа ќе го побараат. Кариера Некои ќе се занимаваат со безбедносните услови на работното место. Ќе настојувате во осигурувањето да поминете што поефтино. Здравје и совет Вашите пријатели можеби ве шпионираат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не е исклучено да настане вистински хаос , кога ќе се обидете да искажете што чувствувате. Затоа молчете, а љубовта покажете ја со дела и се ќе биде во ред. Кариера Можни се проблеми во заклучување на краткорочни планови за работа. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Нервоза и замор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Иако ќе успеете на многу интересен начин да ги изразите своите чувства , конечниот резултат сепак нема да биде емотивно задоволство. Тоа сеуште се очекува. Кариера Деловните контакти стануваат се поинтересни , а темите за кои расправате се како од филм. Здравје и совет Ништо не може да ве изненади. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убава шанса за нови познанства, а особено преку пријатели. Сепак , секој збор ќе треба да го мерите за да не дојде до недоразбирање. Кариера Нека не ве нервираат невообичаените барања од шефовите. Вие држете се за проверенуите критериуми , а тие нека филозофираат. Здравје и совет Немир и несоница. Бик 21.4- 20.5. Љубов Недоразбирањето што ќе настане во комуникацијата со саканата личност , ќе се реши со искрена прегратка без зборови. Кариера Пред вас ќе биде поставена посебна задача. Ќе изгледа чудно, па сепак привлечно. Здравје и совет Сетете се на своите приоритети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter