ХороскопДневен хороскоп за 30. јуни 2019 година Дневен хороскоп за недела, 30. јуни 2019 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка . Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувтсвувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter