3Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
ХороскопДневен хороскоп за 30. јули 2024 годинаДневен хороскоп за вторник, 30 јули 2024 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФолксваген подготвува повлекување на 5.000 електрични возила- погодени се пет модели Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батериите.Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батерии, кои во екстремни случаи можат да предизвикаат пожари, објави денес компанијата со седиште во Волфсбург. Внатрешните контроли за квалитет утврдија дека некои ќелии на батерии во одредени возила од семејството модели ID не ги исполнуваат пропишаните стандарди поради грешки во производството кај добавувачот. Проблемот во ретки случаи може да доведе до прекумерно загревање на батеријата, а во најлош случај и до пожар. Според германскиот весник „Ханделсблат“, засегнатите возила ги вклучуваат моделите „ID.3“, „ID.4“, „ID.7“ и „ID. Buzz“, како и моделот „Cupra Born“, кој го произведува шпанскиот SEAT во рамките на групацијата „Фолксваген“. Повлекувањето веќе е започнато во Обединетото Кралство и САД, а компанијата подготвува соодветни мерки во Германија и на други пазари, во соработка со надлежните органи. Како привремена безбедносна мерка, „Фолксваген“ го ограничува полнењето на засегнатите автомобили на максимум 80 проценти од капацитетот на батеријата. Дел од возилата ќе бидат испратени во овластени сервисни центри за проверка на високонапонските батерии, а ограничувањето за полнење ќе биде укинато само откако ќе се утврди дека батеријата е во добра состојба. Компанијата ќе ги извести засегнатите сопственици по писмо, со информации за постапката и следните чекори.Тагови: електрични возила фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова.Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова, протестирајќи против она што организаторите го нарекоа проруска политика на владата. Протестот беше закажан за 18:30 часот, а повеќе од 10.000 луѓе го потврдија своето присуство преку Фејсбук страницата на настанот. Протестот беше поддржан од организациите BOEC, Движењето за јавен притисок, Движењето „3 март 1918“ и други групи. Демонстрантите скандираа: „Оставка и затвор - Радев е срам!“ Организаторите ги обвинија Радев и Јотова дека се засрамиле со својот став за инцидентите во кои бродови биле потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Тие тврдат дека Русија стои зад нападите и дека лидерите на земјата одбиваат да го признаат тоа, објавува порталот „Новините“. „Јотова и Радев се целосно засрамени од нивното однесување во врска со инцидентите со бродовите што беа потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Цела Европа знае дека ова беа руски напади, само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат. Доста со менталитетот на „зелени чорапи“ (воено-политички кадри)! Доста со глупостите! Доста со зависноста од Русија! Плоштадот нè чека!“, рекоа организаторите. 🇧🇬#Bulgaria: People gathered in Sofia to protest against the reaction of the PM and the President after 4 ships were hit near the coast of Bulgaria. While most of the ships have links to Ukraine and the people it's obvious Russia hit them, PM Rumen Radev and President (former vice-president to Radev) Iliyana Yotova keep claiming there is no evidence which side hit the ships. Many Bulgarians are worried since Radev, this government and Yotova have proven to be pro-Russia in their words and actions. — Nina Petrova (@the_nina_way) October 15, 2026 Тие оценија дека Бугарија станала цел на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин откако поранешните комунисти, за кои тврдат дека само се преправале како „прогресивни“ (Прогресивната бугарска партија), дошле на власт. Според организаторите, во текот на петте месеци од владеењето на Радев, режимот што го нарекоа „путинистички“ бил одговорен за серија саботажи на бугарска територија. Тие вклучуваат пожари во воени магацини, напад врз копнена станица Старлинк и руски напади со беспилотни летала врз четири брода во ексклузивната економска зона на Бугарија пред само неколку дена. Организаторите тврдат дека цивилни морнари биле убиени во нападите. Тие ги обвинија Радев и Јотова дека ја влечат Бугарија во војна со, како што рекоа, кукавичко однесување. Протестот се одржа и откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии за нафта бидејќи повеќе не се смета себеси за обврзана од таканареченото енергетско примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски, исто така, го критикуваше Трамп минатата недела за неговиот договор за дизел со рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи во Брисел, бугарскиот премиер Радев се спротивстави на нападите врз рафинериите и енергетските капацитети за време на пресметката меѓу Украина и Русија. Тој го поддржа договорот Трамп-Путин за рускиот дизел, нарекувајќи го „чекор 2 што обезбедува намалување на цените на горивата“. Еден од демонстрантите во Софија рече дека надворешната политика на владата го поттикнала да излезе на протест. „Тука сум затоа што почнувам малку да се чувствувам засрамен. Не можам да ја разберам оваа повеќеслојна, повеќенасочна надворешна политика на владата“, рече демонстрантот.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 1 Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11