3УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
ХороскопДневен хороскоп за 30. јули 2022 годинаДневен хороскоп за сабота, 30. јули 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Личност со која деловно соработувате би можела дас е заинтересира за вас , но вие засега ќе бидете на дистанца. Кариера Доколку пред вас поставуваат се поголеми и потешки задачи, тогаш треба да ги оправдате со сериозен напор. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Девица 23.8.-23.9. Љубов Доколку сте во врска , вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува. Доколку уште сте сами, излегувајте и ќе бидете забележани. Кариера Денеска е ден во кој одлично ќе се развиваат сите работи поврзани со луѓе. Не треба многу да зборувате , работите ќе се одвиваат самите од себе. Здравје и совет Влијаете врз настаните , искористете го тоа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Плимата на емоции што ве обзема, би можела да ве збуни. На некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Би можело да се случи оној чудесен ,,клик” , по што сите работи ќе си дојдат на свое место. Искористете го. Здравје и совет Не заборавајте на шефовите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Партнерот би можел денеска да биде малку повреден од некој ваш ненадеен испад. Затоа, контролирајте се за да не го нарушите солидниот однос. Кариера Не треба да се грижите , зашто работите за вас се одвиваат добро. денеска занимавајте се со ситни финансиски анализи. Здравје и совет Не се грижете за туѓи проблеми. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе има ловечки приказни за ваѓите љубовни успеси , со кои ќе се обидете да ја импресионирате другата страна. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале.Сега е на вас паметно да ја искористите. Здравје и совет Понекогаш треба и да се одморите . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Многу ќе се трудите да бидете љубезни и фини кон партнерот. На тој начин ќе ја средите малата напнатост во вашиот однос. Кариера Други ќе ве прашаат за ваше мислење за одредена тема , но вие она што го мислите кажете го дипломатски , а не директно. Здравје и совет Обидете се да најдете компромис. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата најсакана личност денеска би можела пријатно да ве изненади. Ќе биде подготвена да попушти во нешто околу што сте се расправале. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им биде вистински поттик , зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Бидете доследни . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе чувствувате дека денот би можел да биде добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу кандидати за љубов. Кариера Ќе посакате барем мала промена на работното место. Кога веќе ја нема , самите измислете ја, па дури и да е ситница. Здравје и совет Бидете нежни. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко дека денеска би можеле да се ставите во положбата на другата страна.Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Можеби на некого ќе му подвикнете да се опамети , иако тоа би можело да се примени и на вас. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Бик 21.4- 20.5. Љубов Еден семеен проблем ќе биде се поголем, па затоа е потребно решавање.Тоа ќе ви одземе повеќе од слободното време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе заминат на пократок годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ја одработуваат работата. Здравје и совет Водете здрав живот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можно е дека ќе следува покана за посета од вашето семејство , каде што ќе заминете со својата сакана личност. Кариера Притисокот од претпоставените не се намалува , а вие сте веќе уморни од тоа. Издржете уште малку , подоцна ќе ги сумирате резултатите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Рак 22.6-22.7. Љубов Домашната среќа ќе ви биде најважна. Оние во врска уживаат дома , а осамените нема премногу даас е ангажираат во зеведувањето. Кариера Веројатно сте на патување , кое ве радува. Ги завршувате работите со мал напор , а во исто време и се забавувате. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПродолжуваат „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ - забавна програма за сите генерацииВо рамките на традиционалната манифестација „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува богатата културно-забавна програма под наслов „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, наменета за сите генерации.По успешниот почеток на септемвриската програма со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, Општина Ѓорче Петров продолжува со нови настани кои ќе донесат музика, улична уметност, балет, хорско пеење, базар, детски работилници и дружење на повеќе локации во општината. На 16 септември, со почеток во 18:00 часот, кај амфитеатарот во Реонскиот парк, ќе се одржи „Music Talent Show“, со настап на млади таленти, музика и театарска претстава на Алтернативен театар „Отпишани“. Централната програма продолжува на 18 и 19 септември. Во петок, 18 септември, на Корзото и кај амфитеатарот, програмата започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“, по што во 18:30 часот ќе настапи Балетското студио „Ребис“, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе имаат можност да разгледаат штандови со ракотворби и различни производи, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници и креативни содржини. Истата вечер, во Реонскиот парк, ќе се одржи музичката програма во рамките на „Октоберфест“. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе продолжи со настап на DJ Галоски од 23:00 часот. Во сабота, 19 септември, програмата продолжува во Реонскиот парк. Во 19:00 часот ќе настапат The Crew, во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“, во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“ со почеток во 23:30 часот. -Деновите на Општина Ѓорче Петров се можност уште еднаш да покажеме дека нашата општина е заедница која живее, создава и се развива заедно. Сакам нашите паркови, улици и јавни простори да бидат места каде што граѓаните ќе се среќаваат, ќе се дружат и ќе создаваат убави спомени. Ги поканувам сите жители да бидат дел од програмата и заедно да ги прославиме деновите на нашето Ѓорче - рече градоначалникот Александар Стојкоски по повод завршните денови на манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Преку различните содржини, Општина Ѓорче Петров има цел да создаде простор за дружење, културна размена и заедничко доживување на јавниот простор, каде што семејствата, младите, децата и повозрасните ќе можат да бидат дел од една заедничка атмосфера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новатаМакедонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску.Македонскиот олимписки комитет денеска оствари работна средба со висока делегација на Светската е-спорт федерација (IESF), предводена од претседателот Влад Маринеску, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и понатамошен развој на е-спортот во Македонија. Во ера на брза дигитална трансформација, на средбата беше потврдена заедничката визија за поврзување на е-спортот со традиционалниот спорт, со посебен фокус на заштитата на интегритетот, едукацијата и приближувањето на олимписките вредности до младите генерации. Генералниот секретар на МОК, Ѓорги Тасев, потсети дека е-спортот во државава е признат од 2022 година, а институционалната поддршка дополнително е потврдена со формирањето посебна комисија во рамки на Олимпискиот Комитет. Тој го истакна значењето на средбата, потенцирајќи ја потребата да се биде во чекор со времето и да се следат новите трендови доколку сакаме спортот да остане близок до младите. „За нас како Македонски олимписки комитет ова е исклучително значајна средба. Ни значи многу што денеска имаме можност да разговараме со претседателот Маринеску, а особено нè радува што во структурите на една ваква глобална организација се и Македонците Бобан Тотовски и Игор Недевски. МОК силно го поддржува е-спортот и веќе имаме формирано комисија со цел да го развиваме и интегрираме во секојдневниот спорт, нормално, преку доследна заштита на интегритетот, едукативниот и спортскиот аспект. Сакаме да ја интензивираме соработката со Македонската е-спорт федерација. Врската помеѓу е-спортот и олимпизмот е веќе реалност која не може да се игнорира. Ние активно ги следиме новите трендови и јасно ни е дека за да допреме до младите генерации и да им ги пренесеме олимписките вредности, мораме да зборуваме на нивниот јазик, а дигиталниот свет е нивното секојдневие“, изјави Тасев. Претседателот на Светската е-спорт федерација, Маринеску, изрази благодарност за отвореноста и визијата на МОК. „Поддршката од Олимпискиот комитет е од големо значење за глобалниот развој на е-спортот. Радува фактот што Олимпискиот комитет овде има слух за модерното време и новите генерации. Оваа институционална подготвеност за соработка и заштита на интегритетот на спортот е вистински пример за тоа како традиционалниот спорт и е-спортот можат да се надополнуваат во духот на олимписките вредности“, изјави Маринеску. Генералниот секретар на IESF, Бобан Тотовски, ја поздрави подготвеноста на МОК за продлабочување на соработката и ја потенцираше важноста на домашната поддршка за меѓународниот успех. „Како претставник на светската федерација, но пред сè како Македонец, горд сум на чекорите што ги презема МОК. Следењето на глобалните технолошки и спортски трендови е одлика на вистинско лидерство. Формирањето на посебната комисија и признавањето на е-спортот од 2022 година, како и формирањето на е-спорт простор во рамки на Олимпискиот центар покажуваат сериозна визија. Оваа средба е само потврда дека со заеднички сили можеме да го кренеме е-спортот во државата на едно многу повисоко ниво“, истакна Тотовски. Посебен фокус во натамошната соработка ќе биде ставен на едукацијата и на заедничкото организирање на настани и натпревари, преку кои ќе се промовираат спортскиот и едукативниот аспект на е-спортот. Соработката меѓу двете страни отвора нови можности за поврзување на е-спортот и традиционалниот спорт, особено во создавањето нови можности за младите и за меѓународна промоција на Македонија. На крајот од работната средба беше заклучено дека двете страни остануваат посветени на понатамошен развој на соработката и реализација на нови заеднички активности и иницијативи во областа на е-спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим Џонг Ун испрати порака до Путин: Цврсто стоиме покрај вас во светата војна против УкраинаСевернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека има намера дополнително да ја „прошири и продлабочи“ соработката со Русија, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“.Вчера, Ким испрати одговор на честитката од Путин по повод 78-годишнината од основањето на Северна Кореја. Притоа, тој ја истакна цврстата решеност на Пјонгјанг да развива сеопфатна соработка со Русија, заснована на пријателството, заемната помош и сојузништвото меѓу двете нации. Во својата порака, севернокорејскиот диктатор изрази и уверување во победата на Русија во она што го нарече „света војна за одбрана на безбедносните интереси на земјата и меѓународната правда“ – што претставува очигледна алузија на руската инвазија врз Украина. Тој вети „непоколеблива поддршка“ за Путин и за рускиот народ. 🇷🇺🇰🇵 Documentary about North Korea's troops fighting in Kursk. A 19-minute film telling about North Korea's help in liberating the Kursk region from the Ukrainian army. The most interesting moments that we had not really seen before: 1:30 - arrival in Russia and preparation… pic.twitter.com/ZhBPJpNrWI — Lord Bebo (@MyLordBebo) August 22, 2025 Зајакнување на воениот пакт меѓу Москва и Пјонгјанг Овие пораки доаѓаат во време кога Москва и Пјонгјанг значително ги зацврстија своите врски. Северна Кореја веќе распореди војници на бојното поле заедно со руските сили, а двете земји потпишаа договор за заемна одбрана, со што ја подигнаа својата воена соработка на невидено ниво. Ким испрати слична порака и до кинескиот претседател Си Џинпинг, во одговор објавен од „KCNA“ во неделата. Тој изјави дека Пјонгјанг ќе соработува со Пекинг за зајакнување на нивното традиционално пријателство и за унапредување на заедничките социјалистички цели. Двете пораки уследија по честитките испратени од Путин и Си на 9 септември, кога Северна Кореја го одбележа Денот на основањето. Илјадници војници на Ким загинаа во Курск Воениот сојуз меѓу двете земји веќе остави крвава трага на бојното поле. Кон крајот на 2024 година, Пјонгјанг распореди свои елитни единици во рускиот регион Курск за да помогнат во одбивањето на украинската офанзива; таму, севернокорејските војници напаѓаа во масовни бранови под силен оган и платија ужасна цена. Од околу 13.000 распоредени војници, загинаа до 3.000, при што многумина избраа самоубиство со активирање рачни бомби наместо да се соочат со заробување. Иако околу 8.500 војници на Ким сè уште се наоѓаат на руска територија, во областа Курск, каде што ги држат позициите, украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна предупреди дека е неизбежно масовно враќање во борбени дејства и оти Русија наскоро би можела да ангажира до 50.000 дополнителни севернокорејски војници. За Пјонгјанг, ова е исклучително профитабилен потфат: се проценува дека Ким досега заработил речиси десет милијарди долари од продажба на муниција и испраќање персонал во Москва – сума што изнесува дури една третина од вкупниот годишен БДП на Северна Кореја. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook