3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
ХороскопДневен хороскоп за 30. јануари 2023 година Дневен хороскоп за понеделник 30. јануари 2023 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Имате добар ветар во грбот , партнерот ве сака , а вие сте задоволни. Доколку уште сте осамени , ќе бидете со задоволство прифатени во друштвото. Кариера Некои ќе најдат начин за подобро да се поврзат со странство или ќе склучат некаков договор со странски партнери. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна , а вие склони за отворено да ги покажете чувствата. Ќе ви биде убаво. Кариера Како веќе да не сонувате за нешто големо. Тоа не е типично за вас , но е умно. Привремено станавте скромни. Здравје и совет Мала меланхолија. Овен 21.3-20.4. Љубов Воздржете се од прекумерни коментари и ќе ви биде добро и на вас и на партнерот. Во спротивно , ќе ви биде многу жал. Кариера Сите дејности поврзани со убавина и општо со естетика , денеска ќе ви одат од рака. Дури и во финансиските теми ќе барате убавина. Здравје и совет Отвореноста значи трпение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзани разговори со кафенце. Ќе им биде забавно , но тоа се површни односи. Кариера Ќе дојде до конечно дефинирање на условите под кои соработувате со новите или младите соработници. Здравје и совет Немојте да бидете премногу дрски. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најсакана личност конечно ќе сфати што сака , а може и обратно. Во тој контекст вие ќе се поставите на нов начин. Кариера Се создаваат услови за една спонзорска соработка што ве радува. Ќе поработите на дефинирање на деталите. Здравје и совет Движете се меѓу луѓе. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги игнорирате прашањата што ве измачуваа и ќе продолжиоте понатаму во позитивен дух. Ќе увидите дека таквиот пристап е понормален. Кариера Веројатно ќе се затекнете во фрустрирачка положба зашто вашите шефови ќе влечат на една , а вие на друга страна. Здравје и совет Можна е главоболка. Лав 23.7-22.8. Љубов Не мора толку да анализирате што сте постигнале кај другата страна. Таа самата ќе ви каже што чувствува. Кариера Во работата со младите или со новите соработници вие ќе покажете смисол за разбирање и хармонија. Здравје и совет Повремено земете пауза. Девица 23.8.-23.9. Љубов Конечно ќе ви стане сосема јасно како би требало да изгледа вашиот идеален партнер. Ќе барате некого според таа замисла. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. Кај другите се ќе биде вообичаено. Здравје и совет Потпрете се на луѓето околу вас. Вага 24.9.-23.10 Љубов Не сте сигурни дали да и пријдете на една личност што ви се допаѓа. Некако не ви е пријатно. Во право сте. Почекајте неколку дена. Кариера Нема ништо посебно ново да се случува на работното место. И натаму работите повеќе од другите зашто има пртемногу задолженија. Здравје и совет Посветете им се на најблиските. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе размислуваат како би изгледал нивниот љубовен живот во различна ситуација. Ќе увидат дека и вака е добро. Кариера Нема да бидедте сигурни како да завршите една работа , а немате кого да прашате.Покрај тоа, ќе има моногу задачи.Морате сами да се снајдете. Здравје и совет Не се возбудувајте за ништо. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска немојте да асе збуните доколку почуствувате малодушност или депресивност. Ќе помине набргу. Сакани сте. Кариера Не градете кули во воздух , туку држете се до проверените системи. Можеби ви е малку здодевно , но и тоа ќе помине. Здравје и совет Дотерајте се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Они кои се во врска, ќе настојуваат да го збогатат својот сексуален живот со партнерот. Оние кои се сами , ќе побараат некој еротски филм. Кариера Ќе вис тигне детално известување за финансиската состојба или за вашата лична заработка што нема да биде за потценување. Здравје и совет Одете таму каде што ви е пријатно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто. Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста. Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот. Што им советува СЗО на бремените жени? Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветСе урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“. Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување. Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени. Russian Sukhoi Su-30SM fighter jet crashed near the town of Chernyakhovsk located in Russia's Kaliningrad Oblast on Wednesday afternoon. According to reports, the two crew-members managed to eject before the plane impacted the ground. They were later transferred to a medical facility with some wounds. Presumably, the airframe belonged to the 4th Guards Naval Assault Aviation Regiment of the Baltic Fleet, with home-base at the nearby Chernyakhovsk Air Base. (Su-30 photo is for illustration purposes only and might not represent the actual airframe lost in the accident) — Status-6 (@Archer83Able) October 21, 2026 „Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки. Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци. На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот. Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата. Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат. Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter