Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
2Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
ХороскопДневен хороскоп за 30. декември 2019 годинаДневен хороскоп за понеделник, 30. декември 2019 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние кои од саканите очекуваа да им дадат сигурност , денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни. Кариера Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи. Здравје и совет Внимавајте на повреди. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Партнерот ќе покаже големо количество емоции ,што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете. Кариера На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа.Добро проучете ги деталите , па потоа донесете одлука. Здравје и совет Ќе има пријатни средби. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно.Ќе биде весело со доста искрени емоции. Кариера Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат. Здравје и совет Бидете сериозни. Овен 21.3-20.4. Љубов На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате. Кариера Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни нивните партнери. Кариера Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска .Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете. Здравје и совет Немате грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе почувствувате плима од емоции како расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања. Кариера На дневен ред ќе се најдат финансиите.Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот. Здравје и совет Мала пречувствителност. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува. Кариера Ќе се повикате на резултатите од претходната работа , кои не се за потценување. Здравје и совет Прифатете ги добрите намери на другите. Лав 23.7-22.8. Љубов Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите . Размислете и постапете како што ви вели срцето. Кариера Ќе работите на стара задача што не е довршена.Ќе најдете начин да уживате во тоа. Здравје и совет Издржете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања околу доминација во личните односи. Воздржете се од тоа. Кариера Не се сомневајте во себеси.Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете. Здравје и совет Не се откажувајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент на заедничкото секојдневие. Кариера Следуваат нови услови за работа на работното место Главно ќе ви одат на рака , па прифатете ги. Здравје и совет Можна е посета на козметичар. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Повеќето денеска ќе уживаат во својата голема способност да допрат до најсуптилните вибрации на чувствата. Кариера Вработените во институции од затворен тип , денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат. Здравје и совет Слушајте ја интуицијата. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа. Кариера Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата каде што работите. Здравје и совет Преминете од зборови на дела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОткриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површинаВо Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи.Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина. По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки. Тагови: камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓанитеДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес. На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици. Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радаритеХеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало. 🔺🇮🇳💥: An Indian helicopter in Uttarakhand crashed while 6 people onboard. The pilot was Ex-IAF Officer. https://t.co/2O54zqthTG — Tactical Tribune (@TacticalTribun) October 30, 2026 Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата. Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град. Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта. Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите. Во потрагата се вклучува и војската Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската. A helicopter returning from Badrinath has crashed near Chai village. Six people, including the pilot, were on board. Bad weather and heavy snowfall are suspected to have caused the crash. https://t.co/fDqQ5r0ep9 — JF-17 Lover (@Armed_Update) October 30, 2026 „Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат. Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена. Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи. 🚨🇮🇳 #BREAKING : HELICOPTER CRASHES NEAR JOSHIMATH A Trans Bharat Aviation chopper carrying five passengers and a pilot crashed near Chayi village while returning from #Badrinath. Wreckage has been found in rugged terrain. All six aboard are feared dead. #Joshimath #India https://t.co/F9rIkm6LcC — GlobeUpdate (@Globupdate) October 30, 2026 Тагови: Индија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook