ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 30.август 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 30. август 2019 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Кариера Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете. Здравје и совет Емотивно незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги. Кариера Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје и совет Не анализирајте ги своите заслуги. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Кариера Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје и совет Мали проблеми со циркулацијата. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни. Кариера Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , луѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега. Кариера Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е. Здравје и совет Може да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Здравје и совет Не ја трошете одеднаш целата енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате. Кариера Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите. Здравје и совет Дотерајте се и излезете некаде. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Кариера Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.Обидете се да бидете појасни. Здравје и совет Многу работи ќе ви изгледаат здодевни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите. Кариера Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така. Здравје и совет Не се расправајте , туку соработувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа денеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Кариера Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје и совет Бидете поодговорни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво. Кариера Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо. Здравје и совет Се чувствувате се подобро. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје и совет Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Bentley Torcal“ го помина тестот од еден милион километри„Bentley“ го подложи својот прв електричен теренец, „Torcal“, на ригорозна програма за тестирање во должина од над еден милион километри, со цел да се осигура целосна доверливост на возилото пред тоа да стигне до купувачите. Програмата вклучуваше возење во екстремни услови – од температури од -38°C во Шведска, па сè до горештини кои надминуваат 40°C во пустински предели – како и искачувања на Pikes Peak, при што беа достигнати надморски височини од над 4.200 метри. Првата верзија што ќе се појави на пазарот, Torcal First Edition, ќе располага со 876 коњски сили и 1.350 Nm вртежен момент. Ова ниво на перформанси е резултат на опсежен процес на тестирање и валидација. Со овој извештај за тестирањето, Bentley се надоврзува на претходните најави во врска со името на моделот, неговото производство во фабриката во Crewe, како и дизајнот на ентериерот. Три специјализирани тима — задолжени за електричната архитектура, интеграцијата на софтверот и тестирањето — работеа паралелно на развојот. Од Bentley истакнуваат дека оваа структура била клучна за создавање функционален електронски екосистем. Инженерите имале пристап до повеќе од 90 проценти од деловите уште во фазата на валидација на физичкиот дизајн. Ова им овозможило да ги скенираат реалните компоненти со ласер и да ги споредат со CAD податоците, без да чекаат да биде готов целосниот прототип, пренесува Index. На тој начин, тие го забрзале процесот на добивање повратни информации за дизајнот, пред финализирањето на алатите за производство. Батеријата „Торкал“ (Torkal) тежи приближно 625 килограми и има густина на енергија што надминува 180 Wh/kg. На тој начин, Bentley го усогласи досегот на возилото со вкупната маса на SUV-моделот, која изнесува околу 2.795 килограми. Батерискиот пакет функционира на архитектура од 800 волти и има бруто-капацитет од 113,3 kWh, од кои 109,0 kWh се достапни за користење. Моќноста на полнење преку брзи DC-полначи достигнува 400 kW. Производителот наведува дека, во оптимални услови, полнењето од 10 до 80 проценти трае 16 минути. Со овие спецификации, „Торкал“ се натпреварува со други водечки електрични возила опремени со системи од 800 волти. Безбедноста на батеријата е обезбедена преку композитен штит од удари, а самата единица е дизајнирана да биде отпорна на пожар во траење од два часа. Во случај на термички инцидент, батеријата е конструирана така што го спречува ширењето на пламенот и појавата на експлозија во текот на тој временски период. За време на тестирањето на долниот дел од возилото, челичен проектил со тежина од 111 грама и дијаметар од 30 милиметри бил испукан кон куќиштето на батеријата со брзина поголема од 160 km/h. Програмата за валидација на батеријата опфати и тестови за корозија во услови на прскање со солен раствор, како и проценки на издржливоста во различни средини. Од Bentley наведуваат дека овие мерки гарантираат оти батерискиот пакет е во согласност со глобалните безбедносни стандарди, токму во моментот кога првичните модели од серијата „First Edition“ влегуваат во фазата на нарачување и распределба до купувачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Пред „пензија“ на јахта се соблече најатрактивната светска тенисеркаИако сезонава имаше само неколку настапи, 36 годишната тенисерка Виталија Дјаченко е на прагот на повлекување од професионалниот спорт. Од многумина сметана за најатрактивната тенисерка во светот, таа својот последен натпревар го одигра уште во мај оваа година. На нејзиниот профил на ВТА (WTA) таа е заведена како неактивна, иако евиденцијата на ИТФ (ITF) покажува нејзини настапи во текот на 2026 година. Останува нејасно дали таа има намера да продолжи со натпреварувањето, но очигледно е дека крајот е близу. Интересно е што во последниве години Дјаченко привлече поголемо внимание со своите гламурозни фотографии на социјалните мрежи, додека нејзините спортски резултати се послаби отколку во нејзините најдобри години. Нејзиниот најдобар пласман беше 71-то место на ВТА-листата во 2014 година, а во 2018 година стигна до третото коло на Вимблдон. На тој турнир, во првото коло, таа ја победи големата Марија Шарапова. Нејзините најнови објави само потврдуваат зошто таа го има статусот на една од најзачудувачки убавите тенисерки на Турнејата. Таа ја покажа својата беспрекорна фигура додека летуваше во Бодрум. Тагови: тенисерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter