ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба
ХороскопДневен хороскоп за 30.3. 2019 година Дневен хороскоп за сабота, 30 март 2019 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Одлично ќе се снаоѓате во личните односи , зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите. Кариера Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска. Здравје и совет Разгледајте ги внимателно сите опции. Бик 21.4- 20.5. Љубов Од идеја до реализација има долг пат , а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е. Кариера Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот. Здравје и совет Издвојте го важното од купот небитни работи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вас како ништо да не може да ве запре во забавите . Сепак , дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството. Кариера Работата денеска ќе се одвиува вообичаено , а вам ќе ви биде помалку здодевно. Здравје и совет Бидете она што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска. Кариера Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност , која знае пластично да ги објасни своите очекувања. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност. Кариера Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници , кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив. Здравје и совет Ви треба повеќе сон. Девица 23.8.-23.9. Љубов Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете. внимавајте до каде смеете да одите. Кариера Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем. Здравје и совет Немојте да се опијаните. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден. Кариера Ќе има многу приказни и озборувања , а вие бидете паметни и не им придавајте на значење.Имате многу работа. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава.Односите и натаму ќе бидат површни. Кариера Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата. Здравје и совет Бидете јасни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце , но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас. Кариера Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа . Ќе има причина за насмевки. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекуцања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста. Кариера Денеска ќе работите без никаков притисок , опуштено и со желба.Работите ќе се нижат самите од себе. Здравје и совет Следете го ритамот на денот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа. Кариера За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо , поефикасно и попрецизно. Здравје и совет Наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашиот личен живот се развива добро , а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување. Кариера Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем. Здравје и совет Вие сте во експанзија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонија Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми хранаМакедонските домаќинства годишно по жител фрлаат за 17 килограми храна повеќе од просекот во Европската унија.Во просек по 86 килограми храна годишно по жител,. Рестораните и услугите за изхрана по 10 килограми над европскиот просек, додека во малопродажбата се создаваат 5 килограми повеќе отпад од храна по човек годишно покажува извештајот на програмата за животна средина на ОН. Според извештајот домаќинствата во Македонија во 2024 година создале вкупно 179 311 тони отпад од храна. Европските домаќинства во просек создаваат по 69 килограми по човек отпад од храна годишно, додека македонските домаќинства во просек фрлале по 86 килограми по човек храна во текот на годината. Извештајот на програмата за животна средина на он за индексот на отпад од храна за 2024 покажува дека светот годишно фрла 1,05 милијарди тони храна, што претставува дури 19% од вкупната храна достапна за потрошувачите. Домаќинствата ширум светот фрлаат над 1 милијарда оброци секој ден и се одговорни за 60% од вкупниот отпад од храна, додека останатите 29% се од ресторани и хотели и 12% од малопродажбата во маркети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојбаВенко Филипче е во специфична психолошка состојба, која не може да ја контролира и за која, веројатно, му треба и стручна помош.Тој е уценет и исплашен човек, кој должи и на Зоран Заев, што го постави и држи на претседателското столче во СДС, и на Румен Радев, пред кого, очигледно презел обврски, кои значат ново предавство на македонските национални интереси. Од една страна, поради полтронството спрема Зоран Заев, тој ja претвори СДС во маргинална партија со многу проблеми, со раскарани сопартијци, меѓусебни обвинувања за тешки криминали, навреди, јавни пресметки. Додека, од друга страна, спрема Румен Радев очигледно има преземено обврски, затоа што неговиот став „прво Бугарите во Уставот, па потоа сè друго“ е ист како и бугарската политика спрема Македонија. И ваквите ставови на Филипче на иста линија со бугарските и со Радев, не се први што ги слушаме. Тука е и ставот како бугарскиот, дека за билатералните прашања и спорот со Бугарија не преговараме со нив, туку со Европската Унија. А, неговите последни јавни настапи само ја потврдуваат неговата психолошка состојба, затечен меѓу полтронството кон Заев и слугувањето кон Радев за извесно ново предавство во корист на бугарските интереси. Затоа што само уценет и исплашен човек, јавно навредува и се однесува неконтролирано и непресметливо како Венко Филипче, така што, само во еден ден се расфрла со квалификации како „идиот“ и „шлепер-жаба“. На ваквото однесување на Венко Филипче гледаме со жалење и сочувство, и му препорачуваме што побрзо, пред да биде предоцна, да побара стручна медицинска помош. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter