ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 3. септември 2019 годинаДневен хороскоп за вторник, 3. септември 2019 година.Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед што во вашите односи има мала дистанца , денешниот ден ќе ви донесе подобрување и романтика. Кариера На никого ништо не му замерувате , па сепак лесно ги откривате завидливците. Ги нзате ,но немојте да им обрнувате внимание. Здравје и совет Имате сила за двајца. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе размислувате дали една љубовна фаза да ја приведете кон крај , па да свртите нов лист. Засега само ќе размислувате. Кариера Денеска конечно ќе созреат условите за една деловна соработка , а вие самите од тоа ќе научите нешто. Здравје и совет Слушајте ги луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата интуиција денеска правилно ќе ве води и ќе ви покажува дали да тргнете или да застанете. Потпрете се на неа. Кариера Ќе го направите она што морате да го направите, зашто од вас се очекува да играте по правилата на играта. Тоа не значи дека ќе загубите нешто лично. Здравје и совет Немојте постојано да се провлекувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе сонувате за нешто што го нема , но тоа ќе ве извлече од љубовната летаргија во која сега се наоѓате. Кариера Денеска веројатно ќе бидете пофалени и тоа ќе ви извлече насмевка на лицето. Ќе работите уште подобро. Здравје и совет Расте вашата самодоверба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Чувството дека се ќе биде добро ќе ве наведе на поголема отвореност во личните односи , а потоа ќе дојде и до подобрување. Кариера Веројатно ќе ја проширите соработката со млади сработници на работното место. Тие ќе бидат конструктивни , а вие инспиративни. Здравје и совет Ќе бидете трезвени во секој аспект на делувањето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние во врска ќе се договараат околу некои заеднички навики , а оние кои живеат заедно ќе постават правила. Кариера Доколку сте чекале вработување , нови работни услови или слично , денеска состојбите ќе созреат за такво нешто. Здравје и совет Ослободете се од нездравите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Они кои се во стабилни врски денеска имаат шанси за да го подобрат својот однос преку сексуалност. Кариера За жал , не можете ништо да прескокнете или да заобиколите. Утврдете ги јасно правилата на работата , па ќе ви биде полесно. Здравје и совет Оддалечете се од непријатните места и луѓе. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние во стабилни врски денеска ќе поработат на својот еротски живот и така ќе настојуваат да се зближат со партнерот. Кариера Малите тековни задачи се решаваат добро , а денеска ве посматраат лица кои би сакале да вложат средства во она што го работите. Здравје и совет Обидете се да се наспиете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ја враќате романтиката во својата врска. Партнерот е воодушевен. Некои тоа го прават преку убава вечераз а двајца. Кариера Ќе прифатите секаква работа и ќе бидете благодарни што е така. Станувате свесни дека сте среќник кому нешто му се нуди. Здравје и совет Мали грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се чувствувате како да сте исфрлени од игра. Не тагувајте поради тоа , зашто ќе помине како што дошло. Кариера Не дозволувајте други да манипулираат со вас. Дури и кога ви упатуваат слатки зборови , не заборавајте кои се крутериумите на професионалност. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска на својата најдрага личност би можеле да и рааскажете цел еден роман. Внимавајте да запрете на време. Кариера Некои ќе заминат на кратко службено патување, каде ќе наидат на добра шанса за проширување на дејноста со која се занимаваат. Здравје и совет Претерувате со консумирања. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете почувствителни отколку вообичаено , па ќе ја покажете својата ранлива особина. Сепак , немојте да станете патетични. Кариера Вашите надредени денеска би можеле да покажат наклонетост кон вас , а таквиот став би можел малку да ве изненади. Здравје и совет Денот е создаден за убави работи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКејти Холмс во врска со 11 години помладо момче, уметникАмериканската актерка Кејти Холмс (47), поранешната сопруга на холивудскиот великан Том Круз, присуствуваше на гала-настанот на „Американскиот балетски театар“ во друштво на својот нов партнер, уметникот Џејсон Бард Јармоски. Двојката се појави заедно на настанот во Њујорк, а актерката не престануваше да се смешка додека позираа заедно. Нивното заедничко појавување привлече внимание, а се чини дека романсата помеѓу актерката и уметникот продолжува да се развива. Кејти Холмс изгледаше блескаво во елегантен фустан, придружувана од нејзиниот партнер облечен во костум. Кејти и Џејсон првпат беа поврзани во јули, кога беа фотографирани заедно на проекција на филмот „Поканата“ (*The Invitation*). Кратко потоа, тие се појавија држејќи се за раце на вечера организирана по повод отворањето на привремен простор на брендот „Ферагамо“ во Хемптонс. Засега, актерката нема кажано многу за нивната врска, но во интервју за списанието „Ел“ (*Elle*) откри дека таа и Џејсон имаат „сличен вкус“. Холмс исто така сподели неколку негови фотографии на социјалните мрежи, вклучително и објава за неговиот роденден во септември, во која го опиша како „најдобриот од најдобрите“.Тагови: Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Елегантната Ирина Шајк Таа е сонот на секој маж, а со ова издание покажа зошто луѓето „полудуваат“ по неа.Една од најбараните манекенки на светот руската убавица Ирина Шајк се појави на еден настан во Њујорк и покажа како блеска природната убавина. Дали можеби знаете за која убавица станува збор? Руската манекенка Ирина Шајк блесна на доделувањето на наградите „Иноватор“ (Innovator Awards) на списанието WSJ во Њујорк. За таа пригода, таа се одлучи за модна комбинација која, иако делува скромно, сепак открива многу. Како што може да се види, таа избра бела креација од јапонскиот бренд „Исеј Мијаке“ (Issey Miyake), која е дел од колекцијата за есен/зима 2026 година. Станува збор за структуриран фустан со корсет, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува витата фигура. Оваа минималистичка креација е украсена со интересни, лелеави детали во горниот дел, кои на целокупниот изглед на Ирина му дадоа женствена нота. Сепак, не смееме да го изоставиме отворениот грб – впечатлив елемент во дизајнот што на ова софистицирано, речиси ненаметливо издание му даде привлечна нота.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизПочина легендарниот хрватски пејач Мишо КовачНа 85 годишна вораст попладнево Почина легендата на балканската музичка сцена, хрватскиот пејач Мате Мишо Ковач –, човек кој продаде над 20 милиони носачи на звук во текот на кариерата што траеше речиси половина век.Веста за неговата смрт за хрватските медиуми ја потврдија извори блиски до пејачот. Мишо починал околу 15:30 часот во својот дом во Сплит. Пред смртта, тој изразил желба да биде погребан во Загреб. Покрај неговите безвременски хитови и бројни успеси, личниот живот на Мишо Ковач беше одбележан со голема трагедија. Деведесеттите години од минатиот век донесоа најтежок период за прочуениот пејач. Во 1992 година, неговиот шеснаесетгодишен син Еди почина во Загреб под нејасни околности. По смртта на Еди, Мишо Ковач одржа голем концерт насловен „Ноќ на свеќи“ (*Noć svijeća*) на стадионот „Пољуд“ во Сплит. Настапи пред 50.000 луѓе, а по концертот изјави дека повеќе нема да настапува. Сепак, тој не го одржа зборот. Покрај синот, во 1990-тите години тој ги загуби и мајка си и помладиот брат. По неколкугодишна борба со депресијата, Мишо се обиде да изврши самоубиство во Загреб во 1999 година, но преживеа. Подоцна, тој се врати со концерт во Спортскиот центар, сними нови албуми и дуети со својата ќерка Ивана, а повторно победи и на Сплитскиот фестивал. Од тој период најмногу се издвојува песната „Далматино“. Во 2012 година, тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter