МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ХороскопДневен хороскоп за 3. октомври 2025 година Дневен хороскоп за петок, 3. октомври 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат. Кариера Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа. Здравје Здружете се со младите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво. Кариера Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното. Здравје Игнорирајте го немирот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете. Кариера Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата. Здравје Поминете си убаво. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата. Кариера Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи. Здравје Почнете да вежбате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот. Кариера Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови. Здравје Преиспитајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи. Кариера Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија. Здравје Ќе ви олесни. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос. Кариера Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот. Здравје Немате причина за страв. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека. Кариера Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине. Здравје Одморете се за утре. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични. Кариера Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите. Здравје Денеска сте возач различен од сите други. Рак 22.6-22.7. Љубов Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него. Кариера Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис. Здравје Вежбајте јога. Лав 23.7-22.8. Љубов Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. Кариера Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Здравје Верувајте во подобро утре. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот. Кариера Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката. Здравје Аплаузот е загарантиран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МакедонијаМВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапкаСВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело "насилство" по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. П.А. е лишен од слобода и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Скопје за кривично правниот настан поднесена е кривична пријава по брза постапка. Во врска со насилството полициски службеници од СВР Скопје во полициска станица ги приведоа и М.М.(18) и Д.П.(18) двајцата од Скопје. Воедно СВР Скопје продолжува со повикување на лица кои ќе се утврди дека биле учесници на слученото насилство и против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. МВР апелира до навивачките групи за фер и спортско однесување, а од страна на полицијата нема да биде толерирано ниту едно насилство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава „Макфест“ ја затвори 41. фестивалска приказнаСо две фестивалски вечери, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден од најзначајните настани во македонската забавна музика. Финалната вечер понуди 18 композиции, од кои шест беа избрани на првата фестивалска вечер, додека останатите 12 беа нови музички премиери. Во продолжението на натпреварувачката програма настапија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска, кои со своите композиции повторно застанаа пред публиката. Посебна димензија на втората вечер ѝ даде присуството на афирмирани македонски музичари, од кои дел по подолга пауза повторно се вратија на сцената на „Макфест“. Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков беа дел од музичката програма, носејќи различни интерпретации, стилови и генерациски искуства. Меѓу впечатливите моменти на вечерта беше и нејзиното отворање, со потсетување на еден од препознатливите макфестовски хитови - „Ти ме сакаш знам“, на Јован Јованов и Маја Саздановска. Водителите Димитар Атанасовски и Марјана Станојковска ја отпеаја песната, додека Атанасовски ја збогати изведбата со придружба на виолина, создавајќи убаво музичко потсетување на фестивалските хитови што продолжуваат да живеат низ годините. На сцената се случи и уште една интересна музичка средба - Јован Јованов и Тони Зен се претставија со новата композиција „Уште ми требаш“, со што ја продолжија приказната на некогашниот хит „Итно ми требаш“. Во текот на вечерта, на сцената се обрати и Слаткаристика, кој сподели дел од своето лично искуство со пелтечењето, охрабрувајќи ги сите што се соочуваат со овој предизвик да продолжат да сонуваат и да работат на остварување на своите цели. Тој упати и порака за поголемо разбирање и прифаќање, потсетувајќи дека лицата што пелтечат имаат многу што да кажат и заслужуваат да бидат слушнати. Во рамките на овогодишното издание беше доделено и признанието за најслушана песна во периодот меѓу двата фестивала, кое ѝ припадна на Лара Иванова за хитот „Доминантен“. За младата пејачка, ова признание има дополнителна симболика, бидејќи токму на макфестовската сцена во 2019 година го имаше својот прв фестивалски настап. Со наградата уште еднаш се потврди и присуството на македонската музика во секојдневното слушателско искуство. 41. издание на фестивалот започна со вечер посветена на новите музички имиња, на која 15 изведувачи и музички состави ги претставија своите авторски композиции. Настапија Анастасија Спасевска, Драгана Јовановска, Девана, Kaly и Гоки, Санела Шукриевска, Ненад Вржалски, „Три пати на ден“, Дорис Ди, „Арте-Факт“, Ана Цамбулева, Доно, Тамара Грујеска, Теа Златева, Марија Наумоска и Елена Наумова. Ревијалниот дел од првата вечер го одбележа Антониа Гиговска, која во поинакво, интимно музичко издание интерпретираше дел од своите песни и познати макфестовски хитови. Посебен емотивен момент беше и музичкиот омаж посветен на Владо Јаневски, со кој беше оддадена почит на авторот и изведувач чии песни се вградени во македонската забавна музика. Со ова издание, „Макфест“ уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што ги поврзува афирмираните музичари со новите автори и изведувачи. Двете вечери понудија вкупно 27 нови композиции, што е значаен придонес кон домашната музичка продукција и можност за создавање нови песни што допрва ќе го бараат својот пат до слушателите. По 41 издание, вредноста на „Макфест“ не се мери само преку песните што низ годините станале евергрини, туку и преку континуитетот во создавањето нова музика и отворањето простор за генерации што доаѓаат. Тагови: Макфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ЕвропаКулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во ГерманијаХаос на улиците во Франција. Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот. Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица. Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети. Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо. Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци . Немири и насилства имаше и на улиците во Германија. Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата. По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје. Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе. Тагови: протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48