Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ХороскопДневен хороскоп за 3. октомври 2024 година Дневен хороскоп за четврток, 3. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе продолжите да се забавувате како да не постѕојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од се и да останете насмеани. Кариера Во работните задачи со млади , ќе откриете инвентивни идеи , кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред. Здравје и совет За спортистите денеска е добар ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Саканата личност денеска најверојатно пријатно ќе ја изненадите со некој готварски деликатес. Кариера Вашите колеги денеска ќе постигнат договор со шефовите без да ве прашаат, па сепак тоа ќе биде во ваша корист. Здравје и совет Немир и нервоза. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина ќе имаат потреба да излезат , да прошетаат , да сретнат интересни лица и со нив да споделат што им лежи на срцето. Кариера Во дејностите каде има слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите добро познати дејности ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Занимавајте се со она што го сакате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовните прашања денеска нека ве води вашата интуиција. Со таква помош , се ќе биде подобро и полесно. Кариера На многумина од вас денеска нема да им се работи . Расположението ќе ве води во неистражени подрачја и хобија. Здравје и совет Најдете златна средина. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ја пополнувате ваквата празнина. Кариера Со новите ,,стручни” планови и потези би можеле да бидат загрозени некои права на вашите колеги. Здравје и совет Помогнете им на послабите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Ако тоа ви е премногу комплицирано , почекајте. Кариера Ќе се обидете да се приберете и јасно да ги изразите своите намери . Ќе биде тоа чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Бидете прецизни. Овен 21.3-20.4. Љубов Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои сеуште се сами , нека не се откажат од додворувања. Кариера Следува добар развој на настаните поврзани со странска фирма или со партнери од странство. Здравје и совет Чувајте се од сопствената грубост. Бик 21.4- 20.5. Љубов Какошто ќе минува денот , се повеќе ќе сфаќате дека работите си доаѓаат на свое место. Тоа ќе ве направи среќни. Кариера Дернешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите киолеги на работното место. Најдете компромис. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов На сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска. Кариера Вашата деловна комуникација денеска одлично ќе се одвива . Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања. Здравје и совет Мали недоразбирања при договарањата. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку ви се пристори дека ви недостига страст во интимните односи , препуштете му се на партнерот. Саканата личност тоа ќе го надомести. Кариера Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Не се гржете, сето тоа ќе се врати од друга страна. Здравје и совет Движете се повеќе. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе увидат дека се вистински среќници и џдека во љубовта им се остваруваат бројните желби. Чувајте го тоа. Кариера Повеќето од вас денеска успешно ќе ја поврзат креативноста , интуицијата , стандардните работи и опуштениот пристап кон нив. Здравје и совет Ќе бидете комплетни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на малите внатрешни немири , вие денеска толку многу ќе блескате , што тоа ќе се пренесе на сите околу вас. Среќни сте. Кариера Ќе ги игнорирате анализите од претходниот период кои уште не се во целост готови и со сигурност ќе се посветите на денешните задачи. Здравје и совет Вие сте посилни од немирот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камеритеЦаринските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД. Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина ЦентарЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. ЈП ПОЦТагови: ЈП ПОЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter