Дневен хороскоп за 3. октомври 2021 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 3. октомври 2021 година

Дневен хороскоп за недела 3. октомври 2021 година. 

Дневен хороскоп за 3. октомври 2021 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние во подолги врски навистина ќе уживаат во секој момент на заедничкото секојдневие.

Кариера

Следуваат нови услови за работа на работното место Главно ќе ви одат на рака , па прифатете ги.

Здравје и совет

Можна е посета на козметичар.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Повеќето денеска ќе уживаат во својата голема способност да допрат до најсуптилните вибрации на чувствата.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип , денеска доаѓаат до завршување на една фаза во работата. Другите ќе мечтаат.

Здравје и совет

Слушајте ја интуицијата.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашата врска и денеска ќе се базира врз секс. На тој начин на партнерот ќе му се вовлечете под кожа.

Кариера

Ќе се потрудите околу некои спонзори со што ќе ја зацврстите финансиската структура на фирмата каде што работите.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои од саканите очекуваа да им дадат сигурност , денеска тоа ќе го дочекаат. Ќе бидат задоволни.

Кариера

Ќе им се заблагодарувате на своите соработници што ве следат и имаат доверба во вашите нови идеи.

Здравје и совет

Внимавајте на повреди.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Партнерот ќе покаже големо количество емоции ,што вие нема да можете да ја следите и да ја разберете.

Кариера

На дневен ред би можел да се најде нов договор за работа.Добро проучете ги деталите , па потоа донесете одлука.

Здравје и совет

Ќе има пријатни средби.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можно е денеска некој да ви искаже љубов или обратно.Ќе биде весело со доста искрени емоции.

Кариера

Ќе бидете креативни им оригинални.На оние кои имаат помалку интересна работа, ќе им треба начин за да се изразат.

Здравје и совет

Бидете сериозни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На многумина ќе им се чини дека ги води некоја невидлива рака кон уште поголема среќа.Или сте вљубени или се заљубувате.

Кариера

Вашата склоност да си поигрувате со луѓето не е секогаш пријатна. Луѓето се нешто повеќе отколку играчки.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои меѓу вас најверојатно ќе покажат чувства кон пријател што можеби ќе ги збуни нивните партнери.

Кариера

Очекуваната заштита би можела да се случи токму денеска .Ќе бидете подготвени за соработка, но ќе треба и да се докажете.

Здравје и совет

Немате грижи.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе почувствувате плима од емоции како расте во вас. Тоа ќе ви биде критериум за сите денешни случувања.

Кариера

На дневен ред ќе се најдат финансиите.Ќе разгледувате нови можности за заработувачка и зголемување на профитот.

Здравје и совет

Мала пречувствителност.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на прагот на љубовта, денеска ќе увидат дека токму тоа им се случува.

Кариера

Ќе се повикате на резултатите од претходната работа , кои не се за потценување.

Здравје и совет

Прифатете ги добрите намери на другите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не е лесно да се открие или признае грешка, но чесно е да се соочите . Размислете и постапете како што ви вели срцето.

Кариера

Ќе работите на стара задача што не е довршена.Ќе најдете начин да уживате во тоа.

Здравје и совет

Издржете.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Би можело да дојде до бесмислени надмудрувања околу доминација во личните односи. Воздржете се од тоа.

Кариера

Не се сомневајте во себеси.Ова е само преодна фаза низ која морате да поминете.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп гласаше на Флорида, па си залепи налепница (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп гласаше вчера на гласачко место во Флорида, заедно со неговата сопруга, првата дама Меланија Трамп, пред среднорочните избори во САД на 3 ноември.

Трамп гласаше на Флорида, па си залепи налепница (ВИДЕО)

Претседателот гласаше лично во Вест Палм Бич, недалеку од неговиот имот Мар-а-Лаго, каде што го поминува викендот. По гласањето, Трамп залепи на своето одело налепница со натпис „Јас гласав“. Критичарите претходно истакнаа дека Трамп претходно гласал по пошта, и покрај неговото противење на таков метод на гласање.

Анкети: Демократите треба да го преземат Претставничкиот дом

Пред среднорочните избори, Трамп се залагаше за построги правила за гласање по пошта, тврдејќи дека промените ќе помогнат во спречувањето на изборни измами. Критичарите го обвинуваат дека се обидува да ја ослабне поддршката за опозициските демократи, чии гласачи традиционално имаат поголема веројатност да гласаат по пошта.

Овие избори ќе одредат кој ќе ја има контролата врз Конгресот во текот на последните две години од претседателствувањето на Трамп. Републиканците на Трамп се надеваат дека ќе одбранат тесни мнозинства во двата дома на Конгресот.

Анкетите покажуваат дека демократите имаат добри шанси да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом. Се верува дека промената на владата ќе биде потешка во Сенатот, бидејќи се избираат само една третина од местата, но промената на контролата е сè уште можна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)

Александар Вучиќ, лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, гласаше утрово во Нов Белград. 

Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)

Тој пристигна на гласачкото место околу 8:05 часот со сопругата Тамара, а поради големата толпа, неговиот ред дојде дури по 10 часот наутро.

Вучиќ гласаше на гласачкото место број 140 во зградата на градинката „Тесла - Наука за живот“. Долга редица се формираше пред гласачкото место уште од рано наутро, па чекаше речиси два часа за да гласа заедно со другите граѓани.

Висок одѕив од утрово

Висок одѕив е забележан и на другите гласачки места во Србија. Според податоците од CeSID и Ipsos објавени од Europe Elects, одѕивот до 9 часот наутро по UTC бил 12 проценти, повеќе од двојно во споредба со истото време на парламентарните избори во 2023 година, кога изнесувал 5,2 проценти.

На денешните предвремени парламентарни избори се избираат 250 претставници, а на гласачкото ливче има 18 изборни листи. Право на глас имаат повеќе од 6,45 милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србите од Косово со автобуси и автомобили масовно заминаа да гласаат во Србија- застој на границата (ВИДЕО)

Голем број Срби од Косово и Метохија, кои сакаат да го остварат своето право на глас на вонредните парламентарни избори во Србија, рано утрово се упатија кон Србија, бидејќи не можат да гласаат во своите населени места.

Србите од Косово со автобуси и автомобили масовно заминаа да гласаат во Србија- застој на границата (ВИДЕО)

Србите од Лепосавиќ, Звечан, северна Косовска Митровица и Зубин Поток, како и од други српски заедници јужно од реката Ибар, вклучувајќи ги Грачаница, Штрпце и Косовско Поморавје, тргнаа да гласаат со автобуси и приватни автомобили, објави ТВ Мост.

На административните премини Јариње и Брњак се формираат големи толпи од правец на Косово и Метохија, бидејќи голем број Срби тргнаа кон Србија во раните утрински часови за да гласаат. Чекањето на преминот е повеќе од еден час, а многумина ја преминуваат границата пеш, објави ТВ Мост.

Србите за телевизијата изјавија дека не им е тешко да поминат неколку десетици, па дури и повеќе од сто километри, за да го остварат своето право на глас. Тие нагласија дека е важно да се зачува мирот, стабилноста и економскиот напредок и рекоа дека мора да бидат обединети во овие моменти.

Каде кој ќе гласа?

Според одлуката на Републичката изборна комисија на Србија, гласачите од Косово и Метохија ќе можат да гласаат во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин. За некои од нив, ова значи патување од повеќе од 150 километри во еден правец, пишува Телеграф.

Републичката изборна комисија одлучи како гласачите од Косово и Метохија ќе го остварат своето право на глас на вонредните парламентарни избори, бидејќи привремените приштински институции не им дозволуваат да гласаат во местата каде што живеат.

Гласачите од подрачјето на административниот округ Косовска Митровица, имено општините Лепосавиќ, Звечан, Косовска Митровица и Србица, гласаат во Рашка, додека гласачите од Зубин Поток гласаат во Тутин, а оние од Вучитрн гласаат на преминот Мердаре.

Во Тутин ќе гласаат и гласачите од Метохија, односно од општините на Пеќскиот округ (Исток, Пеќ и Клина) и на Призренскиот округ (Призрен, Сува Река, Ораховац, Гора и Опоље). Во Врање ќе гласаат жителите на Косовско-поморвскиот округ, кој ги опфаќа општините Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Витина.

Во Куршумлија своето право на глас ќе го остварат Србите од централниот дел на Косово, односно од Подуево, Обилиќ, Грачаница, Приштина, Липљан, Косово Поле, Штрпце и Урошевац.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер